YouVersion Logo
Search Icon

1 Самоилова 25

25
Навал одбива да му помогне на Давид
1 # 28,3 И Самоил умре. Тогаш се собраа сите Израелци, го оплакаа и го погребаа во куќата негова, во Рама. Давид стана и слезе кон пустината Фаран. 2#23,24; 1 Мојс 21,21; Ис.Н. 15,55; 2 Сам 13,23-24Имаше во Маон еден човек многу богат, а имотите му беа на Кармил. Тој имаше три илјади овци и илјада кози. Тој беше на стрижење кај овците свои на Кармил. 3#25,25; Ис.Н. 15,13-19Тој човек се викаше Навал, а жена му се викаше Авигеја. Таа жена беше многу умна и убава, а тој – жесток и лош човек; тој беше од родот на Халев. 4Давид слушна во пустината дека Навал ги стриже овците свои. 5И Давид испрати десет момци, и им рече Давид на момците: „Одете на Кармил, појдете кај Навал, поздравете го од мое име 6#Лк 10,5и кажете му вака: ‚Мир на тебе, мир на твојот дом, мир на сѐ што е твое! 7#25,15.21Денес слушнав дека ти ги стрижат овците; ете, овчарите твои беа со нас, и ние не ги навредувавме, и ништо кај нив не се загуби за сето тоа време, додека стоеја на Кармил. 8Прашај ги слугите свои, и тие ќе ти кажат. Затоа нека најдат момците бла­гонаклоност во очите твои, бидејќи во добар ден дојдовме. Дај им, пак, на слугите твои и на синот свој Давид она што ти се наоѓа при рака.‘“ 9Давидовите луѓе отидоа и му ги кажаа на Навал од името на Давид сите тие зборови, и замолчаа. 10#22,7; Суд 9,28Навал им одговори на Давидовите слуги и рече: „Кој е тој Давид, кој е тој син Јесеев? Сега има многу слуги кои бегаат од господарите свои. 11Зар да ги земам лебот свој и водата своја, и месото што сум го приготвил за стрижачите на овците, и да им дадам на луѓе што не ги знам од каде се?“ 12И Давидовите луѓе се вратија по својот пат, се вратија и дојдоа, та му ги соопштија на Давид сите тие зборови. 13Тогаш Давид им рече на луѓето свои: „Препашете го секој мечот свој.“ И сите ги препашаа своите мечеви, го препаша и Давид мечот свој, и тргнаа по Давид околу четиристотини мажи, а двесте оставија кај логорот.
Авигеја му доаѓа на помош на Давид
14Но еден од слугите ѝ јави на Ави­геја, жената Навалова, велејќи: „Ете, Давид испрати од пустината известувачи да го поздрават нашиот господар, но тој се однесе кон нив грубо. 15#25,7А тие луѓе се многу добри кон нас, не нѐ навредуваа, и ништо не се изгуби кај нас, за сето време додека одевме со нив, и додека бевме во полето; 16тие беа за нас како ѕид и дење и ноќе за сето време, додека ги пасевме стадата близу до нив; 17затоа, помисли и види што да се прави, бидејќи неизбежна несреќа му се заканува на господарот наш и целиот дом негов; а тој е лош човек, не може да се говори со него.“ 18#2 Сам 16,1; 1 Лет 12,40-41Тогаш Авигеја набрзина зеде двесте леба и две мешини со вино, и пет овци зготвени, пет мери пржено жито, сто врзопки суво грозје и двесте низи смок­ви, и ги натовари на магариња, 19па им рече на слугите свои: „Тргну­вајте пред мене, ете, јас ќе одам по вас.“ А на мажот свој Навал ништо не му кажа. 20А кога таа, седната на магаре, се спушташе по падините на планината, ете, во пресрет ѝ доаѓа Давид и луѓето негови, и таа се сретна со нив. 21#Пс 109,5И Давид рече: „Да, залудо го пазев во пустината целиот имот на тој човек, и ништо не се изгуби од тоа што беше негово; тој ми плаќа зло за добро. 22#3,17; 14,44; 20,13; 1 Цар 14,10Нека Господ му прати на Давид најголема казна и уште повеќе да му додаде, ако утре до разденување, од сѐ што е Навалово, оставам макар едно суштество што мокри покрај ѕид!“ 23#20,41Штом Авигеја го виде Давид, таа брзо слезе од магарето, падна ничкум пред Давид и се поклони до земја, 24падна до нозете негови и рече: „Врз мене да е гревот, господаре мој; дозволи ѝ на робинката твоја да говори во ушите твои и слушни ги зборовите на робинката твоја. 25Нека не обрнува внимание господарот мој на тој лош човек, на Навал#25,25 Безумен; зашто, како што му е името, таков е и тој: Навал му е името, и безумието е со него. А јас, твојата робинка, не ги видов слугите на мојот господар што си ги испратил. 26#25,31.33; 2 Сам 18,32; Евр 10,30И сега, господаре мој, ти се колнам во Господ и во душата твоја! Господ нема да дозволи да пролеваш крв, а ќе ја задржи раката твоја да не се одмаздуваш; и сега нека бидат како Навал твоите непријатели и овие, кои мислеа лошо против мојот господар. 27#1 Мојс 33,11; 2 Цар 5,15; 2 Кор 9,5Еве ги даровите што робинката твоја му ги донесе на својот господар за да им се разделат на момците, кои му служат на мојот господар. 28#2,35; 2 Сам 7,16; 1 Цар 11,38Прости ѝ ја вината на робинката своја; Господ бездруго ќе подигне за мојот господар цврст дом, зашто мојот господар води Господови војни, и во текот на целиот живот твој зло нема да се најде во тебе. 29Ако човекот стане да те гони и да ја бара душата твоја, тогаш душата на мојот господар ќе биде сврзана со јазелот на животот кај Господ, твојот Бог, а душата на твоите непријатели Тој ќе ја отфрли како од праќа. 30#13,14И кога Господ постапи со мојот господар според сето добро што го го­вореше за тебе, и те постави за водач на Израел, 31за срцето на мојот господар тоа нема да биде огорченост и неспокојство, зашто пролеал напразно крв, и зашто си се спасил. Господ ќе му направи доб­ро на мојот господар, и ти ќе си спом­неш за робинката своја.“ 32А Давид ѝ рече на Авигеја: „Благо­словен Господ, Бог Израелов, Кој те испрати денес во пресрет мој, 33и благословен да биде твојот разум и благословена да бидеш ти, поради тоа што сега не ме остави да пролевам крв и да се одмаздам за себеси. 34#25,22; 1 Цар 14,10; 2 Цар 9,8Но, – се колнам во Господ, Бог Из­раелов, кој ме задржа да не ти направам зло, – ако не побрзаше и ако не ми дојдеше во пресрет, тогаш утре до разденување јас немаше да му оставам на Навал ниту едно суштество што мокри покрај ѕид.“ 35#20,42; 1 Мојс 19,21; 2 Цар 5,19Тогаш Давид го зеде од рацете нејзини она што му го беше донела, и ѝ рече: „Оди си со мир во домот свој; ете, го послушав гласот твој и го почитав лицето твое.“
Смртта на Навал. Давид се жени со Авигеја
36 # 2 Сам 13,23 Авигеја дојде кај Навал, и ете, кај него во домот негов гоштевање како царска гозба, и срцето на Навал беше весело; тој беше многу пијан; затоа таа ништо не проговори, ни многу, ни малку, до изутрината. 37А изутрината, кога Навал се ис­трезни, и жената негова му раскажа за тоа, срцето негово замре, и тој стана како камен. 38По десет дена Господ го удри Навал, и тој умре. 39#24,16; Суд 9,57; 1 Цар 2,44Кога Давид слушна дека Навал умрел, и рече: „Благословен да е Гос­под, Кој врати за срамот што ми го нанесе Навал, и Кој го зачува Својот слуга од зло; Господ ја сврте злобата на Навал врз неговата глава.“ И Давид испрати да ѝ кажат на Авигеја дека тој ќе ја земе за жена. 40И Давидовите слуги дојдоа кај Авигеја на Кармил и ѝ рекоа вака: „Давид нѐ испрати кај тебе за да те земеме да му бидеш жена.“ 41#Рута 2,10Таа стана и се поклони ничкум до земјата и рече: „Ете, робинката твоја е готова да биде слугинка за да ги мие нозете на слугите на мојот господар.“ 42#1 Мојс 24,61-67Авигеја се подготви набрзина, седна на магаре и, придружена од пет слугинки, тргна по известувачите на Давид и стана негова жена. 43#27,3; 30,5; 2 Сам 3,2А Давид ја зеде и Ахиноам од Јизреел, та и двете му беа жени. 44#2 Сам 3,13-16Саул, пак, му ја даде ќерка си Ми­хала, Давидовата жена, на Палтиј, си­нот на Лаис, од Галим.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy