YouVersion Logo
Search Icon

Јован 4

4
Исусовиот разговор со Самарјанката
1 # 3,22 Кога разбра Исус дека фарисеите чуле дека Тој придобива повеќе ученици отколку Јован и крштеваше, 2макар што Самиот Исус не крш­те­ваше, туку учениците Негови, 3ја напушти Јудеја и отиде пак во Га­лилеја. 4#Мт 10,5; Лк 9,52-55; 17,11Требаше да мине преку Самарија. 5#1 Мојс 33,19; 48,22; Ис.Н. 24,32Така, дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето, што му го даде Јаков на својот син Јо­сиф. 6#5 Мојс 33,28Таму беше изворот на Јаков. Исус, пак, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот#4,6 Околу 12 часот. час. 7#1 Мојс 24,20; Ис 12,3Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пи­јам!“ 8А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна. 9#Сир 50,25-26; Лк 10,33Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, жена Самар­јанка, да пиеш?“ Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат. 10#7,37-38; Ер 2,13; 17,13; Зах 14,8; Пс 35,8-9; Откр 21,6; 22,17Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ‚Дај Ми да пијам‘ – ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“ 11Жената Му рече: „Господи, Ти немаш ведро, а кладенецот е длабок; од каде, пак, имаш жива вода? 12#8,53; Мт 12,41-42Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец!? И самиот тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов!“ 13#Сир 24,21Исус ѝ одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни; 14#6,35; 7,38; Ис 44,3; 58,11; Јоил 2,28; Сир 15,3а кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен.“ 15#6,34Жената Му рече: „Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење!“ 16Исус ѝ рече: „Оди, повикај го твојот маж и дојди тука!“ 17Жената одговори и Му рече: „Не­мам маж.“ Исус ѝ рече: „Право кажа дека немаш маж; 18#Ос 2,5зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече.“ 19#7,40Жената Му одговори: „Господи, гледам дека си Ти пророк! 20#5 Мојс 11,29; 12,5-14; Пс 121,1-5; Лк 9,53Нашите татковци се поклонуваа на оваа планина, а вие велите дека во Еру­салим е местото каде што треба да се поклонуваме.“ 21#Мал 1,11; Дела 6,14Исус ѝ рече: „Жено, верувај Ми де­ка доаѓа време кога ниту на оваа плани­на, ниту во Ерусалим не ќе се поклонувате на Отецот. 22#4 Цар 17,27-41; Ис 2,3; Рим 9,3-4Вие му се поклонувате на она што не го знаете, а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците. 23#5,25; Сир 35,1-6; Ефес 2,18; 1 Јн 5,6Но иде време и веќе дошло кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние кои Му се поклонуваат. 24#Рим 8,5; 12,1Бог е Дух и оние што Му се покло­нуваат, треба да се поклонуваат во дух и вистина.“ 25#1,41Жената Му рече: „Знам дека ќе дој­де Месија, наречен Христос; кога ќе дојде Тој, сѐ ќе ни каже.“ 26#9,37; Мк 14,61-62А Исус ѝ рече: „Јас сум, Кој зборува со тебе.“ 27И тогаш дојдоа учениците Негови и се зачудија дека говореше со жена; но ниеден не Му рече: „Што сакаш?“ или: „Зошто зборуваш со неа?“ 28А жената ја остави својата стомна и отиде в град и им рече на луѓето: 29#Мт 12,23„Дојдете, видете Го човекот Кој ми кажа сѐ што сум направила. Да не е Тој Христос?“ 30Тогаш тие излегоа од градот и тргнаа кон Него. 31Во тоа време, пак, учениците Го молеа, велејќи: „Рави, јади!“ 32#5 Мојс 8,3; Мт 4,4Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.“ 33Тогаш учениците си проговорија меѓу себе: „Да не Му донел некој да ја­де?“ 34#5,30А Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело. 35#Мт 9,37-38; Мк 4,29; Откр 14,15Не велите ли вие дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А јас, пак, ви кажувам: подигнете го погледот и видете ги нивите како веќе побелеле, готови за жетва. 36#Ис 9,3; Пс 125,5-6И жетварот веќе добива плата и со­бира род за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот. 37#Мих 6,15; Јов 31,8; 1 Кор 3,6Зашто во ова вистинита станува поговорката: ‚Еден сее, а друг жнее.‘ 38#17,18; 20,21; Дела 8,14-17Јас ве испратив да го жнеете она за што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.“ 39И мнозина Самарјани од оној град поверуваа во Него поради зборовите на жената која сведочеше: „Ми кажа сѐ што сум направила.“ 40#Лк 9,52; Дела 8,25; 10,48Кога дојдоа, пак, Самарјаните кај Него, Го замолија да остане кај нив. И Тој остана таму два дена. 41И уште повеќе поверуваа поради словото Негово; 42#Лк 2,11; Фил 3,20; 2 Тим 1,10; 1 Јн 4,14а на жената ѝ велеа: „Сега веќе не веруваме само заради твоето ка­жу­вање, зашто сами чувме и знаеме дека Тој е Спасителот на светот, Хрис­тос.“
Исус исцелува момче на умирање
(Мт 8,5-13; Лк 7,1-10)
43А по два дни, Тој замина оттаму и отиде во Галилеја. 44#Мт 13,57Зашто Сам Исус беше посведочил дека пророкот во своето родно место нема чест. 45#2,23Кога дојде, пак, во Галилеја, Гали­лејците Го примија, зашто беа виделе сѐ што извршил во Ерусалим на праз­никот; зашто и тие беа на празникот. 46#2,1-11И така, Исус пак дојде во Кана Галилејска, каде што беше претворил вода во вино. Имаше еден царски човек, чиј син беше болен во Капернаум. 47Тој, штом чу дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, отиде кај Него и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање. 48#Мудр 8,8; Мт 16,1-4; Мк 13,22; Дела 2,19; Рим 15,19; 1 Кор 1,22; Евр 2,4А Исус му рече: „Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате?“ 49Царскиот човек Му рече: „Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!“ 50#3 Цар 17,23; Мт 8,13; Мк 7,29А Исус му одговори: „Оди си! Тво­јот син е жив!“ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си замина. 51И веднаш, уште додека слегуваше, го сретнаа слугите негови и му јавија: „Синот твој е жив!“ 52#Мт 8,14-15; Дела 28,8А тој ги праша за часот кога му ста­нало полесно. Тие му одговорија: „Од вчера во седмиот час веќе нема треска.“ 53#1,50; 3,12; 20,29; Дела 11,14; 16,14-15.31Тогаш таткото разбра дека тоа ста­нало во истиот час кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом. 54#2,11Ова беше второто чудо што го из­врши Исус, кога пристигна од Јудеја во Галилеја.

Currently Selected:

Јован 4: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy