2 Макавејска 8

8
Макавејското востание
1 # 5,27 Јуда Макавејски и оние што беа со него, почнаа тајно да одат по селата, да ги повикуваат роднините и да ги собираат сите што му останале верни на јудејството, па собра шест илјади мажи. 2#6,2-10Тие повикаа кон Господ да се смилува над народот што е измачуван од сите и над осквернетиот храм од безбожни­ците; 3#1 Мојс 4,10да се смилува над разурнатиот град, на кој му се заканува опасност да биде срамнет со земјата, да ја слушне крвта што вика кон Него; 4#1 Мак 1,25да си спомне за беззаконото погубу­ва­ње на невините младенци, за иска­жа­ните хулења против Неговото име и да се разгневи против лошите. 5И кога застана на чело на својата војска, Макавеј беше непобедлив за без­божниците, откако Божјиот гнев се претвори во милост. 6Напаѓаше ненадејно градови и села и ги гореше, заземаше погодни полож­би, победи многу непријатели и ги при­сили во бегство. 7Таквите напади најчесто ги правеше ноќе, а гласот за неговото јунаштво се раз­несуваше насекаде.
Никанор и Горгиј против јудејскиот род
(1 Мак 3,38–4,27)
8 # 4,45; 5,22; 6,8.11 Филип, гледајќи дека тој човек по­с­то­јано напредува, добива сѐ поголема сила и дека често има успех во сво­ите потфати, се обрати писмено до Пто­ло­меј, воениот началник на Келе-Си­ри­ја и Феникија за да му помогне во цар­ските работи. 9#1 Мак 3,34-36; 3,38-39Тој го одбра иканор, Патрокловиот син, еден од неговите први пријатели, и откако го постави на чело од најмалку дваесет илјади војници од разни народности, го испрати за да го уништи сиот јудејски род. Кон него го придружи и војсководецот Горгиј, искусен во воените работи. 10#1 Мак 8,7Никанор имаше намера од про­даж­бата на јудејските пленици да го испла­ти данокот од две илјади таланти што им го должеше на Римјаните. 11Затоа веднаш им испрати понуда на сите приморски градови за продажба на јудејски робови, ветувајќи им по дваесет пленици за еден талант; тој не знаеше каква казна го очекува од раката на Се­вишниот. 12На Јуда му јавија за доаѓањето на Никанор; тој ги извести оние што беа со него, за војската што се приближува; 13#5 Мојс 20,8тогаш се разбегаа страшливците и оние што не веруваа во Божјата правда, ги напуштија своите места. 14А други, пак, продаваа сѐ што имаа со себе, и Му се молеа на Господ да ги избави од нечесниот Никанор, кој ги продал уште пред битката, 15#Ер 14,9ако не заради нив, тогаш барем за­ради заветот со нивните татковци и заради тоа што се именуваат со Него­во­то свето и славно име. 16Тогаш Макавеј ги собра оние што беа со него, на број шест илјади луѓе и почна да ги охрабрува да немаат страв од непријателите, од множеството нез­набошци, кои неправедно ги напаѓаат, туку храбро да се борат, 17имајќи ја предвид престапната навреда на Светото место, уривањето на изложениот на поруга град и униш­тувањето на прадедовските обичаи. 18#Пс 19,7Зашто, велеше тој, „Тие имаат вер­ба во своето оружје и во својата храб­рост, а ние имаме верба во Сесилниот Бог, Кој со едно замавнување може да ги собори тие што доаѓаат против нас и сиот свет.“ 19#15,22; 4 Цар 19,35-36; Ис 37,36-37; 1 Мак 7,41Тој им раскажа и за помошта што ја добиле нивните прадедовци и како под Сенахирим биле убиени сто осумдесет и пет илјади луѓе, 20за битката во Вавилон против Га­латјаните, кадешто се бореле осум илјади луѓе со помош на четири илјади Ма­кедонци, па кога Македонците се нашле во неволја, само тие осум илјади убиле сто и дваесет илјади луѓе, благодарејќи на помошта од Небото, и добиле голем плен. 21Кога со вакви зборови ги охрабри и ги подготви да бидат готови да умрат за законите и за татковината, тој ја раз­де­ли војската во четири дела, 22#1 Мак 2,2-5поставувајќи ги своите браќа за началници на секој од овие делови; Си­мон, Јосиф и Јонатан и на секого од нив му довери по илјада и петстотини души. 23#12,20.36; 1 Мак 3,48Потоа му нареди на Елеазар да чи­та од Светата книга, па, откако го поздрави со зборовите „Со Божја помош!“ застана на чело од предниот дел и влезе во бој со Никанор. 24Бидејќи помошник во борбата им беше Сесилниот, тие убија повеќе од де­вет илјади непријатели, а поголемиот дел од Никаноровата војска ја ранија и осакатија; сите други се разбегаа. 25Им ги зедоа парите и на оние што беа дошле да ги купуваат, ги гонеа на голема далечина, но се вратија, зашто немаа време; 26бидејќи тоа се случуваше на денот наспроти сабота, затоа и не продолжија да ги гонат. 27Откако го собраа оружјето и го соб­раа пленот, тие ја празнуваа радосно саботата, благодарејќи Му на Господ и прославувајќи Го затоа што ги спаси во тој ден и што почна да им ја покажува Својата милост. 28Откако ја отпразнуваа саботата, од пленот одделија за сакати, вдовици и сираци, а остатокот го разделија помеѓу себе и своите деца. 29Штом ја свршија сета таа работа, се собраа на заедничка молитва, молејќи Му се на милосрдниот Господ наполно да се измири со нив – Своите слуги.
Поразот на Тимотеј и на Вакид
30 # 1 Мак 5,6-44; 7,8-20 А од оние, кои под водство на Ти­мотеј и Вакид заедно ги нападнаа, тие убија дваесет илјади луѓе и лесно ги освоија нивните високи тврдини; тогаш разделија уште многу плен на еднакви делови меѓу себе, меѓу сакатите, вдови­ците, сираците и меѓу народните старе­шини. 31Кога го собраа сето оружје и гриж­ливо го подредија на пригодни места, другиот плен го однесоа во Ерусалим. 32#12,10Го убија и водачот на Тимотеевите одреди, најбезбожниот човек, кој им причини многу маки на Јудејците. 33#1,8; 1 Мак 1,31Потоа, празнувајќи ја победата во својата татковина, го изгореа Калистен и некои други, кои ја беа изгореле светата врата, и беа избегале во една куќа; така и тие претрпеа достојна казна за светогрдието.
Понижувањето на Никанор
34А оној, тројниот злосторник Ника­нор, кој беше довел три илјади трговци да купуваат Јудејци, 35со Божја помош, беше понижен од оние што ги потценуваше, беше прину­ден да ја соблече својата раскошна обле­ка, па како некој побегнат роб, оти­де по осамени патишта во Антиохија, крајно огорчен од поразот на својата војска. 36#3,36; 9,12; Дан 4,31; 6,27; Јудита 5,6-21Оној што беше ветил дека ќе им го исплати данокот на Римјаните од про­дажба на ерусалимските робови, мора­ше да разгласува дека Јудејците Го има­ат Бога за соборец, и дека остануваат неранливи затоа што им се покоруваат на законите дадени од Него.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

2 Макавејска 8: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល