Битие 15
15
Бог воспоставува завет со Аврам
1 #
12,2.7; 13,14-17; 5 Мојс 33,29; Пс 27,7 По оние настани беше упатено слово Господово кон Аврам во видение: „Не плаши се, Авраме! Јас сум ти закрила, и наградата твоја ќе биде многу голема.“ 2#Дела 7,5А Аврам рече: „Господи, зошто ми се Твоите дарови кога сум без пород, а наследник во мојата куќа е Елиезер од Дамаск?“ 3И пак рече Аврам: „Бидејќи, Ти не ми даде потомство, ете, затоа еден од слугите родени во куќата моја, ќе биде мој наследник.“ 4Но Господ пак проговори: „Нема тој да ти биде наследник, туку оној, кој ќе произлезе од тебе, тој ќе ти биде наследник.“ 5#5 Мојс 1,10; Евр 11,12Па го изведе надвор и му рече: „Погледни на небото и изброј ги ѕвездите, ако можеш да ги изброиш.“ И му рече: „Толкаво ќе биде потомството твое.“ 6#1 Мак 2,52; Рим 4,3; Гал 3,6; Јк 2,23И Му поверува Аврам на Господ, и тоа му се засмета за праведност. 7#11,31И му рече: „Јас сум Господ, Кој те изведе од Ур Халдејски за да ти ја дадам оваа земја да ја владееш.“ 8А тој рече: „Господи, Господи, по што ќе познаам дека ќе ја наследам?“ 9И му рече: „Принеси Ми јуница од три години, и коза тригодишна, и овен од три години, а и грлица и млад гулаб!“ 10#Ер 34,18-20И тој го зеде сето тоа, и ги пресече на половина и ги стави сите половини една спроти друга; само птиците не ги преполови. 11А птици грабливки слетуваа на лешевите; но Аврам ги бркаше. 12#2,21; 2 Мојс 12,40; Јов 4,12-16А кога сонцето беше на залез, го совлада Аврам длабок сон, и ете, го опфати голем мрак – и го обзеде ужас. 13#Гал 3,17И Господ му рече на Аврам: „Знај дека потомците твои ќе бидат придојдени во туѓа земја, ќе робуваат и ќе ги мачат четиристотини години. 14#Јудита 5,6-10; Дела 7,6-7Но јас ќе го судам народот кај кого тие ќе бидат во ропство; потоа тие ќе излезат оттаму со големо богатство. 15А ти ќе отидеш кај татковците свои во мир, и ќе бидеш погребан во среќна старост. 16Тие, пак, во четвртото колено ќе се вратат ваму; зашто беззаконијата на Аморејците уште не го достигнале својот врв.“ 17А кога сонцето зајде и падна мрак, ете, дим како од печка и огнен пламен, помина меѓу оние делови. 18#12,7; 17,2Во тој ден Господ направи завет со Аврам, велејќи: „На потомството твое му ја давам оваа земја од реката во Египет до големата река Еуфрат: 19Кенијците, Кенизијците, Кадмонијците, 20#2 Мојс 3,8.17; 34,11; 5 Мојс 7,1Хитијците, Перизијците, Рефаимците, 21Аморејците, Хананците, (Евејците), Гергесејците и Јевусијците!“
اکنون انتخاب شده:
Битие 15: MK2006D
هایلایت
کپی
مقایسه
به اشتراک گذاشتن
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006