YouVersion Logo
Search Icon

1 Самоилова 24

24
Давид одбива да го убие Саул
1Потоа Давид излезе оттаму и живееше по стрмните врвови на Ен-Геди. 2Кога Саул се врати од Филистејците, му јавија, велејќи: „Ете, Давид е во пус­тинските места кај Ен-Геди.“ 3#26,2Тогаш Саул зеде три илјади одбрани мажи од цел Израел и отиде да го бара Давид и луѓето негови по планините, каде што живеат дивокози. 4#Суд 3,24И дојде кај едно овчо трло крај патот. Таму имаше пештера, и Саул влезе таму по нужда; а Давид и луѓето негови седеа во дното на пештерата. 5#23,7.12.14; 26,8И му рекоа на Давид луѓето негови: „Еве го денот, за кој ти говореше Гос­под: ‚ете, Јас ќе го предадам твојот непријател во рацете твои‘ и ќе сториш со него, она што ти е угодно.“ Давид стана и полека ја пресече полата на Сауловата горна облека. 6#2 Сам 24,10Но потоа му стана мачно на срцето Давидово, поради тоа што ја пресече полата на Сауловата облека. 7#26,11И им рече на луѓето свои: „Да не ми даде Господ да му го направам тоа на мојот господар, да ставам рака врз него, бидејќи тој е помазаник Господов.“ 8Со тие зборови ги задржа луѓето свои и не им дозволи да го нападнат Саул. А Саул стана и излезе од пеште­рата на патот. 9#26,13-14Потоа стана и Давид, излезе од пештерата и извика по Саул, велејќи: „Господаре мој, царе!“ Саул погледна назад, и Давид падна со лицето на земјата, и му се поклони. 10И Давид му рече на Саул: „Зошто ги слушаш зборовите на оние луѓе што велат, ете, Давид крои зло против тебе? 11Ете, денес видоа очите твои дека Господ те предаваше во рацете мои во пештерата, и ми говореа да те убијам, но јас те поштедив и реков: нема да кренам рака на мојот господар, бидејќи тој е помазаник на Господ. 12#23,14.23; 26,20; Пс 35,7Татко, погледни ја полата на обле­ката твоја во мојата рака, јас ја пресеков полата од облеката твоја, а тебе не те убив; знај и увери се дека во раката моја нема зло, ни непријателство, и дека јас не сум згрешил спрема тебе; а ти ја бараш душата моја за да ја одземеш. 13#1 Мојс 31,53; 3 Мојс 19,18; Суд 11,27; Ер 11,20; Рим 12,19Господ нека пресуди меѓу мене и тебе, и нека ти одмазди Господ за мене; но мојата рака нема да биде врз тебе, 14#Мт 12,35; Лк 6,45како што вели старата поговорка: – од беззаконици излегува беззаконие. – Затоа раката моја нема да биде врз тебе. 15#26,20; 2 Сам 3,8; 16,9Против кого излегол царот израелски? По кого си се растрчал? По мртво куче, по една болва. 16#Пс 35,23; 43,1; 119,154Господ нека биде судија и Тој нека пресуди меѓу мене и тебе. Тој ќе го испита делото мое и ќе ме спаси од раката твоја.“ 17#26,17Откако ги изрече Давид тие збо­рови кон Саул, Саул рече: „Твојот глас ли е тоа, сине мој Давиде?“ И го крена Саул гласот свој, и плачеше 18#26,21; Мт 5,44и му рече на Давид: „Ти си поправ од мене, зашто ми врати со добро, а јас ти враќав со зло; 19#26,23ти го покажа тоа денес, постапувајќи со мене милостиво: кога Господ ме предаваше во рацете твои, ти не ме уби. 20Кој, откако ќе го најде непријателот свој, ќе го пушти здрав и цел? Господ нека ти врати со добро за тоа што ми го направи денес ти. 21#23,17Сега знам дека ти бездруго ќе станеш цар, и царството израелско ќе биде силно во раката твоја. 22#20,14-16; 2 Сам 21,6-8Затоа заколни ми се во Господ дека нема да го искорениш потомството мое по мене и нема да го уништиш името мое во домот на мојот татко.“ 23#23,19Му се заколна Давид на Саул. И Саул отиде во својот дом, а Давид и луѓето негови се искачија кон своето засолниште.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy