YouVersion Logo
Search Icon

2 Петар 2

2
Треба да се пазиме од лажни и порочни учители
(Јуда 1,4-13)
1 # 5 Мојс 13,1-5; Мт 24,24; Мк 13,21-23; 2 Сол 2,3-12; 1 Тим 4,1 А во народот имаше и лажни проро­ци, како што и меѓу вас ќе има лажни учители, кои ќе внесат погубни ереси и, откако се одречат од Господ, Кој ги откупил, ќе навлечат врз себеси брза погибел. 2#Дела 9,2; Рим 2,24И мнозина ќе појдат по нивните не­чистотии, и поради нив патот на висти­на­та ќе биде похулен. 3#Ис 52,5; Јуда 1,4И, побудувајќи ве од користољуби­вост, ќе ве привлекуваат со ласкави збо­рови; но нивното осудување е одамна готово, и нивната погибел не дреме. 4#Мт 8,29; Јуда 1,6Зашто Бог, кога не ги поштеди анге­лите што згрешија, туку ги фрли во пе­колот со вериги на мракот, ги предаде да бидат држани до судот; 5#Мудр 10,4; 1 Птр 3,20и кога не го поштеди првиот свет, туку, кога нанесе потоп врз безбожниот свет, го запази само осумчленото семеј­ство на Ное, проповедникот на правдата; 6#1 Мојс 19; Мудр 10,6-8; Сир 16,7-10; Мт 10,15; Јуда 1,7и градовите Содом и Гомора ги осу­ди на разурнување и ги претвори во пе­пел, оставајќи ги како пример на идни­те безбожници, 7#Лк 17,29а го избави праведниот Лот, кого го осрамотија беззакониците со нечистиот живот. 8Зашто, кога живееше праведникот меѓу нив, гледајќи ги и слушајќи ги без­за­конските дела, тој секојдневно ја из­мачуваше својата праведна душа; 9#1 Кор 10,13; 2 Сол 1,5-10; Јуда 1,6значи Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а непра­ведните да ги држи во маки за судниот ден; 10#Јуда 1,7-8а најмногу оние што се управуваат според телото во неговите гнасни похоти, кои ја презираат власта, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта, 11#Јуда 1,9но дури ни ангелите, кои се пос­наж­ни и посилни од нив, не изговараат за нив хула пред Господ. 12#Пс 48,12-14; Јуда 1,10А тие, како неразумни животни, созданија по инстинкт се фаќаат и се уништуваат, хулејќи го она што не го разбираат, во својата погибел ќе загинат, 13#Јуда 1,12добивајќи казна за вршење неправда. Тие секојдневниот живот во раскош го сметаат за уживање; тие се срам и грев, насладувајќи се со своите измами, додека јадат со вас; 14имаат очи полни со прељубодејство и ненаситни се на грев, ги мамат не­ут­врдените души; имаат срце привикнато на лакомство: тие се чеда на проклетството! 15#4 Мојс 22,7; Јуда 1,11; Откр 2,14-15Откако го оставија вистинскиот пат и се заблудија, тргнаа по стапките на Восоровиот син Валаам, кој засака пла­та за вршење неправда, 16#4 Мојс 22,28но беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот. 17#Јуда 1,12-13Тие се безводни извори, облаци и магли од бу­ра разнесувани; за нив е ре­зер­виран мракот на темнината засекогаш. 18#Јуда 1,16Зашто, говорејќи празни зборови, ги мамат на телесни похоти и не­чис­тотија оние кои тукушто се оттргнале од тие што живеат во заблуда. 19#Јн 8,34; Рим 6,16-17Им ветуваат слобода кога тие са­ми­те се робови на развратот, зашто кога не­кој некого победува, тој и го поробува. 20#Мт 12,45Зашто, ако ги избегнале световните скверности преку познанието на Господ и Спасителот наш Исус Христос, и пак се плеткаат во нив и бидуваат победени, тогаш за такви последното ќе им биде полошо од првото! 21#1 Кор 11,2; Јуда 1,3За нив би било подобро да не го беа познале патот на правдата отколку, откако го познаа, да отстапат од светата заповед која им е предадена. 22#Изреки 26,11; Лк 12,47-48Ним им се случува според вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блујавица“ и „Искапената свиња – во калта.“

Currently Selected:

2 Петар 2: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy