3 Ездра 9
9
Има знаци и сили, за времето кога Сесилниот ќе го посети светот
1Тој ми одговори и рече: „Кога го мериш времето, мери го во себеси, и кога ќе видиш изминал еден дел од веќе посочените знаци, 2#Мт 24,33; Мк 13,29; Лк 21,31; 3 Езд 5,56; 6,18тогаш ќе разбереш дека е тоа точно времето кога Севишниот ќе почне да ги посетува Своите созданија од Неговиот свет. 3#Мт 24,7; Мк 13,8; Лк 21,10.11Кога во светот ќе се појават земјотреси, бунтови кај народите, 4#Мт 24,33; Мк 13,29; Лк 21,31тогаш ќе разбереш дека за тоа говорел Севишниот уште во деновите пред тебе, во почетокот. 5Како сѐ, што е создадено во светот, има свој почеток и крај, така и свршетокот бива јавен, 6така и времињата на Севишниот имаат почеток, кој се открива преку чудеса и сили, и крај, кој се појавува преку дејства и знаци. 7#8,33; 13,23; Рим 3,28Секој, што ќе се спаси и успее преку своите дела и верата, во која верувате, да избегне од горе споменатите зла, 8#6,25; 12,34; 13,48ќе остане и ќе го види спасението од Мене во Мојата земја и во Моите предели, кои сум ги осветил уште пред вековите. 9#Мудр 5,2Тогаш ќе зажалат оние, кои отстапиле сега од Моите патишта и оние што ги отфрлиле со презир; тие ќе бидат во маки. 10#Лк 16,25Оние, кои во животот добиваат добрини, а не Ме познаа, 11#8,56го пренебрегнуваа Мојот закон, не го разбраа, туку го презреа, кои беа уште слободни и кога им беше уште отворено место за покајание, 12тие ќе Ме познаат по својата смрт, во маките. 13#1 Кор 3,22; 3 Езд 6,55Тие не беа повеќе љубопитни за тоа како ќе се спасат непобожните, туку испитуваа како и кога ќе се спасат праведните, на кои им припаѓа и заради кои постои светот.“ 14Јас одговорив и реков: 15#8,1„Понапред говорев, а и сега кажувам, и потоа ќе говорам, дека оние што ќе загинат, се повеќе од оние што ќе се спасат – како бранот што е повеќе од капка.“ 16Тој ми одговори и рече: 17#1 Кор 3,12-15„Каква е нивата, такво е и семето; какви се цвеќињата, такви се и шарките; каков е работникот, таква му е и работата; каков е земјоделецот, такво е и обработувањето; зашто тогаш беше времето на векот. 18Кога го приготвував светот, пред да биде живеалиште на оние што сега живеат во него, тогаш никој не Ми се противстави. 19#Пс 22,5; 77,19; Рим 11,33А сега, кога овој свет беше создаден, обичаите на создадените се расипаа при богата жетва и неиспитан закон. 20#1 Мојс 6,12Јас го разгледав светот: и, ете, се покажа опасност од замисли, кои се појавија во него. 21#5,23Го видов и го поштедив; запазив за Себеси едно зрно од гроздот и еден од многуте садови. 22Нека загине множеството што се родило попусто; нека се запазат Моето зрно и Мојот сад, кои ги одгледав со голем труд. 23#6,35А ти, кога изминат другите седум дена, но без да постиш во тоа време, 24#10,32; 12,51и кога ќе излезеш во расцутеното поле, каде што нема изградено куќа, па почнеш да се храниш само со полски цвеќиња, без да јадеш месо, нити да пиеш вино, туку само со цвеќињата, 25моли Му се непрестајно на Севишниот, и Јас ќе дојдам и ќе ти говорам.“
ЧЕТВРТО ВИДЕНИЕ
Законот останува
26И, како што ми рече, јас отидов во полето, кое се нарекува Ардат, седнав таму меѓу цвеќињата и јадев од полските треви и храната од нив ме наситуваше. 27#5,21; 6,36; 6,37По седумте дена јас лежев во тревата, и срцето мое пак се вознемируваше, како и порано. 28#14,41Устата моја се отвори и јас почнав да говорам и реков: 29#2 Мојс 19,9; 24,10; Ер 2,6„О, Господи, Ти Кој сега ни се јавуваш нам, им се јавуваше и на нашите татковци во непроодната и бесплодна пустина, кога излегоа од Египет, 30тогаш си рекол: Слушај ме, Израиле; семе Јаковово, внимавај на моите зборови. 31#8,6Ете, јас го сеам Мојот закон во вас, тој ќе роди во вас плод; ќе се славите вечно во него.“ 32#Дела 7,53; 3 Езд 14,30; 9,37Но нашите татковци, кога го примија законот, не го исполнија и не ги запазија Твоите заповеди; макар што плодот од Твојот закон не загина, и не можеше да загине, зашто беше Твој, 33но загинаа оние што го примија законот, не запазувајќи го она што е посеано во него. 34Обично бива така, ако земјата примила семе, или морето кораб, или некој сад – храна или пијачка, па ако биде повредено она што е посеано или она во што е сместено, 35во таков случај загинува заедно и она што е посеано, поставено или изникнато, па пред вас нема да остане фатеното. Но со вас не бива така. 36Ние, кои го примивме Законот, грешејќи, загинавме; загинува и нашето срце што го прими; 37#9,32; Ис 40,8; Мт 5,18; Лк 16,17но Законот не загинува; тој останува во својата сила.
Видение за расплаканата жена
38 #
10,41.44; 1 Цар 4,12; Ест 4,1; Ис.Н. 7,6; Ест 5,1 Кога го говорев ова во своето срце, погледнав со моите очи и од мојата десна страна видов жена; ете, таа плачеше и офкаше со висок глас и силно страдаше душевно; облеката ѝ беше раскината и на главата имаше пепел. 39#10,5Тогаш ги оставив размислувањата, со кои бев зафатен, се свртев кон неа и ѝ реков: 40„Зошто плачеш и зошто страдаш душевно толку многу?“ 41Таа ми одговори: „Остави ме, господаре мој, да се оплакувам себеси и да ја удвојам мојата жалост; многу сум огорчена душевно и многу сум понизена.“ 42Јас ја прашав: „Што си претрпела? Кажи ми!“ А таа ми одговори: 43#10,45„Јас, твојата слугинка, бев неплодна; имав маж, но не раѓав триесет години. 44#1 Цар 1,10.11Секој час и секој ден, во тие триесет години, непрестајно Му се молев на Севишниот, 45#Лк 1,48; Лк 1,58по триесет години, Бог ме чу мене, твојата слугинка, ја виде мојата смиреност, ја слушна мојата тага и ми даде син; јас му се израдував многу, и мојот маж, и сите мои сограѓани, и многу Го прославивме Севишниот. 46Јас го одгледав со голем труд, 47#Тов 8,19; 11,18; Мт 22,2а кога порасна и реши да се жени, приредив свадбена гозба.“
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
3 Ездра 9: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: