1 Макавејска 16

16
Победа на Симоновите синови над Кендевеј
1 # 13,53 Јован се врати од Газир и му раскажа на својот татко Симон што прави Кендевеј. 2#2,47; 3,6Тогаш Симон ги повика своите двајца постари синови, Јуда и Јован, и им рече: „Јас, моите браќа и домот на мо­јот татко, војуваме против неприја­те­ли­те на Израил, од младост до денес и многупати со нашите раце успешно го спасувавме Израил. 3#3,18.50Но, ете, јас остарев, а вие, по Божја милост, се наоѓате во цветот на вашата младост; земете го моето место и мес­тото на моите браќа, па водете борба за нашиот народ, и небесната помош нека биде со вас.“ 4Избра Симон од народот дваесет ил­јади пешаци и коњаници, кои појдоа против Кендевеј и преноќуваа во Мо­дин. 5Кога станаа утредента и излегоа на рамнината, а таму, ете, пред нив беше многубројна војска, пешаци и коњаници, а меѓу нив имаше еден поток. 6И се крена Јован против нив, тој са­миот и неговиот народ и откако виде де­ка неговите луѓе се плашат да минат преку потокот, тој прв мина, а кога го видоа тоа неговите војници, минаа и тие. 7Потоа ги раздели луѓето, така што коњаниците ги стави меѓу пешаците; коњицата на непријателот беше помно­губројна. 8#15,41Штом затрубија со своите труби, Кендевеј почна да бега и неговата вој­ска заедно со него; од нив паднаа многу ранети, а другите избегаа во крепоста. 9Тогаш беше ранет Јуда, братот на Јован, но и покрај тоа Јован ги гонеше непријателите сѐ до тврдината Кедрон, која ја беше изградил тој. 10#10,84Тие избегаа во кулите што се на­о­ѓаа во областа на Азот, но Јован ги за­пали кулите и од оние што беа во нив, загинаа околу две илјади души; потоа во мир се врати во јудејската земја.
Убиството на Симон
11А Птоломеј, синот на Авув, беше поставен за управител на Ерихонската рамнина, и имаше многу сребро и злато, 12зашто му беше зет на прво­свеш­те­никот. 13#1,3Неговото срце се возгордеа, па посака да завладее со земјата, замислувајќи со лукавство и подмолност да го убие Симон и неговите синови. 14#Зах 1,7; 14,15Симон, пак, посетувајќи ги гра­до­ви­те во својата земја и водејќи грижа за задоволување на нивните потреби, дојде и во Ерихон, заедно со неговите синови Мататија и Јуда, во сто седумдесет и сед­мата година, во единаесеттиот ме­сец, – месецот шеват. 15Синот на Авув ги прими љубезно, намамувајќи ги со лукавство во малата тврдина, што ја беше изградил тој; им приреди голема гозба, но таму беше сокрил и некои свои луѓе. 16И кога Симон и неговите луѓе се опија, стана Птоломеј и тие што беа со него, го зедоа своето оружје и за време на гозбата влегоа кај Симон и го убија – него, неговите синови и некои од не­го­вите слуги. 17На таков подмолен начин го из­вр­ши ова големо злодело и врати со зло за доброто. 18Птоломеј му напиша за ова на ца­рот и побара од него да му прати на по­мош војска, а тој му ја предаде земјата и нејзините градови. 19#3,55; 4 Мојс 31,48; 2 Цар 18,1Други свои луѓе испрати во Газир за да го убијат Јован, а писма им испра­ти на воените заповедници да дојдат кај него за да им даде сребро, злато и пода­роци; 20други, пак, испрати да ги заземат Ерусалим и светата Гора. 21Но некој отрчал кај Јован во Газир за да го извести дека татко му и браќата негови се убиени и дека Птоломеј ис­пратил луѓе да го убијат и него. 22Кога го слушна тоа, Јован многу се збуни; ги фати мажите што беа дошле да го погубат и ги уби, бидејќи беше дознал дека тие сакаа него да го убијат. 23#9,22Другите, пак, Јованови дела: војни­те, храбрите подвизи, славно извршени, градењето на ѕидот и сите други негови дела – 24#3 Цар 14,29ете, тие се опишани во дневникот за неговото врховно свештенство, од вре­мето кога стана првосвештеник по не­говиот татко.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

1 Макавејска 16: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល