YouVersion Logo
Search Icon

1 Самоилова 23

23
1 # Ис.Н. 15,44 Го известија Давид и рекоа: „Ете Филистејците го напаѓаат Кеила и ги разграбуваат гумната.“ 2#2 Сам 5,19.23А Давид го запраша Господа, ве­лејќи: „Да одам ли и да ги нападнам тие Филистејци?“ И Господ му одговори на Давид: „Оди, ти ќе ги нападнеш Филис­тејците и ќе го спасиш Кеила.“ 3Но оние што беа со Давид, му рекоа: „Ете, ние се плашиме тука во Јудеја, па како ќе одиме во Кеила против филистејските групи?“ 4#Ис.Н. 8,7; Суд 7,7Тогаш Давид пак Го запраша Гос­пода, а Господ му одговори и рече: „Стани и оди во Кеила, зашто Јас ќе ги предадам Филистејците во твои раце.“ 5И Давид отиде со луѓето свои во Кеила, се биеше со Филистејците, го отепа нивниот добиток и им нанесе голем пораз. И така Давид ги спаси жителите на Кеила. 6#22,20Кога Авијатар, Ахимелеховиот син, избега кај Давид и отиде со него во Кеила, тој беше донел со себеси и ефод. 7Му јавија на Саул дека Давид дошол во Кеила, и Саул рече: „Бог го предаде во мои раце, зашто тој се затвори, влегувајќи во град кој има порти и резиња.“ 8И го свика Саул целиот народ во војна за да отиде против Кеила да го опколи Давид и негови луѓе. 9#30,7Кога Давид дозна дека Саул намислил лошо против него, му рече на свештеникот Авијатар: „Донеси го ефодот Господов.“ 10Тогаш Давид рече: „Господи, Боже Израелов! Твојот слуга слушна дека Саул сака да дојде во Кеила, и да го уништи градот поради мене. 11Ќе ме предадат ли Кеилците во рацете негови? И ќе дојде ли тука Саул, како што чу твојот слуга? Господи, Боже Израелов, јави му на слугата свој.“ И рече Господ: „Ќе дојде.“ 12#23,20Давид пак праша: „Ќе ме предадат ли Кеилците мене и моите луѓе во Сауловите раце?“ И Господ му рече: „Ќе те предадат.“ 13#22,2; 25,13Тогаш стана Давид и луѓето негови, околу шестотини души, излегоа од Кеила и отидоа, каде што можеа. А на Саул му јавија дека Давид избегал од Кеила, и тогаш тој се откажа од походот. 14#23,24; 26,2А Давид престојуваше во пустината во непристапни места и потоа на ридестите предели во пустината Зиф. Саул го бараше секој ден, но Бог не го предаде Давид во рацете негови. 15И Давид виде дека Саул излегол да ја бара душата негова; Давид тогаш беше во пустината Зиф, во ридестите предели. 16#20,12-17.40-42; 24,21-23И Сауловиот син Јонатан стана, дојде кај Давид во гората и го поткрепи со надежта во Бога, 17и му рече: „Не плаши се, зашто ра­ката на татко ми Саул нема да те најде, и ти ќе царуваш над Израел, јас, пак, ќе бидам втор по тебе. И Саул, мојот тат­ко, го знае тоа.“ 18#18,3; 20,17; 2 Сам 9,1; 21,7Тогаш си дадоа меѓу себе завет пред лицето на Господ. И Давид остана во гората, а Јонатан отиде во домот свој.
Саул го гони Давид
19 # 26,1; Пс 54,1-2 И дојдоа Зифејци кај Саул во Гива и рекоа: „Ете, Давид се крие кај нас по недостапни места, кај Хореш, во ридо­вите на Хахила, јужно од пустината. 20Затоа, ако сака душата твоја, царе, дојди. А наша работа ќе биде да го пре­дадеме во рацете на царот.“ 21#22,8И рече Саул: „Да ве благослови Господ што сте ме пожалиле! 22Одете, уверете се уште еднаш, ис­питајте и разгледајте го местото негово, каде што е ногата негова, и кој го виде таму, бидејќи ми велат дека е многу итар. 23Разгледајте и испитајте за сите прибежишта, во кои се крие тој, и вра­тете се кај мене со точно известување. Тогаш јас ќе отидам со вас; и ако е во таа земја, ќе го барам по сите Јудини места.“ 24#25,2; Ис.Н. 15,55И станаа и отидоа во Зиф пред Саул. А Давид и луѓето негови беа во нискиот дел на пустината Маон, јужно од степата. 25Потоа отиде Саул со своите луѓе да го бара. Но му јавија на Давид за тоа, и тој слезе кај карпестите места во пустината Маон. Саул слушна и се пушти по Давид во пустината Маон. 26Саул одеше на едната страна од планината, а Давид со луѓето свои беше од другата страна на планината. И кога Давид брзаше да се оддалечи од Саул, а Саул со луѓето свои одеше да го заобиколи Давид и луѓето негови за да ги фати, 27тогаш дојде кај Саул известувач и рече: „Побрзај и дојди, бидејќи Филис­тејците ја нападнаа земјата.“ 28И се врати Саул од гонењето на Давид и отиде против Филистејците; за­тоа и го нарекоа тоа место Се­ла-Мах­лекот#23,28 Карпа на разделбите.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy