2 Макавејска 9

9
Крајот на Антиох Епифан
(1 Мак 6,1-17; 2 Мак 2,11-17)
1Во исто време Антиох срамно се врати од персиските краишта. 2Тој беше навлегол во градот Пер­сепол, обидувајќи се да го ограби та­мошниот храм и да го преземе градот. Затоа народот се собра, грабна оружје и Антиох, подгонет од жителите на гра­дот, мораше срамно да се врати назад. 3#8,9-29; 8,30-32; 1 Езд 6,2; Јудита 1,1; Тов 3,7; 5,6Кога се доближи до Екбатана, раз­бра што се случило со војската на Ни­канор и Тимотеј. 4Тој, пламнат од бес, намисли да се одмазди на Јудејците за навредата од оние што го натерале на бегство, затоа му заповеда на коларот од неговата бој­на кола непрекинато да вози сѐ додека не стигнат. Но Небесниот суд веќе го следеше, зашто гордо беше рекол: „Од Ерусалим ќе направам гробишта за Јудејците штом ќе отидам таму.“ 5#Дела 12,20-23Но Севишниот Бог на Израилците го порази со неизлечива и невидлива рана: веднаш штом ги изрече тие збо­рови, го фатија неиздржливи болки во утробата и страшни внатрешни маки, 6наполно заслужено, зашто и тој им ги измачуваше утробите на другите со многу невидени болки. 7Но и тогаш од својата гордост не от­стапуваше, туку исполнет уште повеќе со неа и дишејќи со огнена ожес­то­че­ност против Јудејците, заповеда да вози уште побрзо, кога одеднаш падна од ко­лата и ги повреди сите делови од своето тело. 8#5,21; Ис 40,12; Јудита 16,17Оној, што мислеше со својата чо­веч­ка горделивост дека може да им заповеда на морските бранови и да ги измери планинските врвови, лежеше целиот искршен на земјата, од каде потоа го дигнаа на носилка, покажувајќи им ја на сите Божјата сила јавно; 9#Ис 14,11; 66,24; Сир 7,17; Дела 12,23зашто од телото на овој безбожник, уште додека беше жив, отпаѓаа парчи­ња месо, така што смрдеата од отпаѓа­њето и гниењето со мачнотија ја поднесуваше целата војска. 10Само пред малку мислеше да ги до­фати небеските ѕвезди, а сега веќе ни­кој, поради ужасната смрдеа, не може­ше да го истрпи. 11А сега, целиот скршен од болки, почна да попушта во својата гордост и под ударот на Божјиот камшик почна да му доаѓа умот, зашто маките негови стануваа сѐ понеиздржливи секој миг. 12Не можејќи ни самиот да ја издржи смрдеата на своето сопствено тело, тој призна, велејќи: „Право е човек да Му се покорува на Бога и, бидејќи е смртен, да не се изедначува со Бога!“ 13Овој безбожник Му се молеше на Бога, Кој не можеше веќе да го сака, 14и велеше: „Светиот град што брзав да го срамнам со земја и да го претворам во гробишта, го објавувам за слободен; 15#5 Мојс 28,26; 2 Цар 21,10; Пс 78,2Јудејците, кои имав намера да не ги удостојам ни со погреб, туку заедно со нивните деца да ги фрлам на граб­ли­ви­те птици и на ѕверовите, сите ќе ги из­едначам со атињаните; 16светиот храм, кој некогаш го ограбив, ќе го украсам со најскапоцени да­рови, ќе ги вратам сите свети садови, и тоа многу повеќе отколку што сум зел, а нужните расходи за жртвите ќе ги плаќам од моите лични приходи; 17и, освен тоа, и јас самиот ќе станам Јудеец, ќе го посетам секое населено место и ќе ја објавам Божјата сила.“ 18Но, откако болките никако не прес­тануваа, зашто врз него беше дошол ча­сот на Божјиот праведен суд, во таква очајна положба им напиша на Јудејците писмо со ваква содржина:
Писмото на Антиох до Јудеите
19„Царот и воениот заповедник Ан­тиох – на своите добри сограѓани, Јудеј­ците, им испраќам поздрави посакувај­ќи им здравје и добра среќа! 20Ако сте здрави вие и вашите деца, а работите ви одат како што треба, јас Му оддавам најголема благодарност на Бога, полн со надеж во небото. 21#11,28Но јас лежам болен и со љубов си спомнувам за вашата почит и благона­к­лонетост спрема мене. На враќање од Персија, тешко се разболев, па сме­т­ам дека е потребно да се погрижам за оп­штата сигурност на сите. 22Не очајувам, иако ми е состојбата многу тешка, цврсто се надевам дека се­пак ќе оздравам. 23#1 Мак 3,37Но, бидејќи знам дека татко ми, кога војуваше во горните краишта, си беше определил наследник, 24та, ако се случи нешто ненадејно, или некаква незгода, жителите на на­шата земја да знаат на кого му е оста­ве­но управувањето и да не се вознемиру­ва­ат; 25освен тоа, забележувајќи дека вла­детелите на околните држави, гледаат и чекаат да видат каков ќе биде крајот, јас го одредив за цар мојот син Антиох, кого за време на моите походи по горните земји често сум го препорачувал, а сум го претставувал и на повеќемина од вас, а и нему му напишав вакво писмо. 26Па така, ве молам да си спомните за добрините што сум ви ги направил по­дед­нак­во на сите вас, така што вашата благодарност спрема мене да ја пројавите и спрема мојот син. 27Јас сум уверен дека тој, следејќи ги моите желби, ќе постапува со вас добро и човечки.“ 28Така тој богохулник и убиец, от­ка­ко претрпе најтешки маки, какви знаел да им причинува на другите, својот жи­вот го заврши во туѓа земја, и со нај­тешка смрт. 29#5,22; 6,11; 8,8; 1 Мак 6,14; 6,55-63Неговото тело го пренесе Филип, неговиот пријател од детството, кој од страв пред Антиоховиот син, отиде во Египет, кај Птоломеј Филопатор.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

2 Макавејска 9: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល