3 Ездра 2

2
Најавување на подобра иднина за незнабошците
1 # 1,7; 1,32 Вака вели Господ: „Јас го изведов овој народ од ропство, му дадов за­поведи преку Моите слуги – пророците, кои народот Мој не сакаше да ги слуша и ги отфрли Моите совети. 2#Варух 4,8.12; 3 Езд 2,15.17.30; Варух 4,19; Варух 4,12; Ис 47,8.9Мајката што ги родила им вели: ‚Одете деца, зашто јас сум вдовица и напуштена. 3#Варух 4,11Јас ве одгледав со радост и ве от­пуштив со плач и со тага, зашто згре­шивте пред Господ, вашиот Бог и го из­вршивте она што е лошо пред Него. 4#Варух 4,17; Варух 4,12; Ис 47,8.9; Варух 4,21А сега што можам да направам за вас? Јас сум вдовица и напуштена; оде­те, деца, и барајте милост од Господ.‘ 5Оче, Тебе Те повикувам за сведок против мајката на синовите, кои не са­каа да го пазат Мојот завет; 6#Јудита 9,4; 3 Езд 1,34предај ги на засрамување, а мајката нивна – на распаѓање, за да исчезне нив­ниот род; 7#3 Мојс 26,33нека се распрснат нивните имиња меѓу народите и да се избришат од земјата, зашто го презреа Мојот завет. 8#1,3; 1 Мојс 19,24Тешко тебе, Асире, затоа што со­криваш безбожници во себеси! Роде лу­кав, спомни си што направив со Содом и Гомора; 9нивната земја лежи во смолести мо­чуришта и во височинки од пепел. Така ќе постапам со оние што не Ме слу­шаат“, вели Господ Седржителот. 10Вака му вели Господ на Ездра: „Ја­ви му на Мојот слуга дека Јас ќе им го дадам Ерусалимското царство, што му го ветив на Израилот, 11#Лк 16,9ќе примам од нив слава и ќе им ги дадам вечните живеалишта што сум ги направил за нив. 12#8,52; Откр 2,7; 22,2.14Дрвото на животот ќе им биде маст со пријатна миризба; нема да бидат из­мачувани од тежок труд и нема да се изморуваат. 13#Мт 7,7; Лк 11,9; Мт 24,22; Мт 25,34; Мк 13,37Дојдете и примете; измолете за себе малку дни, за да не задоцните. Царство­то за вас веќе е готово; бидете бодри! 14#5 Мојс 4,26Небо и земја, бидете сведоци за тоа, дека го уништив злото и направив доб­ро. Жив сум Јас! вели Господ. 15#2,30; Ис 60,8; 3 Езд 2,25; 5 Мојс 7,6Мајко, гушни ги своите синови; од­гледувај ги со радост; како гулабица, закрепнувај ги нивните нозе, зашто Јас те избрав, вели Господ. 16#2,31; Ис 26,19; Ез 37,12.13Јас ќе ги кренам мртвите од нив­ни­те места и од нивните гробови ќе ги из­ведам, зашто името Свое го познав во Израилот. 17#2,30Не плаши се, мајко на синовите, зашто Јас те избрав, вели Господ. 18#Мт 16,14; Откр 22,2Јас ќе ти ги испратам на помош Моите слуги Исаија и Еремија, по чиј совет Јас ги осветив и ти подготвив дванаесет дрвја, оптоварени со различ­ни плодови, 19а исто толку и извори, од кои тече мед и млеко и седум превисоки планини по кои растат ружи и кринови, преку кои со радост ќе ги исполнам синовите твои. 20#2 Мојс 22,22; Ис 58,7; Мт 25,36Погрижи се за правата на вдовицата, дај правда на сиромав, помогни му на оној што е во неволја, заштити си­рак, облечи необлечен, 21погрижи се за обесправен и немо­ќен, не подбивај се со хром, помогни му на оној што нема раце, а слепиот доведи го да ја види Мојата светлина, 22старец и момче запази меѓу твоите ѕи­дови; 23#Тов 1,17.18; Мт 19,28мртви, каде и да ги најдеш, откако ги приготвиш, предај ги во гроб, а Јас ќе ти го дадам првото место во Моето воскресение. 24#2 Мојс 14,14; Ис 30,15Почивај и биди спокоен, народе Мој, зашто ќе дојде твоето спокојство. 25#2,15Добра доилко, дој ги добро твоите синови, закрепнувај ги нозете нивни. 26Од слугите што ти ги дадов, да не загине никој, зашто од тебе ќе ги барам. 27#Јн 16,20.22Не скрби се, зашто кога ќе дојде де­нот на скрб и тешкотија, другите ќе плачат и ќе се скрбат, а ти ќе бидеш ве­села и ќе имаш изобилство. 28Незнабошците ќе ти завидуваат, но ништо не ќе можат да направат против тебе, вели Господ. 29#Ис 49,2; 51,16; Ис 5,16Моите раце ќе те покријат, та сино­вите твои да не го видат пеколот. 30#2,15.17Утешувај се, мајко, со твоите сино­ви, зашто Јас ќе те спасам. 31#2,16Сеќавај се на твоите синови што спијат, зашто Јас ќе ги изведам од кра­иштата на земјата и ќе им покажам ми­лост, бидејќи сум милостив,“ вели Гос­под Седржителот. 32„Прегрни ги твоите деца додека дојдам и им направам милост, зашто Мо­и­те извори се изобилни и Мојата благодат никогаш не е скудна.“
Ездра на планината Синај
33 # 2 Мојс 3,1 Јас Ездра примив на гората Хорив заповед од Господ да појдам кај Израил. А кога дојдов кај нив, тие ме исфрлија и ја презреа заповедта на Господ. 34#Јн 10,11; 1 Птр 2,25; Мт 11,29; Евр 10,37; Евр 1,2Затоа ви говорам вам, незнабошци, кои можете да слушате и да разбирате: очекувајте Го Пастирот ваш; Тој ќе ви даде вечен мир; близу е Оној, Кој ќе дојде на крајот на векот. 35#13,56; Ис 60,19.20; Откр 21,23; 22,5Бидете готови за наградите од цар­ството, зашто вечна светлина ќе ве ог­рее за вечни времиња. 36#1 Кор 7,31; 1 Лет 29,15; Ис 60,19.20; Откр 21,23; 22,5Бегајте од сенката на овој век; при­мете ја сладоста од вашата слава. Јас јавно сведочам за Спасителот мој. 37#1 Сол 2,12Примете го дарот што ви е даден и насладувајте се, благодарејќи Му на Оној Кој ве повикал во царството не­бесно. 38#Откр 7,4; 6,5; Откр 19,9; Мт 22,2Станете и стојте и гледајте колкав е бројот на оние што се обележени за ве­черата на Господ, 39#1 Кор 7,31; 1 Лет 29,15; Ис 61,10; Откр 3,4; 7,13.14кои, откако се преселија од сенката на овој век, примија од Господ светли облеки. 40#Ис 61,10; Откр 3,4; 7,13.14Сионе, прими го бројот свој и за­клучи ги твоите – оние што се облечени во бела облека и што го исполниле за­конот на Господ. 41#4,36; Откр 6,11Полн е бројот на твоите сакани си­нови; моли се за царството на Господ, за да се освети народот твој, кој е повикан уште од почетокот.
Ездра на планината Сион
42 # Откр 14,1; Откр 7,9 Јас, Ездра, на гората Сион видов го­лемо множество, кое не можев да го пребројам; тие сите со песни Го про­сла­вуваа Господа. 43#Откр 2,10; 4,4Меѓу нив беше високо момче, кое ги надминуваше сите; тој им ставаше венци на главата на секого од нив и со тоа уште повеќе се издигнуваше; јас бев потресен од она што го гледав. 44#Откр 7,13.14Тогаш го прашав ангелот: „Гос­по­даре мој, кои се овие?“ 45#1 Кор 15,53.54; 2 Кор 5,4; Откр 7,9Тој ми одговори и ми рече: „Овие се оние што го оставиле смртното тело и се облекле во бесмртно, оние што го ис­поведат името Божјо; сега ги овен­чу­ва­ат и добиваат победнички палми.“ 46Јас прашав: „А кое е она момче што им ги става венците и што им ги врачува палмите?“ 47#Мт 10,32; Лк 12,8; Откр 3,5Тој ми одговори: „Синот Божји, Ко­го тие Го прославувале во овој живот.“ И јас почнав да ги прославувам оние што стоеја цврсто за името на Господ. 48Тогаш ангелот ми рече: „Оди и јави му на мојот народ колку и какви чу­дес­ни дела на Господ Бог си видел.“

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

3 Ездра 2: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល