1 Макавејска 15
15
Антиох Седми му ги признава почестите на Симон и го опсадува Трифон во Дора
1Антиох, синот на царот Димитриј, испрати писмо од морските острови до Симон, првосвештеникот и владетелот на јудејскиот народ и до сиот јудејски народ. 2Писмото ја имаше следнава содржина: „Поздрав од царот Антиох до Симон, првосвештеникот и владетелот на јудејскиот народ и до јудејскиот народ. 3Бидејќи лоши луѓе го заграбија царството на нашите предци, намислив пак да го освојам и да го востановам какво што беше порано, 4одлучив да ја посетам земјата и да ги казнам оние што опустошија и разорија многу градови во царството. 5#10,28-29; 13,37.39; 15,27Ги потврдувам сите ослободувања од даноци што ги отстапија царевите пред мене и другите давачки, од кои се откажаа; 6ти дозволувам да правиш свои пари во твојата земја. 7#10,31Ерусалим и свештенството нека бидат слободни; сето оружје што го приготви и тврдините, кои ги изгради и со кои владееш, нека ти останат тебе. 8И секој царски долг и идните царски долгови отсега и засекогаш нека ти бидат простени. 9А откако одново ќе почнеме да владееме со нашето царство, тогаш ќе те наградиме со голема чест тебе, твојот народ и храмот, та вашата слава да се разнесе по целата земја.“ 10Во сто седумдесет и четвртата година влезе Антиох во земјата на своите предци; кај него се собраа сите војски, така што оние, кои останаа кај Трифон, беа сосема малку. 11#Ис.Н. 11,2Царот Антиох го гонеше, и тој побегна во Дора, која е во приморјето, 12зашто виде дека му се натрупаа многу неволји, а и војските го напуштија. 13Тогаш Антиох дојде во Дора со сто и дваесет илјади пешаци и осум илјади коњаници; 14тој го опседна градот откај копното, а корабите се приближија откај морето, така што не му даваше на никого ни да влезе ниту да излезе.
Писма до царевите
15 #
14,24
Тогаш се вратија од Рим Нуминиј и оние што го придружуваа – со писма до царевите и до земјите; еве ја содржината на писмата: 16„Поздрав од римскиот конзул до царот Птоломеј. 17Кај нас дојдоа јудејските пратеници, наши пријатели и сојузници, од првосвештеникот Симон и од јудејскиот народ за да ги обноват дамнешните односи на пријателство и сојузништво; 18#14,24тие ни донесоа златен штит од илјада мини. 19И така, ние најдовме за потребно да им пишеме на царевите и на земјите да не им причинуваат зло и да не војуваат против нив, против нивните градови и против нивната земја и да не им помагаат на оние што војуваат против нив. 20Ние решивме да го примиме од нив штитот. 21Освен тоа, ако некои лоши луѓе избегале од нивната земја, и дошле кај вас, предајте му ги на првосвештеникот Симон за да ги казни според нивните закони.“ 22Така му напиша и на царот Димитриј, на Атал, на Аријарат и на Арсак, 23до сите области: Сампсама и Спарта, Дил и Минд, Сикион и Карија, Самос и Памфилија, Ликија и Халикарнас, Родос и Фасилида, Кос и Сида, Арад и Гортина, Книд и Кипар и Киренена. 24Препис од тие писма му испратија на првосвештеникот Симон.
Негодувањето на Антиох заради Симон
25А царот Антиох одново ја опседна Дора, ја напаѓаше од сите страни и поставуваше воени машини и на тој начин го затвори Трифон, така што тој не можеше да влезе, ниту можеше да излезе. 26Симон му испрати две илјади храбри луѓе, сребро, злато и многубројна опрема; 27но тој не прифати, отфрли сѐ, за кое се беше претходно договорил со него. 28#12,33Кај него го испрати Атеновиј, еден од своите пријатели, да води со него преговори и да му каже: „Вие ги држите под своја власт Јопија, Газир и ерусалимската тврдина – градови во моето царство; 29#14,36вие ги опустошивте нивните предели, направивте многу зла во земјата и завладеавте со многу краишта во моето царство. 30Затоа, предајте ни ги сега градовите што ни ги зедовте, како и даноците од тие места, со кои владеете надвор од границите на Јудеја. 31#13,39Ако, пак, не сакате да го направите ова, дајте ни петстотини таланти сребро; а за опустошувањето што го направивте и за даноците од градовите – уште петстотини таланти сребро; ако, пак, не сакате да ни дадете, ние ќе дојдеме и ќе војуваме со вас.“ 32Дојде во Ерусалим Атеновиј, пријателот на царот, па откако ја виде славата на Симон и неговата ризница со златни и сребрени предмети и целиот раскош, се вчудовиди и му ја кажа пораката од царот. 33Симон му одговори и рече: „Ние не сме завладеале никаква туѓа земја, ниту господариме над туѓи имоти, туку владееме со наследството од нашите предци, коешто нашите непријатели понекогаш несправедливо ни го одземаа и го присвојуваа. 34Но ние, ползувајќи ги погодните услови, успеавме да си го вратиме наследството на нашите татковци. 35#14,36А што се однесува до Јопија и до Газир, кои ги бараш – тие градови многу го измачуваа нашиот народ и ја пустошеа нашата земја, за нив ќе дадеме сто таланти.“ На тоа Атеновиј ништо не одговори, 36но огорчен се врати кај царот и му ги предаде тие зборови; му кажа за славата на Симон и за сѐ што беше видел, а царот многу се разгневи.
Кендевеј е поставен за управител
37Трифон се качи на еден брод и избега во Ортозија. 38Тогаш царот го постави Кендевеј за управител на приморската област и му ги предаде пешадијата и коњицата; 39му заповеда да излезе против Јудеја; да го изгради Кедрон и да ги утврди неговите порти и да започне војна со израилскиот народ. 40Кендевеј дојде во Јамнија и почна да го предизвикува народот на војна: навлегуваше во Јудеја, ги водеше луѓето во плен и ги убиваше; 41го изгради Кедрон и во него ги смести коњицата и пешадијата; тие излегуваа оттаму и обиколуваа по јудејските патишта, како што му беше заповедал царот.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
1 Макавејска 15: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: