3 Ездра 6
6
Бог го создаде светот и сѐ што е во него
1 #
Изреки 8,23-25; 1 Мојс 1,1 Тој ми рече: „Од почетокот на создавањето на земниот круг и пред да бидат установени границите на светот, пред да дувнат ветровите; 2#4,7пред да се чујат гласовите на громот, пред да болскотат секавиците, пред да се утврдат основите на рајот; 3#6,44; Евр 12,22пред да се појават убавите цвеќиња, пред да се утврдат подвижните сили, пред да се соберат безбројните ангелски војски; 4#6,41; 1 Мојс 1,6.7; 1 Лет 28,2пред да се издигнат воздушните височини, пред да се одмерат размерите на небесниот свод, пред да се запалат огновите на Сион; 5#2,38; Мт 6,20пред да бидат истражувани годините, пред да бидат одделени оние што грешат сега и да бидат запазени оние што ја чувале верата како ризница, 6тогаш Јас помислив и сѐ создадов Самиот, а не преку друг; исто така од Мене ќе дојде и крајот, а не од некој друг.“ 7Тогаш прашав: „Каква е поделбата на времето, и кога ќе биде крајот на она што е прво и почетокот на последното?“ 8#1 Мојс 17,5; 1 Мојс 25,26; Ос 12,3Ми одговори: „Од Авраама дури до Исака, кога од него се родија Јаков и Исав, кога раката на Јаков ја држела петата на Исав. 9Крајот на овој век е Исав, а почетокот на идниот е Јаков. 10Раката на човекот е неговиот почеток, а петата – неговиот крај. За друго, Ездра, не прашувај ме.“
Знаци за крајот
11 #
4,38; 4,44 Јас пак му одговорив и реков: „О, Господи Владетеле, ако сум придобил благодат пред Твоите очи, 12#5,1-13Ти се молам, покажи му го на Твојот слуга крајот на Твоите знаци, од кои ми покажа дел минатата ноќ.“ 13#10,33; Ез 2,1.2; Дан 8,18; 6,17; Дан 10,6Тој ми одговори и рече: „Стани на нозе и слушај го гласот, што ќе биде исполнет со шум, 14#6,29и ќе прилега на земјотрес, но местото, каде што стоиш, нема да се помести. 15Затоа, кога тој ќе говори, не вчудовидувај се; ќе говори за свршетокот, и ќе разберат основите на земјата. 16#3,18А бидејќи станува збор за нив, земјата ќе затрепери и ќе се расклати, зашто знае дека нивниот крај треба да се измени.“ 17#14,2; 6,13; Ез 1,24; 43,2; Откр 1,15; 14,2; 19,6Кога го чув гласот, станав на нозе и слушнав и, ете, гласот говореше, а шумот беше како шум од многу води, 18#5,56; 9,2и рече: „Еве, настануваат дни, кога Јас ќе почнам да се приближувам, за да ги посетам жителите на земјата; 19#Ис 40,2кога ќе почнам да барам од оние, кои преку својата неправда предизвикаа неправедно голема штета и кога ќе се исполни мерката на понижувањето на Сион. 20#4,26; Дан 7,10; Откр 20,12А кога ќе се одбележи векот, што ќе почне да изминува, еве ги знаците што ќе ги покажам: книгите ќе се отворат пред лицето на небескиот свод, и сите заедно ќе видат; 21и едногодишни деца ќе проговорат со своите гласови, а бремени жени ќе раѓаат тримесечни и четиримесечни недоносенчиња, кои ќе останат живи и ќе зајакнат; 22посеани ниви одеднаш ќе се покажат како непосеани и полни житници ќе бидат одеднаш празни; 23#Зах 9,14; Мт 24,31; 1 Кор 15,52; Амос 3,6потоа силно ќе затруби труба, и кога ќе ја чујат, сите веднаш ќе се уплашат. 24#5,9; Мт 24,30; Лк 21,26Тогаш пријатели ќе се вооружат против пријатели како непријатели; страв ќе ја опфати земјата заедно со нејзините жители, а жилите на сите извори ќе секнат и нема да течат. 25#Мт 10,22; 9,8Секој, кој по сето ова, што ти го претскажувам, ќе остане жив, ќе се спаси и ќе го види Моето спасение и крајот на вашиот век. 26#8,19; 14,9; Мт 16,28; Мк 9,1; Лк 9,27; Јн 8,52; Евр 2,9; Мал 3,23.24И ќе видат избраните луѓе, кои не доживеале смрт од своето раѓање; ќе се измени срцето на живите и ќе се претвори во друго чувство, 27зашто злото ќе се уништи и лукавството ќе исчезне; 28#7,34; 7,34верата ќе расцути, расипаноста ќе биде победена; ќе се појави вистината, која толку време остануваше без плод.“ 29#6,14Кога Тој говореше, јас го погледнав Оној, пред Кого стоев. 30А Тој ми рече: „Јас дојдов да ти го покажам времето на следната ноќ. 31#5,13.20; 13,56И така, ако се помолиш пак и ако постиш уште седум дена, повеќе ќе ти кажам од денот кога те чув. 32#10,39; 13,54; 16,54; Дан 10,12Севишниот го слушна твојот глас; Силниот го виде твоето правилно дејствување, ја виде чистотата што си ја пазел од својата младост. 33#Дан 9,23; 3 Езд 7,44Затоа ме испрати да ти го кажам сево ова и да ти речам: надевај се и не плаши се; 34#4,34; 5,44не брзај со првите времиња да мислиш за она што е суетно, за да не ти биде судено со таква брзина за последните времиња.“
ТРЕТО ВИДЕНИЕ
Зошто страда Божјиот народ
35 #
5,20; 5,13.20 Потоа јас пак со солзи се молев и пак постев седум дена, за да ги завршам трите седмици, кои ми беа заповедани. 36#5,21; 7,15; 9,27А во осмата ноќ моето срце одново се вознемири, и јас почнав да говорам пред Севишниот, 37#5,21; 7,15; 9,27зашто духот силно се возбуди и душата моја се измачуваше. 38#1 Мојс 1,1; Сир 42,15Тогаш реков: „Господи, уште во почетокот на создавањето Ти говореше; во првиот ден Ти рече: нека биде небо и Твојот збор стана дело совршено. 39#1 Мојс 1,2; 3 Езд 7,30Тогаш се издигнуваше Духот, а темнината опфаќаше сѐ наоколу и тишина, немаше уште звук на човечки глас. 40#1 Мојс 1,3; Пс 134,7Тогаш Ти заповеда од Твоите сокровишта да излезе изобилната светлина, за да го покаже Твоето дело. 41#6,4; 1 Мојс 1,6Во вториот ден го создаде воздухот и небескиот свод и заповеда водата да се оддели и да има прегради меѓу водите, така што еден дел од нив да се издигне угоре, а другиот да остане долу. 42#6,51; 1 Мојс 1,9; 3 Езд 6,50.52Во третиот ден Ти заповеда водите да се соберат во еден седми дел од земјата, а шесте делови ги исуши, за да служат пред Тебе за сеење и обработување. 43#6,38Твојот збор излегуваше и веднаш се појавуваше дело; 44#1 Мојс 1,11; 6,3одеднаш се појавија безбројно множество плодови и разновидни, пријатни за вкусот, цвеќиња, непроменливи во својот вид, со неизречиво пријатен мирис; сето тоа беше создадено во третиот ден. 45#1 Мојс 1,14-16Во четвртиот ден Ти заповеда да се појави светлината на сонцето и на месечината и распоредот на ѕвездите. 46И им заповеда да му служат на човекот, кој требаше да биде содаден. 47#1 Мојс 1,20; 3 Езд 6,50.52Во петтиот ден Ти му рече на седмиот дел, каде што беше собрана водата, да произведе животни, птици што летаат и риби, што беше и извршено. 48Немата и бездушна вода, на знак од Бога, произведе животни, за да ги кажуваат сите родови Твоите чудесни дела. 49#Јов 40,15; Пс 73,14Тогаш ти запази две животни: едното се нарекуваше Енох, а второто – Левијатан 50#6,42Ти го оддели едно од друго, бидејќи седмиот дел, каде што беше собрана водата, не можеше да ги собере заедно. 51#Јов 40,15; 3 Езд 6,42; Пс 49,10На Енох му го даде едниот дел од земјата и го запази, за да им служи за храна на оние, на кои Ти сакаш и кога сакаш. 52#Пс 73,14; 3 Езд 6,42а на Левијатан му го даде седмиот дел од водата и го запази, за да им служи за храна на оние, на кои Ти сакаш и кога сакаш. 53#1 Мојс 1,24А по шестиот ден Ти ѝ заповеда на земјата да произведе пред Тебе добиток, ѕверови и влекачи; 54#Мудр 9,2; 1 Мојс 1,26а потоа го создаде Адам, кого го постави за господар на сите Твои созданија, од кого произлегуваме сите ние и народот, кој Ти го избра. 55#7,11; 8,44; 9,13Господи, сето ова го реков пред Тебе, зашто Ти си го создал овој свет за нас. 56#Ис 40,17; Дан 4,32; Ис 40,15А за другите народи, кои произлегоа од Адам, Ти рече дека се ништо, дека се слични на плуканка и дека сето нивно множество Ти си го споредил со капки што капат од сад. 57#Ис 40,17; Дан 4,32; 4,20; 5,28; Ест 5,2А сега, Господи, ете, тие народи, за кои Ти рече дека се ништо, управуваат со нас и нѐ проголтуваат. 58#2 Мојс 4,22; Ос 11,1; Сир 36,12А ние, Твојот народ, кого го нарече Свој првенец, Свој единороден и возљубен, сме предадени во нивните раце. 59#6,55; Пс 73,10Ако овој свет е создаден заради нас, тогаш зошто не добиваме наследство во светов? И до кога ќе биде ова?“
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
3 Ездра 6: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006