YouVersion Logo
Search Icon

Јован 6

6
Исус нахранува над пет илјади луѓе
(Мт 14,13-21; Мк 6,30-44; Лк 9,10-17)
1Потоа Исус отиде на другата страна од Галилејското, Тиверијадското Море. 2#2,23; Мт 4,23.25; 12,15; Лк 9,11И по него одеше многу народ, зашто ги гледаа чудата Негови што ги вршеше над болните. 3А Исус отиде во гората и таму се­де­ше со учениците Свои. 4#2,13; Лк 22,1И наближуваше јудејскиот празник Пасха. 5#1,43; 12,21; 4 Мојс 11,13Исус, пак, откако ги подигна очите, виде дека кон Него иде многу народ му рече на Филип: „Од каде да купиме леб за да јадат овие?“ 6#2,25; 6,61.64; 13,11; 21,17; 2 Кор 13,5; Откр 2,2А тоа го рече за да го искуша, зашто Сам знаеше што ќе направи. 7Филип Му одговори: „Не ќе им биде доволно леб за двесте денарии, па да до­бие секој од нив по малку!“ 8#1,40; Мт 4,18; 10,2Еден од учениците Негови, Андреј, братот на Симон Петар, Му рече: 9#21,9-13; Суд 7,13; 4 Цар 4,42-43„Овде има едно момче кое има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толку души?“ 10Исус рече: „Кажете им на луѓето да поседнат!“ А на тоа место имаше многу трева. Тогаш поседнаа луѓето, на број околу пет илјади. 11#Откр 4,9; 11,17Исус ги зеде лебовите, заблагодари и им ги подаде на учениците, а учени­ци­те на оние што поседнаа; исто така и од рибите, кој колку са­ка­ше. 12А кога се наситија, им рече на учениците Свои: „Соберете ги остана­тите парчиња за да не се загуби ништо!“ 13#4 Цар 4,44И од петте јачменови лебови собраа и наполнија дванаесет кошници пар­чи­ња, што им преостанаа на оние што ја­деа. 14#Мт 21,11; Дела 7,37Луѓето, кога го видоа чудото што го направи Исус, рекоа: „Овој е навистина Пророкот Кој требаше да дојде на светот!“ 15#18,36; Мт 14,22-23; Мк 6,46Но Исус, штом разбра дека сакаат да дојдат и да Го фатат за да го прогла­сат за цар, повторно се повлече Сам во гората.
Исус оди по морето
(Мт 14,22-33; Мк 6,45-52)
16А приквечер, учениците Негови слегоа до морето, 17и откако влегоа во кораб, тргнаа преку мо­рето кон Капернаум. И веќе се беше стемнило, а Исус сѐ уште не беше дошол кај нив. 18Морето, пак, се подигаше, зашто дуваше силен ветар. 19И кога беа поминале дваесет и пет – до триесет стадии#6,19 5-6 километри, по наши мерила., Го видоа Исуса ка­ко оди по морето и се приближува кон коработ, па се уплашија. 20#Мт 14,27; Мк 16,6Но Тој им рече: „Јас сум, не пла­шете се!“ 21Тие сакаа да Го примат во коработ и веднаш коработ пристигна до брегот, каде што одеа.
Народот Го бара Исуса
22 # 12,12 Утредента наутро народот, што стоеше од другата страна на морето, забележа дека таму немаше друг кораб, освен еден, во кој влегоа учениците Не­гови, и дека Исус не влезе во коработ со учениците Свои, туку само учениците негови заминаа. 23И други кораби дојдоа од Тиве­ри­ја­да, близу до она место каде што беа јале леб, откако Господ заблагодари. 24#Мк 1,37И кога видоа луѓето дека Исус не беше таму, ниту учениците Негови, влегоа сами во кораби и дојдоа во Ка­пернаум да Го бараат Исуса.
Лебот на животот
25И штом Го најдоа отаде морето, Му рекоа: „Рави, кога дојде овде?“ 26#2,11А Исус им одговори и рече: „Вис­ти­на, вистина ви велам: вие не Ме барате затоа што видовте чуда, туку затоа што јадевте од лебовите и се наситивте. 27#4,14; 6,50-51.54.58; Ис 55,2; Мт 8,20; 16,12; Ефес 4,30Работете не за храна што се расипува, туку за храна што останува за вечен живот и која ќе ви ја даде Синот Чо­веч­ки, зашто врз Него ставил печат Бог Отецот.“ 28#1 Кор 15,58А тие Му рекоа: „Што да правиме за да извршуваме Божји дела?“ 29#1 Сол 1,3; 1 Јн 3,23Исус им одговори и рече: „Божјото дело е ова: да поверувате во Оној Кого Го испрати Тој.“ 30#2,18; Мт 12,38А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш? 31#2 Мојс 16,15; 4 Мојс 11,7-9; 21,5; 5 Мојс 8,3; Неем 9,15; Пс 77,24; 104,40; Мудр 16,20Татковците наши јадеа мана во пус­тината, како што е напишано: ‚Леб од небото им даде да јадат.‘“ 32#6,49.58Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не ви даде Мојсеј леб од не­бото, туку Мојот Отец ви дава вистински леб од небото. 33#6,41.51Зашто лебот Божји е Оној, Кој сле­гува од небото и му дава живот на светот.“ 34#4,15; Мт 6,11; Лк 11,3Тогаш Му рекоа: „Господи, да­вај ни го секогаш тој леб!“ 35#4,14; 6,48.51.58; 11,25; 14,6; Ис 55,1-3; Изреки 9,1-6; Сир 24,19-22А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа кај Мене, нема да ог­ладни и кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни. 36#6,26.29.40.64; 9,41; 15,24; 20,29Но ви реков: вие и Ме видовте и не верувате. 37#17,6-7.24; Мт 11,28; 1 Јн 5,4Сѐ што Ми дава Отецот, ќе дојде кај Мене; а кој доаѓа кај Мене, нема да го избркам надвор; 38#4,34; 5,30; Мт 26,39; Мк 14,36; Лк 22,42; Евр 10,9зашто Јас слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати. 39#6,44.54; 10,28-29; 17,12; 18,9; Мт 18,14А волјата на Отецот, Кој Ме прати, е оваа: од сѐ што Ми дал да не загубам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден. 40#6,54; 11,24-25А оваа е волјата на Оној што Ме прати: секој што ќе го види Синот и ќе поверува во Него да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“ 41#6,33.35.51.58; 2 Мојс 16,2-8; 1 Кор 10,10Негодуваа против Него Ју­деј­ци­те, зашто рече: „Јас сум лебот што сле­зе од небото“, 42#7,27; Мк 6,3и зборуваа: „Зар не е Овој Исус, Јо­сифовиот син, Чиј татко и мајка ги познававме? Како тогаш Тој вели: ‚Слегов од небото.‘“ 43Им одговори Исус и рече: „Не мр­морете меѓу себе. 44#6,39.65; 12,32; Ос 11,4; Мт 16,17Никој не може да дојде кај Мене, ако не го привлече Отецот, Кој Ме пра­ти; и Јас ќе го воскреснам во последни­от ден. 45#Ис 54,13; Ер 31,33-34; 1 Сол 4,9; 1 Јн 4,12; 2,27Кај Пророците е напишано: ‚И ќе бидат сите од Бога научени.‘ Секој што чул од Отецот и се научил, доаѓа кај Мене. 46#1,18; 7,29; 2 Мојс 33,20Не дека некој Го видел Бога, освен Оној Кој е од Бога; Тој го видел Отецот. 47#3,15-16.36Вистина, вистина ви велам: Кој верува во Мене има вечен живот. 48#6,35.38.51.58Јас сум лебот на животот. 49Татковците ваши јадеа мана во пус­тината и умреа; 50а ова е леб што доаѓа од небото, и оној, кој јаде од него, нема да умре. 51#1,14; 3,6; 15,13; Мт 26,26; 1 Кор 11,24; Евр 10,5.10; 1 Јн 3,16Јас сум живиот леб што слезе од не­бото; кој јаде од овој леб, ќе живее веч­но; а лебот што ќе го дадам Јас, е Мо­ето тело, што ќе го предадам за животот на светот.“ 52#3,4Јудејците пак почнаа да се препира­ат меѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде телото Свое да го јадеме?“ 53#4,14; 5,26; Мт 8,20; 1 Кор 11,23-24А Исус им рече: „Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Не­гова, не ќе имате живот во себе. 54#6,39.40.44Кој го јаде Моето тело и ја пие Мо­јата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. 55#Кол 2,16Зашто Моето тело е вистинска хра­на, и Мојата крв – вистинско питие. 56#15,4-5; 1 Јн 3,24Кој јаде од Моето тело и пие од Мо­јата крв, ќе биде во Мене и Јас во него. 57#5,26; Мт 16,16; Евр 7,25Како што Ме прати живиот Отец и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Ме­не. 58#6,41.51Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа мана и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе живее довека.“ 59#18,20Ова го кажа Исус во синагогата, кога поучуваше во Капернаум.
Зборови за вечен живот
60 # Јуда 1,15 Тогаш мнозина од учениците Него­ви, откако го слушнаа тоа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша!?“ 61#Мт 11,6А Исус, знаејќи во Себе дека уче­ни­ците Негови негодуваат заради тоа, им ре­че: „Зар ова ве соблазнува? 62#3,13; 12,32; 17,5; Мт 8,20; Дела 1,9-11А што ако Го видите Синот Чо­веч­ки како се вознесува горе, каде што бил порано? 63#3,6; 2 Кор 3,6; Гал 6,8; 1 Птр 3,18Духот е тој што оживува; телото ништо не ползува. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот. 64#2,25Но има меѓу вас и некои што не ве­руваат.“ Исус знаеше од почеток кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе го предаде. 65#3,27; 6,44И рече: „Затоа ви зборувам дека никој не може да дојде кај Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.“ 66#Лк 9,62Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него. 67#2 Тим 1,15Тогаш им рече Исус на дванаесет­мината: „Да не сакате и вие да си отидете?“ 68#Мк 8,27-33#5 Мојс 8,3; Дела 5,20А Симон Петар Му одговори: „Гос­поди, кај кого ќе отидеме? Ти имаш збо­рови за вечен живот, 69#10,36; Мк 1,24; Лк 4,34; Дела 3,14; 1 Јн 4,16и ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, Син на живиот Бог.“ 70#13,18; 15,16; Лк 22,3Исус им одговори: „Не ли ве избрав дванаесетмина? Но еден од вас е ѓа­вол#6,70 Грчкиот збор диаволос, од кој произлегува зборот ѓавол, примарно значи клеветник..“ 71#12,4; Лк 6,13.16А зборуваше за Јуда Симонов Ис­ка­риотски, зашто тој, иако еден од двана­есетмината, сакаше да Го предаде.

Currently Selected:

Јован 6: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy