3 Ездра 8
8
Бог ги спасува луѓето само по Својата милост
1 #
8,3; 9,15; Мт 7,14; Лк 13,24 Тој ми одговори и рече: „Севишниот го создаде овој свет за многумина, а идниот – за малкумина. 2#7,54; 10,9Ќе ти кажам, Ездра, една споредба. Како што земјата, ако ја запрашаш, ќе ти каже дека дава голема количина од која прават глинени садови, а малку прав, од кој се излива златото, така се и делата на овој свет. 3#8,3; 7,47; 9,15; Мт 7,14; Лк 13,24Многумина се создадени, но малкумина ќе се спасат.“
Ездра се моли за својот народ
4Јас одговорив и реков: „Душо, касни ја смислата и проголтај ја мудроста, 5зашто ти вети дека ќе слушаш и посака да пророкуваш, а времето ти е дадено само да живееш. 6#9,31; Мт 13,23; Мк 4,20.26.27; Лк 8,15О, Господи, нема ли да ми дозволиш мене, на Твојот слуга, да се помолам пред Тебе да му дадеш на нашето срце семе, и на разумот наш очистување, за да даде плод, од кој би можел да живее секој распадлив, што ќе го носи името човек? 7#Ис 45,9; 64,8Ти си еден, а ние сме единственото создание на Твоите раце, како Ти што рече. 8#Пс 138,13-16; 7,7Но, како сега во мајчината утроба се образува телото, а Ти му ги даваш членовите? Како се запазува Твоето створение во огнот и во водата, и како, Твоето создание ја трпи девет месеци Твојата творба во себеси, зашто е создадена во неа? 9И она што пази, и она што е пазено, се запазуваат и едното и другото, а утробата на мајката истовремено го враќа запазеното, кое израснало во неа. 10Ти си заповедал од самите делови, односно од градите, да се дава млеко – плод од градите. 11До извесно време да се храни создаденото, а потоа го предаваш на Твојата милосрдност. 12Ти си го воспитал со Твојата правда, си го научил на Твојот закон и со Твојот разум си го поучил, 13#Рим 8,13; Кол 3,5; Рим 8,11; Ефес 2,1и ќе го умртвиш како Свое создание, и пак како Свое дело ќе го оживееш. 14#Јов 10,8; Пс 88,47Ако Ти го погубиш создаденото со таква грижа, по Твоја заповед лесно е да се уреди: она што било создадено – да се запази. 15И сега, Господи, ќе кажам: за секој човек Ти знаеш повеќе; но ќе кажам за Твојот народ, за кој страдам, 16за Твоето наследство, за кое пролевам солзи, за Израил, за кој жалам, за Јаков, за кого боледувам. 17#7,46Ќе почнам да се молам пред Тебе за себеси и за нив, зашто го гледам нашето паѓање во грев, во кое паднавме ние што живееме на земјата. 18#8,61; Мал 3,5; Јк 5,9; Откр 22,12Но јас чув дека набргу ќе дојде Судијата. 19#6,26; 14,9Затоа чуј го мојот глас, послушај ги моите зборови; јас ќе говорам пред Тебе.“ Почетокот на зборовите на Ездра пред да биде земен. 20#1 Птр 1,23; Пс 103,3Јас реков: „Господи, Ти Кој живееш вечно, Чии очи се управени кон највисокото и небесното. 21Чиј престол е непроценлив и Чија слава е недостижна, пред Кого со трепет стојат ангелските воинства, кои Ти служат и како ветар и како оган, чиј збор е вистински и Чиј говор е неизменлив, 22#Пс 103,4; Евр 1,7Чија повелба е силна и Чие владеење – страшно. Чиј поглед ги пресушува бездните и Чиј гнев растопува гори и Чија вистина живее вечно, – 23#Пс 73,15; Наум 1,4; 2 Цар 22,16; Наум 1,5; Пс 103,32чуј ја молитвата на Твојот слуга, послушај ја молбата на Твоето создание! 24Додека сум жив, ќе говорам, додека разбирам – ќе одговарам, не загледувај се во гревовите на Твојот народ, туку во оние што вистински Ти служат! 25Не гледај ги со внимание безбожните дела на незнабошците, туку на оние, кои ги запазија Твоите завети и во неволји! 26Не мисли за оние, кои лажливо постапуваат пред Тебе, а спомни си за оние, кои, по Твоја волја, познаа што е страв. 27#1 Мојс 18,23-25не погубувај ги оние, што живееле животински, а погледни кон оние, кои учеа јасно за Твојот закон. 28Не гневи се против оние, кои се познати дека се полоши од ѕверови, 29#Пс 48,20а возљуби ги оние, кои секогаш се надеваат во Твојата правда и слава. 30Зашто ние и нашите татковци од такви болести страдаме; 31#7,49а Ти, заради нас грешните, милосрден ќе се наречеш. 32#Тит 3,5Ако посакаш да нѐ помилуваш, ќе се наречеш милосрден, зашто ние немаме праведни дела. 33#9,7; 13,23А праведните, кои придобиле многу дела, по своите дела ќе добијат награда. 34Што е човекот, за да се гневиш на него, и овој расипан род, за да се огорчуваш од него толку? 35#4,38; 7,68; 2 Лет 6,36; Пс 13,2.3; 52,2.3; 3 Цар 8,46Навистина, нема никој меѓу родените, а да не постапил нечестиво; нема ниеден од оние што веруваат во Тебе, а да не згрешил. 36Господи, токму во тоа ќе се пројави Твојата правда и Твојата добрина, кога ќе ги помилуваш оние што немаат вистински добри дела.“ 37Тој ми одговори и ми рече: „Ти кажа нешто справедливо, па, според тоа како што рече, така и ќе биде. 38Зашто Јас не мислам за делата на оние созданија, кои згрешиле пред смртта, пред судот, пред загинувањето; 39#7,60; 16,40; 1 Птр 2,11; 1 Мојс 47,9; 3 Езд 13,56туку им се радувам на подвизите од праведниците, си спомнувам како странствувале, како се спасувале и се труделе да заслужат награда. 40Како што реков Јас, така е. 41#8,1Како што земјоделецот сее во земјата многу семиња и сади многу растенија и не сѐ што е посеано, се запазува по извесно време, и не сѐ што е насадено, фаќа корен, така исто, и не сите што се посеани во овој век – ќе се спасат.“ 42#4,44Јас одговорив и реков: „Господи, ако сум придобил благодат ќе говорам. 43Како што семето на земјоделецот, ако не изникне, или навреме не го прими Твојот дожд, или се расипе од многу дожд, па загине, 44#1 Мојс 1,26.27; 3 Езд 6,55така е и со човекот, создаден од Твоите раце; Ти се нарекуваш негова праслика, затоа што си подобен на него; Ти си создал за него сѐ, за него што Ти го спореди со семето на земјоделецот. 45#Јоил 2,17; Ест 4,17Не гневи се против нас, но поштеди го Твојот народ и смилувај се на Твоето наследство, зашто си милосрден спрема Своето создание.“ 46Тој ми одговори и рече: „Сегашното е за сегашните, а идното е за идните. 47#5,33Ти недостасува многу, за да можеш да го сакаш Моето создание повеќе од Мене, иако често сум се доближувал до тебе, и никогаш – до неправедните. 48Но и по тоа ти си прекрасен пред Севишниот, 49затоа што си се смирил, како што ти прилега и не си мислел на себеси така, за да те слават меѓу праведниците. 50#12,23.24Многу и тешки неволји ќе ги постигнат во последно време оние што го наследуваат овој свет, зашто се однесуваат многу горделиво. 51#8,62; 4,36А ти грижи се за себеси и барај слава за оние што се слични на тебе; 52#4,7; 2,12; 1 Кор 3,22; 3 Езд 8,1; 7,26; 10,27; 13,36; Евр 11,16; Откр 21,2.10.14; 22,14; Откр 14,13зашто за вас е отворен рајот, насадено е дрвото на животот, предназначено е идното време, изобилството е подготвено, градот е изграден, живеалиштата се приготвени – совршената добрина и совршената мудрост. 53#Откр 20,14Коренот на злото е запечатен за вас, немоќта и гниењето се сокриени од вас, и расипаноста бега во адот, за да биде заборавена. 54#Откр 21,4Изминаа болестите и на крајот се покажа тајната на бесмртноста. 55Не труди се повеќе и не испитувај колкаво е множеството на оние што загинуваат. 56#9,11Зашто, откако добија слобода, тие го презреа Севишниот, законот Негов го занемарија и ги оставија Неговите патишта, 57а и Неговите праведници ги згазија, 58#7,23; Пс 13,1; 52,1и во срцето свое си велеа: нема Бог, иако знаеја дека се смртни. 59#Лк 16,24; Ез 18,22; Мудр 1,13Како вас што ве очекува она, за кое пред малку се кажа, така и нив ги чека – жед и маки, кои се приготвени. Бог не сакаше да го погуби човекот, 60#Рим 1,21; 2 Тим 3,2но и самите созданија Го осквернија името на Оној, Кој ги создал, и се покажаа неблагодарни кон Оној, што им приготвил живот. 61#8,18Затоа судот Мој сега наближува; 62#7,44; 14,9ова не сум им го открил на сите, а само на малкумина, слични на тебе.“ Јас одговорив и реков: 63#4,52; 5,1„Господи, ете, сега Ти ми покажа многу знаци, што ќе почнеш да ги правиш при крајот, но не ми кажа – кога.“
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
3 Ездра 8: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: