2 Макавејска 10

10
Чистење на храмот
(1 Мак 4,36-61)
1За тоа време Макавеј и оние што беа со него, под водство на Господ, пак го зазедоа храмот и градот, 2и ги урнаа жртвениците и идолските храмови, изградени од туѓинците. 3#1,19–2,12Потоа го исчистија храмот, подигнаа друг жртвеник, и тогаш, откако до­бија искри преку удирање камен со ка­мен и од нив распалија оган, принесоа жртви, по тригодишен прекин, напра­ви­ја кадилница, свеќници и ставија лебови на трпезата за предложение. 4Откако го направија сето тоа, па­ѓајќи ничкум тие Му се помолија на Господ да не се најдат никогаш во такви неволји, туку ако некогаш повторно згрешат, Господ да ги казни милозливо и да не ги предава на богохулни и без­божни мачители. 5Чистењето на храмот се совпадна со истиот ден во кој беше и осквернувањето негово од незнабошците – во дваесет и петтиот ден од месецот кислев. 6#5,27Празнуваа весело осум дена, како и на празникот Сеници, спомнувајќи како пред извесно време го поминувале овој свет празник, како ѕверови по гори и пештери. 7#3 Мојс 23,40Затоа, носејќи стапови, обвиени со бршлен, зелени гранчиња и палми, Му благодарија и Го прославуваа Оној, Кој им помогна да го исчистат местото Негово. 8И тогаш заедно решија и со заповед наредија – сиот јудејски народ да го празнува овој празник три дена секоја година.
Владеењето на Антиох Евпатор
9Таков беше крајот на Антиох, на­ре­чен Епифан. 10#1 Мак 6,17А сега ќе ги изложиме настаните во времето на Антиох Евпатор, синот на оној безбожник, задржувајќи се само накратко на воените неволји. 11#1 Мак 3,32-33; 6,17Кога го презеде царството, тој му го предаде управувањето со државата на некој си Лисиј, главен воен управник на Келе-Сирија и Феникија. 12#4,45-46; 6,8; 8,8Птоломеј, наречен Макрон, прв се однесуваше праведно со Јудејците, па заради големите неправди што беа направени над нив, тој настојуваше со нив сите работи да ги заврши мирољубиво. 13Затоа беше наклеветен од прија­те­лите на Евпатор, па слушајќи дека го нарекуваат предавник, затоа што го на­пуштил Кипар, кој му беше доверен од Филопатор, и дека преминал кај Ан­ти­ох Епифан, па, откако немаше веќе чест и власт, се отру од очај и така го заврши својот живот.
Горгиј и идумејските тврдини
(1 Мак 5,1-8)
14 # 8,9; 12,32 А Горгиј, штом стана воен управител на оние места, држеше наемни вој­ски и постојано војуваше со Јудејците. 15Заедно со него и Идумејците, кои имаа тврдини на добри положби, ги обеспокојуваа Јудејците, и прифаќајќи ги ерусалимските бегалци, настојуваа да одржуваат постојана воена состојба. 16Макавеј и оние што беа со него, мо­лејќи Му се на Бога да им биде помош­ник во војната, ги нападнаа идумејските тврдини. 17И, откако ги нападнаа силно, ги за­зедоа тие места, им се одмаздија на си­те, кои се бореа на ѕидините, униш­тувајќи ги сите што ги среќаваа, а убија не помалку од дваесет илјади луѓе. 18Не помалку од девет илјади луѓе побегнаа во две добро утврдени кули, снаб­дени со сѐ што е потребно против опсадата. 19#8,22; 1 Мак 5,17Оставајќи ги Симон и Јосиф, а и За­хеј со доста луѓе за да ја продолжат оп­садата, Макавеј самиот отиде на такви места, каде што беше повеќе потребен. 20А оние што беа со Симон, поради нивното среброљубие, дозволија да би­дат поткупени од оние што беа оп­садени во кулите, па, откако добија седумдесет илјади драхми, им овозмо­жија на некои од нив да избегаат. 21Кога го известија Макавеј за она што се случи, тој ги собра народните старешини и пред нив ги прекори, ве­лејќи им дека за пари ги продале своите браќа со тоа што ги пуштиле непријателите против нив. 22Затоа нареди да бидат погубени ка­ко предавници и веднаш потоа ги зазеде двете кули. 23Имајќи успех во оружјето, кое беше во неговите раце, во тие две тврдини из­би повеќе од дваесет илјади луѓе.
Победата на Јуда над Тимотеј
24 # 8,30 А Тимотеј, кој пред тоа беше победен од Јудејците, собра многубројна вој­ска од туѓинци и голем број коњаници од Азија и дојде до Јудеја со цел да ја завладее. 25#Ис.Н. 7,6; Ез 27,30Кога почна да се приближува, то­гаш оние што беа со Макавеј, се обра­тија со молитви кон Господ, главите си ги посипаа со пепел и се препашаа со вреќиште околу половината. 26#2 Мојс 23,22Паѓајќи ничкум пред подножјето на жртвеникот, тие Му се молеа на Бога да биде милостив спрема нив, да им биде непријател на нивните непријатели и противник на нивните противници, ка­ко што се вели во Законот. 27Откако завршија со молитвата, го зедоа оружјето и отидоа далеку од гра­дот, а кога се приближија до непријателите, тие застанаа. 28Штом почна сонцето да излегува и едните и другите влегоа во бој: едните беа убедени дека ќе победат затоа што беа храбри и затоа што имаа верба во Господ, а другите – го поставија гневот за предводник во битката. 29#3,25-26; 5,2-3Кога започна битката, на против­ни­ците им се покажаа од небото петмина прекрасни мажи на коњи со златни уз­ди, а двајца од нив ги предводеа Јудеј­ци­те; 30#Ис.Н. 10,11; Ис 30,30-31тие го зедоа Макавеј помеѓу себе за да го запазат неповреден со своето оружје, а на противниците фрлаа стрели и молњи, така што тие беа заслепени и збркани од страв, па почнаа да се убиваат едни со други. 31Беа убиени дваесет илјади и петстотини пешаци и шестотини коњаници. 32#1 Мак 13,43Самиот Тимотеј избега во тврдината, наречена Газир, која беше мошне добро укрепена, а со неа управуваше Хереј. 33Макавеј и оние што беа со него, со радосен занес ја опсадуваа тврдината четири дена. 34Оние, пак, што беа во тврдината, уверени дека таа е недостапна, им воз­враќаа со лоши и срамни зборови. 35Петтиот ден, кога се зазоруваше, дваесет момци од војската на Макавеј, пламнати од гнев поради срамните зборови, храбро се искачија на ѕидините и со страшна лутина ги убија сите што ги видоа. 36Набргу потоа и други навлегоа во тврдината, опфатени од истиот гнев, ги палеа кулите, па, откако запалија кла­ди, живи ги гореа богохулниците; други ја искршија портата, така што навлезе сета војска и ја освоија тврдината. 37А Тимотеј, кој се беше сокрил во една јама, го убија, како и неговиот брат Хереј и Аполофан. 38Откако го извршија тоа, почнаа со песна и химни да Му благодарат на Гос­под, Кој му направи на Израил толку голема добрина и им подари победа.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

2 Макавејска 10: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល