Псалми 112

112
ПСАЛМ 112
Бог е милостив кон смирените
1 # 133,1; 134,1; Дан 3,85 Алилуја! Фалете Го, слуги, Господа,
фалете го името Господово.
2 # Јов 1,21; Дан 2,20; Тов 3,11 Да биде името Господово благословено
отсега, па довека.
3 # Ис 59,19; Мал 1,11 Од изгревот и до залезот на сонцето
е фалено името Господово.
4 # 56,5; 96,9 Возвишен е над сите народи Господ,
над небесата е славата Негова.
5 # 34,10; 88,6.8; Ис 57,15 Кој е како Господ, нашиот Бог?
Кој во височините живее
6 # 10,4; 13,2; 101,19 и Кој гледа на смирените
на небото и на земјата,
7 # 106,41; 1 Цар 2,8; Лк 1,52 Кој сиромавиот го подига од земјата
и бедниот го вади од буниште
8за да го седне со кнезовите,
со кнезовите на народот Свој;
9 # 1 Цар 2,5; Ис 54,1 Кој ја вдомува неплодната,
правејќи ја мајка што се радува над децата.

اکنون انتخاب شده:

Псалми 112: MAK2024PS

های‌لایت

کپی

مقایسه

به اشتراک گذاشتن

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید