1 Макавејска 14
14
Смртта на Димитриј
1Во сто седумдесет и втората година царот Димитриј собра војска во Мидија да добие помош против Трифон. 2Но Арсак, персискиот и мидискиот цар, кога слушна дека Димитриј дошол во неговата земја, испрати еден од своите воени началници да го фати жив. 3Тој отиде, ја разби војската на Димитриј, го фати жив и го доведе кај Арсак, кој го затвори во темница. 4Имаше мир во јудејската земја во сите денови на Симон; тој се грижеше за доброто на својот народ и сите беа задоволни од неговото владеење и од неговата слава за време на целиот негов живот. 5#12,33-34Покрај сета своја слава, тој успеа да ја превземе и Јопија за пристаниште и отвори излез кон морските острови; 6#2 Мојс 34,24; Ис 54,2ги рашири границите на својот народ и ја задржа земјата во свои раце. 7#11,65-66; 13,43-52Тој собра многу заробеници и владееше над Газир, Бет-Цур и над ерусалимската тврдина, ја исчисти од осквернувања и немаше кој да му се спротивставува. 8Јудејците спокојно ја обработуваа својата земја и земјата им ги даваше своите плодови. 9#2 Мојс 33,5; Зах 8,4Старците, наседнати по улиците, разговараа за општата благосостојба, а младите се облекуваа раскошно во воена облека. 10На градовите испраќаше храна и ги правеше тврдини, така што неговото славно име се изговараше до крајот на светот. 11Тој го зацврсти мирот во земјата, а Израил се радуваше со голема радост. 12#3 Цар 5,4; 4 Цар 18,31; Мих 4,4; Зах 3,10Секој седеше под својата лоза и под својата смоква, и никој не беше вознемируван. 13Исчезнаа сите што војуваа против нив; во тие дни царевите се смирија. 14#Соф 3,12; Пс 17,27Тој ги помагаше сите сиромаси во својот народ, бараше да се извршува Законот и ги истребуваше сите безбожници и зломисленици. 15Го украси светилиштето и ги умножи светите садови.
Писмо од Симон
16Кога слушнаа во Рим и во Спарта дека умрел Јонатан, настана голема жалост, 17но кога разбраа и тоа дека брат му Симон станал место него првосвештеник и дека владее над земјата и над градовите во неа, 18#8,17-32; 12,3му напишаа на бакарни плочи да го обноват и со него пријателството и сојузништвото што го имаа со неговите браќа Јуда и Јонатан. 19Тие беа прочитани во Ерусалим пред собранието. 20Еве го преписот од писмото, испратено од спартанците: „Спартанските управители и градот до првосвештеникот Симон, до старешините, свештениците и до сиот јудејски народ, нашите браќа – поздрав. 21Пратениците од вашиот народ ни раскажаа за вашата слава и чест; се зарадувавме кога тие пристигнаа, 22#12,16а она што ни го рекоа во народниот совет вака го запишавме: ‚Нуминиј, синот на Антиох, и Антипатер, синот на Јасон, јудејски пратеници, дојдоа кај нас за да го обноват пријателството со нас; 23на народот му беше мило тие мажи да ги прими со чест и нивните зборови да ги запише во отворените народни книги за спомен на спартанскиот народ, а препис од тоа направивме за првосвештеникот Симон.‘“ 24#14,18; 15,15Потоа Симон го испрати Нуминиј во Рим со голем златен штит, тежок илјада мини за да склопи сојуз со Римјаните.
Благодарност кон Симон
25Кога народот слушна за ова, рече: „Како да им благодариме на Симон и на неговите синови? 26#14,48Зашто се покажа цврст, како и браќата негови и домот на татко му; ги одбија народните непријатели и му дадоа слобода на народот.“ 27Ова го запишаа на бакарни плочи, кои ги ставија на столбови во гората Сион. Еве го преписот од она што е напишано: „Во осумнаесеттиот ден од месецот елул, во сто седумдесет и втората година, – трета година од службата на првосвештеникот Симон – 28во Асарамел, во големото собрание на свештениците, на народот и на народните кнезови на нашата земја, ни беше објавено: 29бидејќи многупати избувнуваа војни во оваа земја, Симон, синот на Мататија, син од синовите на Јоарив, и браќата негови, изложувајќи се на опасности, им се противставуваа на непријателите на својот народ за да го запазат неговото светилиште и неговиот Закон, со голема слава го прославија својот народ. 30Јонатан го собра својот народ и стана негов првосвештеник, а кога се прибра кај своите предци, 31непријателите намислија да навлезат во нивната земја за да ја опустошат и да стават рака на нивното светилиште. 32Тогаш се издигна Симон и војуваше за својот народ; потроши многу свои пари за да ги снабди храбрите мажи на својот народ со оружје и плата им даваше. 33#4,29; 11,65-66; 13,33Тој ги утврди јудејските градови и Бет-Цур, кој е на границата од Јудеја, каде што пред тоа се наоѓаше оружјето на непријателите, и постави таму јудејска стража; 34#4,15; 12,33; 13,11.43-48ги утврди и Јопија и Газир, која се наоѓа во пределите на Азот, во која пред тоа живееја непријателите; таму насели Јудејци и ги снабди со сѐ што им беше потребно за нивното издигнување. 35Народот ги виде делата на Симон и славата што сакаше да ја придобие за својот народ, па го постави за свој водач и првосвештеник, затоа што го направи сето тоа и за неговата справедливост и верност, што ја имаше спрема народот, грижејќи се на секаков начин да го издигне својот народ. 36#1,33; 7,22; 13,32; 15,29.35Во време на своето владеење тој успеа да ги изгони незнабошците од земјата и оние што го држеа Давидовиот град во Ерусалим, кои излегуваа од таа тврдина што ја изградија и осквернуваа сѐ околу светилиштето и големи штети ѝ нанесуваа на светињата. 37Тој во неа насели Јудејци, ја утврди за сигурност на земјата и ги изгради ерусалимските одбрамбени ѕидови. 38Затоа и царот Димитриј го потврди неговото првосвештенство, 39#2,18го присоедини кон своите пријатели и го почести со голема слава. 40#12,21Бидејќи царот беше слушнал дека Римјаните ги нарекуваат Евреите свои пријатели, сојузници и браќа и дека со почести ги примале Симоновите пратеници; 41#4,46; Јн 1,21.25; 6,14-15; 7,40дека Јудејците и свештениците се согласиле Симон засекогаш да им биде водач и првосвештеник – додека не се издигне веродостоен пророк, 42да им стане војсководец и да се грижи за светињите, да ги поставува на работа во храмот, во областите, над оружјето и над тврдините; 43#1,46да се грижи за светилиштето и сите да му се покоруваат; сите договори на земјата да се пишуваат од негово име; да се облекува во порфира и да носи златни украси. 44#10,20.89На никого од народот и од свештениците да не му биде дозволено да измени нешто од ова или да противречи на неговите зборови, или, пак, без него да се свикува собрание во земјата, да се облекува во порфира и да носи златна тока. 45Кој ќе направи нешто против ова или нешто ќе спречи, ќе биде виновен.“ 46Сиот народ се согласи да му бид послушен на Симон и да постапува според неговите зборови. 47Симон прифати и се согласи да им биде првосвештеник, војсководец и водач на Јудејците и на свештениците; да владее со сите. 48Тогаш решија да ги напишат овие зборови на бакарни плочки и да ги стават на видно место на оградата од храмот; 49а препис од нив да се пази во ризницата за да го имаат Симон и неговите синови.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
1 Макавејска 14: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006