3 Ездра 11
11
ПЕТТО ВИДЕНИЕ
Орел во видение
1 #
Дан 7,3; Откр 13,1; 5 Мојс 28,49; Ез 17,3; Дан 7,4; 3 Езд 11,22; 12,16 И, ете, видов сон: од морето се издигаше орел, кој имаше дванаесет перјасти крилја и три глави. 2#Дан 7,2И видов: ете, тој ги ширеше крилјата над целата земја, сите небески ветрови дуваа врз него и облаци се собираа. 3#11,11.22.23И видов: дека од неговите перја му излегуваа други мали перја, а од нив излегуваа уште помали и покуси. 4#11,29; 12,22Неговите глави мируваа, а средната глава беше поголема од другите две глави, исто така таа мируваше заедно со нив. 5И видов: орелот леташе на своите крилја и царуваше над земјата и над сите нејзини жители. 6И видов дека сѐ што е под небото – нему му беше послушно и никој не му се противеше – ниту едно од суштествата што постоеја на земјата. 7И ете, орелот застана на своите нокти и издаде глас кон своите перја, па рече: 8„Не бдејте сите заедно, секој нека спие на своето место, туку бдејте по ред, 9а главите нека се запазат за најпосле.“ 10#12,17Видов дека гласот му излегуваше не од неговите глави, туку од средината на неговото тело. 11#11,3Ги изброив неговите мали перја; тие беа осум. 12#11,20И, ете, од десната страна се издигна едно перо и се зацари над целата земја; 13и кога се зацари, настана неговиот крај и местото негово исчезна; потоа се издигна едно друго перо и тоа царуваше; тоа царуваше долго време. 14Откако царуваше и му се приближи крајот, за да исчезне и тоа, како и првото, 15ете, се чу глас, кој му велеше: 16„Слушај ти, кој толку долго владееш на земјата, еве што ти јавувам, пред да почнеш да исчезнуваш: 17#12,15по тебе нема никој да владее толку долго, како ти што владееше, ниту половината од тоа време.“ 18Се издигна и третото перо и владееше како оние пред него, но и тоа исчезна. 19Така стана и со сите други: и тие владееја и најпосле засекогаш исчезнаа. 20#11,12Видов дека одвреме-навреме од десната страна се издигнуваа и други перја, та и тие да владеат, и некои од нив и владееја, но потоа веднаш исчезнуваа; 21се издигнуваа и други од нив, но не добиваа власт. 22#11,1.3.11Потоа веќе не се јавуваа дванаесетте перја, ниту двете мали перја, 23#11,3.4.11.29а на телото од орелот не остана ништо, освен двете мирни глави и шесте мали перја. 24#12,2Јас видов: од шесте мали перја две се одвоија и останаа под главата, која беше од десната страна, а четирите останаа на своето место. 25Потоа поткрилните перја се обидуваа да се издигнат да владеат, 26и, ете, едно се издигна, но веднаш исчезна; 27и тие по нив исчезнаа уште побргу од првите. 28И видов, ете, двете останати перја, исто така, се обидуваа да царуваат. 29#11,4; 12,22Кога тие се обидуваа, една од мирните глави, а тоа беше средната, се разбуди; таа беше поголема од другите две глави. 30#11,1И видов дека двете други глави се соединија со неа. 31И таа глава, откако се сврте заедно со оние, кои беа соединети со неа, ги проголта двете поткрилни, што се обидуваа да царуваат. 32#12,24Таа глава ја исплаши целата земја и владееше над земните жители со големи измачувања, и власта ја одржа над земјината топка повеќе отколку сите крилја, колку што ги имаше. 33#12,26потоа видов дека и средната глава ненадејно исчезна, како и крилјата; 34#12,24останаа двете глави, кои царуваа над земјата и над нејзините жители. 35#12,27.28И, ете, главата што беше од десната страна ја проголта главата што беше од левата страна. 36И чув глас кој ми говореше: „Гледај пред себеси и размислувај за ова што го гледаш.“ 37#12,31; Откр 5,5И видов нешто слично на лав, кој излегол од гората и рика, издаде човечки глас кон орелот и рече: 38„Слушај што ќе ти кажувам, и што ќе ти каже Севишниот: 39#Дан 7,3Нели си ти оној што остана жив од четирите животни, што ги одредив да царуваат во Мојот свет, па преку нив да дојде крајот на оние времиња, 40#Дан 7,7.19.23; 3 Езд 12,11; 12,24и четвртото од нив дојде, ги победи сите претходни животни, и светот го држеше во голем трепет и целата вселена – во тешко измачување и со потчинетите, и толку долго време најтежок притисок со подлост владееше на земјата? 41Ти не ѝ судеше на земјата според правдата: 42ти ги притискаше кротките, мирољубивите ги навредуваше, ги сакаше лажливците, им ги уриваше живеалиштата на оние што не ти придонесуваа корист, им ги уриваше ѕидовите на оние што не ти причинуваа никаква навреда. 43Твоето беззаконие стигна до Севишниот, твојата гордост – до Силниот. 44Погледна Севишниот на времињата од гордоста, и, ете, тие се свршени, и мерката на нејзините беззаконија се исполни. 45#11,1; 11,3; 4,29Затоа, исчезни ти, орлу, со твоите страшни крилја, со твоите грозни перја, со твоите зли глави, со твоите жестоки нокти и со сето твое грдо тело, 46#Ис 28,12за да се одмори целата земја и да се избави од твоето насилство и да се надева на суд и милосрдност од својот Создател.“
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
3 Ездра 11: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006