Псалми 45
45
ПСАЛМ 45
Бог е со нас. Тој е наше прибежиште и сила
1За крајот. За Кореевите синови, псалм за тајните.
2 #
61,8
Бог ни е прибежиште и сила,
помошник во неволите што силно нѐ зафатија.
3 #
Ис 54,10; Јов 9,5-6 Затоа нема да се уплашиме кога земјата се тресе
и горите се преместуваат во срцето морско.
4 #
92,3
Забучеа и се разбрануваа водите нивни,
се затресоа горите од силата Негова.
5 #
67,16
Речните брзаци го веселат градот Божји;
Севишниот го освети живелиштето Свое.
6 #
124,1
Бог е среде него и тоа нема да се поколеба;
ќе му помогне Бог уште пред зори.
7 #
Откр 11,18; Пс 28,1-11 Се збунија народите, царствата се разнишаа;
го пушти гласот Свој, се затресе земјата.
8 #
9,9; 47,3; Ис 7,14; 8,9 Господ на силите е со нас,
заштитник ни е Бог Јаковов.
9 #
65,5
Дојдете и видете ги делата Божји,
чудесата што ги постави на земјата.
10 #
75,3; Ос 2,18 Прекратувајќи ги војните до краиштата земни,
ќе го скрши лакот, и оружјето ќе го здроби
и штитовите ќе ги изгори со оган.
11 #
5 Мојс 32,39
„Здивнете и познајте дека Јас сум Бог;
ќе се воздигнам во народите,
ќе се воздигнам на земјата“.
12Господ на силите е со нас,
заштитник ни е Бог Јаковов.
اکنون انتخاب شده:
Псалми 45: MAK2024PS
هایلایت
کپی
مقایسه
به اشتراک گذاشتن
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
Македонско библиско здружение 2024