Псалми 111

111
ПСАЛМ 111
Блажени се милостивите и оние кои се бојат од Бога
1 # 1,1-2; 127,1 Алилуја! Блажен е човекот што се бои од Господа,
по заповедите Негови прекумерно ќе копнее.
2 # 24,13; 36,26; 101,28 Силно ќе биде неговото потомство на земјата,
поколението на чесните ќе биде благословено.
3 # 110,3; Изреки 3,16 Слава и богатство има во домот негов
и правдата негова останува во вечни векови.
4 # 36,6; 96,11; 110,6; Ис 58,10; Јов 22,28; Изреки 13,9 Во темнината засветли светлина за чесните;
тој е милостив, милосрден и праведен.
5 # 36,21.26; Изреки 14,21; Лк 6,35 Добар е човекот што милува и позајмува;
своите зборови ќе ги устројува со суд,
6 # 14,5 зашто довека нема да се поколеба.
Во вечен спомен ќе биде праведникот.
7Од злобни гласини нема да се уплаши;
неговото срце е подготвено да се надева на Господа.
8 # 117,7 Се утврди срцето негово,
нема да се исплаши додека ги гледа непријателите свои.
9 # 74,10; 88,17; 91,10; 2 Кор 9,9 Раздели, им даде на бедните;
неговата праведност останува во вечни векови,
рогот на силата негова ќе се возвиши во слава.
10 # 34,16 Ќе види грешникот и ќе се разгневи,
со забите свои ќе крцка и ќе се топи;
желбата на грешникот ќе пропадне.

اکنون انتخاب شده:

Псалми 111: MAK2024PS

های‌لایت

کپی

مقایسه

به اشتراک گذاشتن

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید