Битие 16
16
Раѓањето на Исмаил
1 #
21,9-21; Гал 4,24 Но Сараја, жената на Аврам, не му раѓаше. А имаше таа слугинка Египќанка, по име Агара. 2И му рече Сараја на Аврам: „Ете, Господ ми ја затвори утробата за да не раѓам; туку влези кај слугинката моја, можеби ќе добијам деца од неа.“ И Аврам ги послуша зборовите Сарајини. 3И така, откако Аврам преседе десет години во земјата хананска, Сараја, жената Аврамова, ја зеде слугинката своја, Египќанката Агара, и му ја даде на мажот свој Аврам за жена. 4И тој влезе кај Агара, и таа зачна; а кога виде дека зачна, ја презре господарката своја. 5А Сараја му рече на Аврам: „Навредата моја е вина твоја; јас ти ја препуштив во прегратки слугинката моја, а таа, откако разбра дека зачна, започна да ме презира. Господ нека суди меѓу мене и тебе!“ 6Тогаш Аврам ѝ рече на Сараја: „Ете, слугинката твоја е во твои раце, прави со неа што сакаш!“ И Сараја почна да ја угнетува, и таа избега од неа. 7#25,18; 2 Мојс 15,22Но ангел Господов ја најде кај изворот во пустината, кај изворот на патот за Сур. 8И ѝ рече (ангелот Господов): „Агаро, слугинко Сарајина, од каде доаѓаш и каде одиш?“ А таа рече: „Бегам од Сараја, господарката моја.“ 9#1 Птр 2,18Ангелот Господов пак ѝ рече: „Врати се кај господарката твоја и покори ѝ се!“ 10И ангелот Господов уште рече: „Ќе го умножам многу потомството твое, така што не ќе може да се изброи.“ 11И пак ѝ рече ангелот Господов: „Ете, ти си бремена и ќе родиш син, и ќе го наречеш со името Исмаил; бидејќи Господ ја чу маката твоја. 12#25,12-18Тој ќе биде силен како диво магаре: раката негова ќе се крева против секого, и сечија рака ќе се крева против него; и ќе живее пред лицето на сите браќа свои.“ 13Тогаш (Агара) Го нарече Господа, Кој ѝ зборуваше: „Ти си Ел-Рои, Бог што гледа сѐ“, зашто рече: „Пред себе Го видов Бога и останав жива!“ 14Заради тоа тој извор се нарече Беер Лахај Рои – „Извор на живиот Кој ме гледа“, а се наоѓа меѓу Кадис и Беред. 15И му роди Агара на Аврам син; и му стави (Аврам) на синот свој, кого го роди Агара, име Исмаил. 16А Аврам имаше осумдесет и шест години кога Агара му го роди Исмаил.
اکنون انتخاب شده:
Битие 16: MK2006D
هایلایت
کپی
مقایسه
به اشتراک گذاشتن
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006