Псалми 46

46
ПСАЛМ 46
Бог е Цар на целата земја
1За крајот. Псалм за Кореевите синови.
2 # Соф 3,14-15 Сите народи заплескајте со рацете,
воскликнете кон Бога со глас радосен.
3 # 67,35; 75,7 Зашто Господ Севишниот е страшен,
Цар велик над целата земја.
4Ни покори нам луѓе
и народите се под нозете наши.
5 # 2,8; Ис 58,14 За нас го избра наследството Свое,
убавината на Јаков, која ја возљуби.
6 # 23,7-10; 67,18; 88,15; 97,6; 4 Мојс 23,21 Се искачи Бог со восклици,
Господ со глас на труба.
7 # 29,4 Пејте Му на нашиот Бог, пејте Му;
пејте Му на нашиот Цар, пејте Му.
8Зашто Бог е Цар на целата земја,
пејте Му разумно.
9 # 83,10; 88,19; Ис 6,1; Ер 10,7; Откр 4,2 Се зацари Бог над народите,
Бог седи на Својот свет престол.
10Кнезовите народни се собраа со Бог Авраамов;
зашто Божјите моќници на земјата многу се издигнаа.

اکنون انتخاب شده:

Псалми 46: MAK2024PS

های‌لایت

کپی

مقایسه

به اشتراک گذاشتن

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید