YouVersion Logo
Search Icon

Јован 5

5
Исцелувањето на болен човек во бањата Витезда
1Потоа беше еден празник ју­деј­ски, и се искачи Исус во Ерусалим. 2#Неем 3,1.32; 12,39А во Ерусалим, кај Овчата порта, има бања, по еврејски наречена Витез­да#5,2 Бет-Зата, со пет тремови. 3Во нив лежеа мнозина болни, слепи, куци, исушени, кои очекуваа да се раздвижи водата, 4зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел Господов и ја раздви­жуваше водата; и кој прв ќе влезеше по придвижувањето на водата, оздравува­ше од каква било болест да боледуваше. 5#5 Мојс 2,14; Лк 8,29Имаше таму и еден човек кој боледуваше триесет и осум години. 6Кога Исус го виде како лежи, зна­еј­ќи дека многу години боледува, му ре­че: „Сакаш ли да оздравиш?“ 7Болниот Му одговори: „Господи! Немам човек што ќе ме спушти во ба­њата кога ќе се раздвижи водата; до­де­ка јас да дојдам, друг слегува пред ме­не.“ 8#Мт 9,6; Мк 2,11; Лк 5,24Исус му рече: „Стани, земи ја пос­телката своја и оди си!“ 9#9,14; Мт 12,1; Лк 5,25; 13,14; Дела 3,8И веднаш оздраве човекот, ја зеде постелката своја и одеше. А тој ден бе­ше сабота. 10#9,16; 2 Мојс 20,8; Ер 17,21; Мт 12,2Заради тоа Јудејците Му рекоа на исцелениот: „Сабота е и не треба да ја носиш својата постелка!“ 11#9,11Но тој им одговори: „Оној што ме излекува, ми рече: ‚Земи ја постелката своја и оди!‘“ 12А тие го прашаа: „Кој е тој човек што ти рече: ‚Земи ја постелката своја и оди?‘“ 13#6,2-3.15; Мт 8,18; Мк 7,17Но исцелениот не знаеше кој е, зашто Исус се беше оддалечил бидејќи на тоа место имаше многу народ. 14#8,11; Мт 9,2; Мк 2,5Подоцна Исус го сретна во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и не гре­ши веќе, за да не те снајде нешто по­ло­шо!“ 15#9,11А човекот отиде и им кажа на Јудејците дека Исус е Оној што го из­ле­кувал. 16#1 Мојс 2,2-3; 2 Мојс 20,10И затоа Јудејците Го гонеа Исуса и сакаа да го убијат, зашто тоа го вршеше во сабота. 17#7,23; 9,4А Исус им одговараше: „Мојот Отец досега работи, и Јас работам.“ 18#2,16; 8,37.40; Мудр 2,16; Мт 14,5; 26,4; Фил 2,6Затоа Јудејците уште повеќе сакаа да Го убијат, бидејќи не само што ја нарушуваше саботата, туку и Бога Го нарекуваше Свој Отец, правејќи се ед­наков со Бога.
Исусовата власт
19 # 5,30; 8,28.42 А Исус им одговори на тоа и рече: „Вистина, вистина ви велам: Синот не може да прави ништо Сам од Себе, ако не види што прави Отецот; бидејќи она што го прави Тој, тоа истото го прави и Синот. 20#3,35; 7,3.21; 14,10-12; 15,9; 17,23-24Зашто, Отецот Го сака Својот Син и Му покажува сѐ што Самиот прави; и ќе Му покаже дела поголеми од овие, за да се чудите вие. 21#1,4; 11,25; 1 Цар 2,6; Рим 4,17; Ефес 2,5Зашто, како што Отецот воскреснува мртви и ги оживува, така и Синот ги оживува оние кои сака. 22#3,17; 5,27; 9,39; 12,47; Дела 10,42Отецот не суди никого, туку целиот суд Му го предаде на Синот; 23#Лк 10,16; Фил 2,10-11; 1 Јн 2,23та сите да Го почитуваат Синот, како што Го почитуваат Отецот. Кој не Го почитува Синот, тој не Го почитува ниту Отецот, Кој Го пратил. 24#3,11.15-16.18; 8,51; 10,27-28; 1 Јн 3,14Вистина, вистина ви велам: кој го слуша словото Мое и верува во Оној Кој Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, туку преминал од смрт во живот. 25#5,28; 11,25-26.43; Мк 5,41; Лк 7,14; 8,54; Ефес 2,1.5Вистина, вистина ви зборувам: иде часот и веќе е дојден, кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји, и тие што ќе го чујат, ќе оживеат. 26#1,4; 6,53.57Зашто, како што Отецот има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе; 27#5 Мојс 7,10-14; Мт 8,20; Евр 2,18и Му даде власт и да суди, зашто Тој е Синот Човечки. 28#11,43-44Не чудете се на ова, зашто иде часот кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, 29#Дан 12,2; Мт 16,27; 25,46; Лк 14,14; Дела 24,15; 1 Кор 15,32; 1 Сол 4,16; Откр 20,13и ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување.
Сведочење за Исуса
30 # 4,34; 5,19; 6,38; Лк 22,42 Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и судам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Отецот Кој Ме прати. 31#8,13-14Ако Јас сведочам Сам за Себе, све­доштвото Мое нема да биде вистинито. 32#3,26; 5,36-37.39; 8,18; 15,26; 19,35; 1 Јн 5,6-9Но има Друг што сведочи за Мене; и знам дека е вистинито тоа сведоштво со кое Тој сведочи за Мене. 33#1,7.15.34; 3,27-30Вие пративте кај Јован и тој ви посведочи за вистината. 34#1 Јн 5,9Не дека Јас примам сведоштво од човек; туку ова го кажувам за да се спасите вие. 35#1,8; Сир 48,1; 2 Птр 1,19Тој беше светило што гори и свети, а вие сакавте да се порадувате на неговата светлина за кратко време. 36#2,11; 3,2; 9,16.33; 10,25.38; 14,11; Мт 9,6Но Јас имам поголемо сведоштво од Јовановото; делата што Ми ги даде Отецот да ги извршам, самите тие дела, што ги извршувам Јас, сведочат за Мене дека Ме пратил Отецот. 37#6,44-46; 8,18; 5 Мојс 4,12.15; Мт 3,17; 1 Јн 5,9И Отецот, Кој Ме прати, Сам пос­ведочи за Мене. А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето Негово сте го виделе. 38#6,29; 8,37; 1 Јн 2,14И зборовите Негови не се во вас, зашто не верувате во Оној кого Го пра­тил Тој. 39#1,45; 2,22; 5 Мојс 8,1.3; 30,15-20; Пс 118; Мт 1,22; Лк 24,27.44; Дела 13,27; 1 Птр 1,10-11; Откр 19,10Ги истражувате Писмата, зашто вие мислите дека во нив имате живот вечен; а токму тие сведочат за Мене. 40Но не сакате да дојдете кај Мене за да имате живот. 41#7,18; 12,43; 1 Сол 2,6Од луѓе слава не примам, 42но Јас ве познавам дека во себе љубов Божја немате. 43#Мт 24,5.24Јас дојдов во името на Мојот Отец и не Ме примате; а некој друг, ако дојде во свое име, него ќе го примите. 44#7,18; 8,50.54; 12,23.28.43; Рим 2,29; 1 Кор 4,5.7Како можете вие да поверувате ко­га примате слава еден од друг, а славата, што е од Единиот Бог, не ја барате? 45#9,28; 5 Мојс 31,26-27; Рим 2,17Немојте да мислите дека Јас ќе ве обвинувам пред Отецот; има кој да говори против вас – Мојсеј, на кого вие се надевате. 46#5 Мојс 18,15; Лк 24,27; Дела 3,22; 7,35.37Зашто, ако му бевте верувале на Мојсеј, и Мене ќе Ми поверувавте, заш­то тој пишуваше за Мене. 47#1,17; 6,32; Лк 16,29-31; 2 Кор 3,14-16Ако, пак, на неговите Писанија не поверувавте, како тогаш ќе им поверувате на Моите зборови?“

Currently Selected:

Јован 5: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy