Псалми 110

110
ПСАЛМ 110
Благодарствена песна за Божјите дарови
1 # 137,1; 149,1 Алилуја! Ќе Те славам, Господи, со сето срце свое,
во советот на преведните и во собранието.
2 # 91,5; Откр 15,3 Големи се делата Господови,
испитани во сите намери Негови.
3 # 111,3.9; Ис 51,6 Славата и велелепието се Негово дело
и правдата Негова останува во вечни векови.
4 # 85,15; 102,8; 111,4 Незаборавни ги направи чудесата Свои.
Милостив и милосрден е Господ;
5 # 104,8 им даде храна на оние што се бојат од Него;
ќе го помни довека заветот Свој.
6 # Ер 27,5 Силата на делата Свои му ја објави на народот Свој,
за да им го даде наследството од незнабошците.
7 # 18,7; 92,5 Делата на рацете Негови се вистина и суд;
верни се сите заповеди Негови,
8 # 18,9; 148,6; Ис 40,8 утврдени во вечни векови,
засновани на вистина и на чесност.
9 # 104,10; 5 Мојс 28,58; Лк 1,49.68 Избавување му испрати на народот Свој,
го заповеда довека заветот Свој;
свето и страшно е името Негово.
10 # Јов 28,28; Изреки 1,7; 9,9; Сир 1,16 Стравот од Господа е почеток на мудроста,
а сите што ја исполнуваат, се со добар разум.
Пофалбата Негова останува во вечни векови.

اکنون انتخاب شده:

Псалми 110: MAK2024PS

های‌لایت

کپی

مقایسه

به اشتراک گذاشتن

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید