Псалми 39
39
ПСАЛМ 39
Благодарствена молитва на спасениот праведник
1За крајот: псалм на Давид.
2Трпеливо Го чекав Господа, и Тој ме погледна
и го слушна молењето мое,
3 #
17,4; 68,2; Ер 38,6 и ме изведе од јамата на страдањето
и од калливата тиња,
па ги постави на камен нозете мои
и ги исправи моите чекори;
4 #
32,3
а во устата моја стави нова песна –
химна за нашиот Бог.
Мнозина ќе видат, и ќе се исплашат
и ќе се надеваат на Господа.
5 #
1,1; Ер 17,7 Блажен е оној човек кому името Господово му е надеж
и кој не погледнал на суетни нешта и на бладања лажни.
6 #
34,10; 70,15; 138,17-18; Јн 21,25 Многу чудесни дела си направил, Господи, Боже мој,
и нема сличен на Тебе во замислите Твои.
Објавив и реков: „Толку се намножија, што им нема број“.
7 #
49,8-10; 50,16-19; 68,30-31; Ос 6,6; Амос 5,22 Жртва и принос Ти не си посакал, но тело си ми приготвил,
сепаленица и жртва за грев Ти не си побарал.
8 #
Јн 5,39
Тогаш реков: „Ете, доаѓам;
напишано е за мене во поглавјето на книгата“;
9Боже мој, посакав да ја извршувам волјата Твоја
и законот Твој среде утробата моја.
10 #
34,18; 106,32 Благовестев правда во големото собрание;
ете, усните свои нема да ги затворам;
Ти го знаеш тоа, Господи.
11 #
77,4
Во срцето свое не ја сокрив правдата Твоја,
вистината Твоја и спасението Твое ги објавив;
милоста Твоја и вистината Твоја од големиот собир не ги сокрив.
12 #
24,21
А Ти, Господи, не оддалечувај го Твоето милосрдие од мене;
милоста Твоја и вистината Твоја постојано нека ме поткрепуваат,
13 #
6,7; 37,4.10; 68,4 зашто зла безбројни ме опкружија;
ме притиснаа беззаконијата мои, та не можев ни да гледам;
се умножија повеќе од влакната на главата моја;
и срцето мое ме напушти.
14 #
21,19; 69,1-5 Благоволи, Господи, да ме избавиш;
Господи, гледај да ми помогнеш!
15 #
34,4.26 Нека поцрвенат и нека се засрамат
сите што ја бараат душата моја за да ја растргнат!
Нека се одвратат и нека се засрамат
оние што ми посакуваат зло.
16 #
34,21.25 Веднаш нека го земат врз себе срамот
оние што ми велат: „Добро е, добро е!“
17 #
34,27; 68,6.32; 103,1 Нека Ти се радуваат и нека се развеселат сите што Те бараат, Господи,
и сите што го љубат спасението Твое,
непрестајно да велат: „Нека биде возвеличан Господ!“
18А јас сум беден и сиромав;
Господ ќе се погрижи за мене.
Помошник мој и заштитник мој си Ти;
Боже мој, не задоцнувај.
اکنون انتخاب شده:
Псалми 39: MAK2024PS
هایلایت
کپی
مقایسه
به اشتراک گذاشتن
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
Македонско библиско здружение 2024