1 Макавејска 6
6
Смртта на Антиох Епифан
1Во тоа време царот Антиох, кога минуваше преку горните области, разбра дека во Персија има еден град, по име Елимаис, прочуен со богатство, со сребро и злато, 2и дека во него има храм, кој бил многу богат, дека таму имало златни предмети, оклопи и оружје, оставени од Александар, синот на Филип, македонски цар, кој прв се зацари над Елините. 3Затоа појде и се обидуваше да го преземе градот и да го ограби, но не успеа затоа што жителите ја дознаа неговата намера. 4Тие му се спротивставија со силна војска, па избега оттаму со голема мака и се врати во Вавилон. 5Тогаш во Персија некој дојде при него и го извести дека војските, кои отишле во земјата на Јуда, биле победени, 6дека Лисиј одел со силна војска пред сите, но дека бил разбиен од Јудејците и дека тие многу се осилиле и со оружје, и со војска и со многу плен што го зеле од војските, победени од нив, 7#1,54дека го разурнале одвратниот идол, кој тој го подигнал над жртвеникот во Ерусалим, а дека и светилиштето го оградиле, како што било пред тоа, со високи ѕидови, а исто така и Бет-Цур, неговиот град. 8Кога царот ги чу тие зборови, многу се исплаши и се вознемири, падна на постела, изнемоштен од тага, затоа што не се исполнила неговата желба. 9Повеќе денови остана така, зашто неговата тага стануваше сѐ поголема и мислеше дека веќе умира. 10#2,18; 1 Цар 17,32Тогаш ги повика сите свои пријатели и им рече: „Се загуби сонот од моите очи, а срцето мое изнемогна од тага. 11Си реков на срцето мое: до каква тага дојдов јас и колку е голема мојата мака, во која се наоѓам! А бев и корисен за мојата држава и сакан од моите поданици. 12Сега си спомнувам за сите зла што ги направив во Ерусалим, како ги зедов сите златни и сребрени садови од него и попусто ги праќав на убивање сите жители на Јудеја. 13Сега знам дека поради сето тоа ме постигнаа овие мои неволји и, ете, јас умирам од голема мака во туѓа земја.“ 14#6,55.63Тогаш го повика Филип, еден од своите пријатели, и го постави над целото свое царство; 15му ја даде круната; својата царска облека и својот прстен, и го постави да го воспитува неговиот син Антиох, да го учи како треба да управува со царството. 16Царот Антиох умре во сто четириесет и деветтата година. 17Кога Лисиј разбра дека царот умрел, тој го постави за наследник неговиот син Антиох, кој го воспитуваше уште од неговото детство и му беше дал име Евпатор.
Опсадата на тврдината
18 #
1,33-36
Оние што беа во тврдината, ги вознемируваа Израилците околу светилиштето и секогаш настојуваа да им прават штета, а на незнабошците да им помагаат. 19Јуда реши да ги изгони, па го повика сиот народ за да ги опседне. 20#6,31; 2 Лет 26,15Сите се собраа и ги опседнаа во сто и педесеттата година; против нив поставија орудија за стрелање и бојни направи. 21Но некои од опседнатите успеаја да излезат, а кон нив се придружија и некои од безбожните Израилци; 22тие отидоа кај царот и му рекоа: „До кога ќе се колебаш и нема да ги одмаздиш нашите браќа? 23Ние се согласивме да му служиме на твојот татко, да се однесуваме според неговите заповеди и да ја извршуваме неговата волја. 24#11,53; 15,27А синовите на нашиот народ ја опседнаа крепоста и нѐ замразија; кога ќе нѐ најдат – нѐ убиваат и имотот наш го ограбуваат. 25И не дигнале раце само против нас, туку и против сите твои области. 26И, ете, сега ја опседнаа тврдината во Ерусалим, за да ја преземат, а светилиштето и Бет-Цур ги утврдија. 27Ако не побрзаш и не ги спречиш, тие ќе направат и повеќе од тоа, и тогаш веќе не ќе можеш да ги запреш.“
Антиох Петти и Лисиј во Јудеја
(2 Мак 13,1-17)
28Царот се разгневи на овие зборови и ги собра сите свои пријатели, началниците на пешаците и началниците на коњаниците; 29кај него дојдоа и наемните војници од други царства и од морските острови, 30така што неговата војска беше сто илјади пешаци, дваесет илјади коњаници и триесет и два слона, обучени за војна. 31#4,29Тие дојдоа преку Идумеја и поставија логор спроти Бет-Цур, долго го напаѓаа, па дури направија и воени направи, но тие од утврдениот град излегуваа, ги изгореа со оган и храбро се бореа. 32Тогаш Јуда отстапи од тврдината и постави логор во Ветзахарија, спроти царскиот логор. 33А царот, кога стана рано изутрината, бргу дојде со својата војска по патот на Ветзахарија; војските се подготвија за битка, трубите затрубија. 34#1 Мојс 49,11На слоновите им покажуваа сок од грозје и црници, за да се возбудат за битка. 35Слоновите ги разделија меѓу борбените редови и покрај секој слон ставаа по илјада војници со железни оклопи и шлемови од бронза, а освен тоа, на секој слон се додаваа и петстотини најдобри коњаници; 36тие застануваа истовремено таму, каде што беше слонот, а кога тргнуваше тој, тргнуваа и тие заедно со него, не одделувајќи се од него. 37На слоновите имаше врзано јаки одбранбени дрвени кули, врзани за нив со каиши, а во секоја од нив по четири мажи, кои се бореа одозгора – од слонот; со секој слон беше и неговиот Индиец. 38Другите, пак, коњаници ги разместија на обете крила од војската за да даваат знаци, да го вознемируваат непријателот и да ги покриваат воените редови. 39#3 Цар 10,16Кога сонцето ќе удреше во златните и бронзените штитови, од нив ќе светнеа горите, ќе светнеа како огнени светила. 40Едниот дел од царската војска беше разбиен по ридовите, а другиот – по ниските места, но се движеа по утврден ред и распоред. 41Сите се вознемирија кога ја слушнаа бучавата на тоа множество и движењето на таа голема војска и ѕвечкањето на оружјето, зашто војската беше голема и силна. 42Јуда со својата војска влезе во бој. Во царската војска паднаа шестотини војници. 43Тогаш Елеазар, нарекуван Аваран, виде еден слон покриен со царски оклоп, кој беше поголем од другите слонови и помисли дека самиот цар е врз него; 44#Гал 1,4тој реши да се жртвува себеси за да го спаси својот народ и да придобие вечно име; 45па притрча смело кон слонот, среде бојниот ред и убиваше десно и лево и се разбегаа од него – на едната и на другата страна; 46се вовлече под слонот, го прободе со својот меч и го уби; слонот падна врз него на земјата и го згмечи. Така загина тој таму. 47Јудејците, гледајќи ја големината и силата на царската војска, се отклонија од неа.
Опсадата на гората Синај
(2 Мак 13,18-23)
48Царската војска тргна против нив во Ерусалим. Царот ја опседна Јудеја и гората Сион. 49#6,53; 2 Мојс 23,10-11; 3 Мојс 25,1-7Склучи мир со луѓето од Бет-Цур, кои излегоа од градот, зашто немаа храна за да можат да ја издржат опсадата, бидејќи беше саботна година за земјата. 50Царот го зазеде Бет-Цур и остави во него војска да го чуваат. 51Потоа, во текот на многу денови го опседнуваше светилиштето; таму постави направи за исфрлање копја, камења и оган. 52Но и Јудејците поставија такви направи против нивните и се бореа со нив многу денови. 53#5,23.53-54Во скривалиштата веќе немаше храна, зашто беше седма година; Јудејците што беа избегале од другите краишта во Јудеја за да се спасат од незнабошците, ги беа потрошиле и последните резерви; 54во светилиштето останаа сосема малку луѓе, зашто завладеа глад, а другите се разотидоа секој во своето место.
Антиох Петти им допушта на Евреите да живеат според нивните закони
(2 Мак 13,23-26; 11,22-26)
55Слушна Лисиј дека Филип, на кого царот Антиох, уште додека беше жив, му го беше доверил својот син Антиох да го подготвува за царување, 56се вратил од Персија и Мидија, заедно со војските, кои го придружувале царот и дека се обидува да завладее во царството. 57Затоа отиде бргу кај царот и му рече: „Ние секој ден сме послаби, резервата со храна помала, а местото што го опседнуваме е добро утврдено, но врз нас е и грижата за царството. 58#11,50.62.66; 13,45.50Туку ајде да им ја подадеме нашата десница на тие луѓе и да склучиме мир со нив и со сиот нивен народ: 59да ги оставиме да живеат според нивните закони, како и пред тоа, зашто поради своите закони, кои ги укинавме, тие се разгневија на нас и го направија сево ова.“ 60Царот и воените началници се согласија со овој предлог и испратија луѓе да им предложат мир, кој тие го прифатија. 61Царот и началниците се заколнаа, потоа опседнатите излегоа од тврдината. 62Се искачи царот на гората Сион, откако ја разгледа тврдината на тоа место, ја погази својата заклетва и нареди ѕидовите да бидат урнати. 63Потоа бргу појде и, кога се врати во Антиохија, го најде Филип како владее со градот, го нападна, војуваше со него и го презеде градот.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
1 Макавејска 6: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: