1 Макавејска 5
5
Поход против Идумејците и Амонитите
(2 Мак 10,14-33)
1Кога соседните народи слушнаа дека жртвеникот е изграден и дека светилиштето е обновено, онака како што било пред тоа, многу се разгневија; 2па решија да го уништат родот на Јаков, кој живееше меѓу нив, и почнаа да го убиваат и да го истребуваат тој народ. 3#4 Мојс 34,4Тогаш Јуда започна војна против потомците на Исав што живееја во Идумеја, во Акраватин, затоа што овие го беа опседнале Израил. Тој им нанесе голем пораз, ги понизи и пленот им го одзеде. 4Си спомна тој и за злобата на Вајановите синови, кои беа за народот стапица и сопка, поставувајќи му заседи на неговите патишта. 5Иако тие пред него се затворија во своите кули, тој ги нападна, ги проколна и ги запали нивните кули и сите што беа во нив. 6#4 Мојс 21,31Потоа се крена против синовите Амонови и наиде на силна војска и многу народ и на Тимотеј, нивниот војсководец. 7Тој водеше многу борби, но тие на крајот беа уништени пред неговото лице, ги победи. 8Ги зазеде Јазир и околните села, а потоа се врати во Јудеја.
Поплаките на Израилците
9Тогаш незнабошците, кои живееја во Гилад, се собраа и се дигнаа против Израилците, кои живееја меѓу нив за да ги избијат, но тие избегаа во тврдината Датем. 10Тие испратија писма до Јуда и до неговите браќа, во кои велеа: „Незнабошците што се околу нас, се здружија за да нѐ уништат, 11се готват да дојдат и да ја нападнат тврдината, во која се криеме; Тимотеј ги предводи нивните војски; 12дојдете и избавете нѐ од нивните раце, бидејќи многумина од нас загинаа. 13#Суд 11,3; 2 Мак 3,11Сите наши браќа, кои беа во пределите на Тов, на смрт се предадени; нивните жени и деца ги одведоа во плен и убија околу илјада мажи.“ 14Уште додека ги читаа нивните писма, ете, пристигнаа други гласници од Галилеја, во искината облека, носејќи им исти вести: 15#Ис 9,1„Против нас се собраа од Птоломеида, од Тир и од Сидон и од цела незнабожечка Галилеја; сакаат да нѐ погубат.“ 16Кога Јуда и народот ги слушнаа овие зборови, се собра голем собор за да се посоветуваат што да прават за тие браќа кои се во неволја и на кои незнабошците им се закануваа со војна. 17Тогаш Јуда му рече на својот брат Симон: „Одбери си луѓе, па појди и заштити ги твоите браќа во Галилеја, а јас и брат ми Јонатан ќе појдеме во Гилад.“ 18Го постави Јосиф, синот Захариев, и Азарија за началници на народот со другата војска во Јудеја за да вардат. 19Ним им заповеда, велејќи: „Управувајте со овој народ, но не почнувајте никаква војна против незнабошците, додека ние не се вратиме.“ 20На Симон му дадоа три илјади луѓе за неговиот поход во Галилеја, а на Јуда – осум илјади за Гилад.
Походот во Галилеја
(2 Мак 12,10-31)
21Симон појде во Галилеја, имаше многу борби против незнабошците и најпосле ги разби. 22Ги гонеше до портите на Птоломеида; од незнабошците паднаа три илјади борци, а тој им го зеде пленот. 23Со себе ги поведе Јудејците од Галилеја и од Арвати, заедно со нивните жени и деца, со целиот нивен имот и ги доведе во Јудеја со голема радост. 24А Јуда Макавеј и брат му Јонатан го преминаа Јордан и три дена одеа низ пустината. 25#1 Мојс 25,13Таму ги сретнаа Наватејците, кои ги примија мирољубиво и им раскажаа сѐ што им се случило на нивните браќа во Гилад, 26дека многумина од нив се затворени во Восор, во Алема, во Хасфо, Макед и Карнен – а сите тие се големи и утврдени градови, 27а и други градови се наоѓаат во опсада и дека идниот ден е определен да ги нападнат тие тврдини, да ги преземат и да ги погубат сите во еден ден. 28#5,51; Ис.Н. 6,20Затоа Јуда веднаш со својата војска се упати кон Восор, го зазеде тој град и сите од машки пол ги изби со својот остар меч, го собра целиот плен и го изгоре со оган. 29Оттаму тргна ноќе и дојде до тврдината. 30Кога осамна зората, ги подигнаа своите очи, и, ете, пред нив многу народ, безбројно множество, кое местеше скали и справи за да ја преземат тврдината и веќе ја напаѓаа. 31Виде Јуда дека борбата започнува и пискот од градот се издигаше кон небото, како звук од труби и многу викање. 32Тогаш Јуда им рече на своите борци: „Сега борете се за вашите браќа!“ 33#Суд 7,16-18; 1 Цар 11,11А тој со три одреда ги заобиколи од задната страна; затрубија со трубите и извикаа со молитва. 34Војската на Тимотеј, откако разбра дека тоа е Макавеј, избега пред него; а тој сосема ги порази: тој ден паднаа на бојното поле околу осум илјади мажи. 35Тогаш се врати во Алема, ја опсадија и ја презеде, изби сѐ што беше машко, го зеде нејзиниот плен и ја изгоре. 36Оттаму појде и ги зазеде Хасфо, Макед, Восор и другите гиладски градови. 37По овие настани, Тимотеј собра друга војска и постави логор кај Рафон, од другата страна на потокот. 38#2 Мак 12,20Јуда испрати луѓе да извидат каква е војската; тие го известија, велејќи: „Со него се собрани сите незнабошци што живеат околу нас, подготвени да војуваат против тебе; 39тие создале голема војска; најмиле и Арабјани како помошници, а логорот им е зад потокот, подготвени се да те нападнат.“ Јуда појде да ги пречека. 40Кога Јуда и неговата војска се приближуваа до потокот, Тимотеј им рече на своите началници: „Ако тој прв го премине потокот и нѐ нападне, не ќе можеме да го победиме, зашто тогаш тој ќе има предност и ќе нѐ победи. 41Ако, пак, се уплаши и направи логор од другата страна на потокот, ние ќе појдеме кон него и ќе го победиме.“ 42#2 Мојс 5,6; 5 Мојс 20,5-9; Ис.Н. 1,10; 3,2Кога Јуда дојде до потокот, ги остави народните писари до потокот и им заповеда, велејќи: „Не оставајте никого во логорот; сите нека одат во бој.“ 43#2 Мак 12,26И тој прв мина преку потокот, а по него премина и сиот народ. И пред него се разбегаа сите незнабошци, го фрлија оружјето и избегаа да се сокријат во идолскиот храм што е во Карнен. 44Тогаш Израилците го зазедоа тој град, и потоа го изгореа паганскиот храм со сите оние што беа во него; така беше победен Карнен и веќе никој не можеше да му се противстави на Јуда. 45Потоа Јуда ги собра сите Израилци, кои беа во Гилад, од најмал до најголем, нивните жени и деца и имотот и сето тоа множество се упати кон јудејската земја. 46Дојдоа до Ефрон. Тоа беше голем град, многу укрепен, кој се наоѓаше на патот; не можеа да го заобиколат ни лево ни десно, така што требаше да поминат низ него, 47а жителите се беа затвориле во него, и портите ги затрупале со камења. 48#4 Мојс 20,14; 20,17Јуда им испрати мирољубива порака: „Ќе поминеме низ вашата земја за да се вратиме во нашата земја; нема да ви направиме никакво зло.“ Но тие не сакаа да им ги отворат портите. 49Тогаш Јуда им заповеда на своите борци секој да остане на своето место, 50борците го напаѓаа градот и го опсадуваа целиот ден и целата ноќ, и градот се предаде во негови раце. 51Јуда исече сѐ што беше во градот со својот остар меч, го урна градот до основи, го изгоре и го помина тоа место преку телата на убиените. 52И преку Јордан помина во големата рамнина, која е спроти Бет-Шан. 53По патот Јуда ги прибираше заостанатите и го бодреше народот во текот на целото патување, додека дојдоа во јудејската земја. 54Се искачија на гората Сион со веселба и со радост и принесоа сепаленици, затоа што не падна никој од нив и што се вратија во мир.
Борбите во незнабожечките предели и во Идумеја
(2 Мак 12,32-45)
55Во оние денови, додека Јуда и Јонатан се наоѓаа во Гилад, а братот Симон во Галилеја, пред Птоломеида, 56слушнаа Јосиф, синот Захариев, и Азарија, воените началници, за славните воени подвизи што ги направиле тие, 57#5,19па си рекоа еден на друг: „Ајде и ние да се прославиме и да отпочнеме војна против незнабошците што се околу нас.“ 58#4,15И така ѝ наредија на војската, која беше под нивна заповед и појдоа против Јамнија. 59Горгиј излезе од градот со своите војници за да се бори против нив. 60Јосиф и Азарија беа принудени на бегство и беа гонети сѐ до јудејските предели; тој ден паднаа две илјади мажи Израилци. 61Израилскиот народ претрпе голем пораз, бидејќи, сакајќи да покажат храброст, не ги послушаа Јуда и неговите браќа; 62но тие не беа од родот на оние мажи, преку кои доаѓаше спасението на Израил. 63А храбриот Јуда и неговите браќа многу се прославија пред целиот Израил и пред сите народи, каде што се слушаше нивното име. 64Луѓето се собираа околу нив да ги прославуваат. 65Потоа излезе Јуда и браќата негови и војуваа против синовите на Исав во земјата, која се наоѓа на југ, ги зазеде Хеврон и околните села, ги разурна неговите тврдини и ги изгоре неговите кули околу него. 66Потоа стана и отиде да ја освои филистејската земја и помина низ Мариса. 67Во тој ден паднаа некои од свештениците што сакаа да се прослават со својата храброст и непромислено беа навлегле во бој. 68Јуда се упати во Азот во филистејската земја, ги разурна нивните жртвеници, со оган ги изгоре нивните извајани богови, зеде плен од нивните градови и се врати во јудејската земја.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
1 Макавејска 5: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: