3 Ездра 1
1
Родословот на пророкот Ездра
1 #
1 Лет 6,4-14; 1 Езд 7,1-5; 2 Езд 8,1.2 Втора книга на пророкот Ездра, синот на Сераја, син на Азарија, син на Хелкија, син на Селум, син на Садок, син на Ахитув, 2син на Ахија, син на Финеас, син Елиев, син на Амарија, син на Азарија, син на Мераимот, син на Арна, син на Озиј, син на Борит, син на Авишуа, син на Финеас, син на Елеазар,
Отфрлање на Израил
3син Аронов од Левиевото племе, кој беше во мидиската земја во време царувањето на персискиот цар Артаксеркс. 4Словото Господово дојде до мене: 5#Ис 58,1„Оди и кажи му ги на Мојот народ неговите лоши дела и на нивните синови беззаконијата, што ги направија против Мене, за да ги известат синовите од своите синови, 6#Ер 5,19; 7,9.18; Ос 3,1зашто гревовите на нивните родители се намножија во нив: откако ме заборавија, тие почнаа да им принесуваат жртви на туѓи богови. 7#Мих 6,4; 2 Мојс 20,2Зар Јас не ги изведов од египетската земја, од домот на ропството? А тие Ме разгневија и советите Мои ги презреа. 8#1 Езд 9,3; Ез 2,3.5.7Острижи ја косата на твојата глава и фрли го сето зло врз нив, зашто тие, тој непокорен народ, законот Мој не го слушаа. 9#Мт 17,17До кога ќе ги поднесувам тие, на кои сум им направил толку многу добрини? 10#Пс 67,12.14; 134,10; 135,17.18; 2 Мојс 14,27.28Заради нив многу цареви соборив; го погубив фараонот со луѓето негови и со сета негова војска; 11#Ис.Н. 12; Ез 26,1–28,19; Ез 28,21-24пред нивното лице ги истребив сите незнабошци, на исток ги расеав народите од областите на Тир и Сидон и сите нивни непријатели ги уништив.“ 12А ти речи им, вака вели Господ: 13#2 Мојс 14,21.22; 2 Мојс 3,10; 2 Мојс 4,14„Јас сум Оној Кој ве преведов преку морето и по неговото дно ви направив ограден пат, Мојсеја ви го дадов за водач и Арона – за свештеник, 14#2 Мојс 13,21; Ер 2,32ви дадов светлина во огнен столб и многу чуда направив меѓу вас, а вие ме заборавивте, вели Господ. 15#2 Мојс 16,13; 4 Мојс 10,35.36; 5 Мојс 1,32.33; 1 Кор 10,10; 4 Мојс 14,2Така вели Господ Седржителот: потполошките ви беа знак. Ви дадов борци за заштита, но вие и таму негодувавте; 16не се радувавте што заради Моето име загинаа вашите непријатели, туку дури и сега уште негодувате. 17Каде се оние добрини што ви ги направив? Зар во пустината, кога огладневте, не викавте кон Мене, 18#4 Мојс 14,3; 2 Мојс 14,12велејќи: ‚Зошто нѐ доведе во оваа пустина? Зошто нѐ изведе за да нѐ погубиш? Подобро ќе беше да им слугуваме на Египќаните, отколку да изумреме во пустинава.‘ 19#2 Мојс 16,14.15; Пс 77,25; Мудр 16,20; Пс 104,40; Јн 6,31Јас се смилував на вашите офкања, и ви дадов мана; и вие јадевте леб ангелски. 20#2 Мојс 17,6; Варух 5,8Кога бевте жедни, нели го расеков каменот и не потекоа ли води во изобилие? Од жегата ве покривав со лисја од дрвјата. 21#1 Мојс 13,7; 34,30; Суд 1,4.5; Ер 47; Ез 25,15-17; Ис 5,4Ви разделив плодна земја; пред вас ги прогонив Хананците, Перизијците и Филистејците. Уште што да направам за вас?“ 22#2 Мојс 15,23Така вели Господ Седржителот: „Кога бевте во пустината, кај реката Мера, ожеднети го хулевте Моето име. 23#2 Мојс 15,25; Сир 38,5Јас не испратив оган врз вас поради вашето богохулство, но ставив дрво во водата и ја направив реката слатка. 24#Пс 80,11; Мт 21,43; Дела 13,46Што да ти направам Јаков? Јудо, ти не сакаше да се покоруваш. Во други народи ќе се населам, ќе им го дадам Моето име, за да ги пазат Моите закони. 25#2 Лет 15,2; 24,20Бидејќи вие Ме оставивте, и Јас ќе ве оставам; нема да ги помилувам оние што бараат милост од Мене. 26#Изреки 1,28; Ис 1,15; Мих 3,4; Изреки 1,16; Рим 3,15Кога Ме викате, нема да ве слушам, зашто со крв ги осквернивте вашите раце, а нозете ваши брзаат да извршуваат човекоубиство. 27Вие како да не Ме оставивте Мене, туку се оставивте себеси“, вели Господ. 28#Дела 13,18; 1 Сол 2,7Така вели Господ Седржителот: „Нели ве молев, како таткото што ги моли своите синови и мајката своите ќерки и доилката – своите доенчиња, 29#Ер 24,7да бидете Мој народ, а Јас да ви бидам Татко? 30#Мт 23,37; Лк 13,34Ве собрав, како кокошката што ги собира своите пилиња под своите крилја. Што да ви направам сега? Ќе ве отфрлам од Моето лице. 31#Ис 1,13.14Кога ќе ми принесете принос, ќе го свртам Моето лице од вас, зашто ги отфрлив вашите празнични дни, новомесечијата и обрезанијата. 32#2,1; 7,60; Дела 7,52; 2 Лет 36,15.16; Мт 23,35.36; Лк 11,50.51Јас ви ги испратив Моите слуги – пророците; вие ги фативте, ги убивте и нивните тела ги раскинавте. Нивната крв од вас ќе ја барам“, вели Господ. 33#Мт 23,38; Лк 13,35; Јов 21,18; Пс 1,4; 34,5; 82,13; Ис 40,24Вака вели Господ Седржителот: „Домот ваш е пуст, ќе ве развејам како ветар што ја вее плевата, 34#2,6; 5 Мојс 28,18а синовите ваши нема да имаат потомство, затоа што ја презреа Мојата заповед; го правеа она што е зло пред Мене. 35#Ис 52,15; 55,5; Рим 15,21Домовите ваши ќе им ги предадам на идните луѓе, кои, иако не Ме чуле, ќе поверуваат и, макар што не сум им покажувал знаци, ќе го извршуваат она што сум го заповедал, 36и кои, иако не ги виделе пророците, ќе си спомнат за своите беззаконија. 37#Јн 20,29; 1 Птр 1,8Мојата благодат ви ја заветувам вам, на идните луѓе, чии деца не Ме виделе со своите телесни очи, но со духот свој, верувајќи во она што сум рекол, ќе празнуваат со веселба. 38#Варух 4,36.37И така, гледај, брате, каква слава! Погледни ги луѓето што доаѓаат од исток; 39#Мт 8,11; Сир 49,10ним ќе им ги дадам за водачи Авраам, Исак и Јаков, Осија и Амос, Михеј и Јоил, Авдиј и Јона, 40#Мал 1,1Наум и Авакум, Софонија и Агеј, Захарија и Малахија, наречен уште и ангел Господов.“
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
3 Ездра 1: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: