YouVersion Logo
Search Icon

2 Петар 3

3
Ветување за повторно Христово доаѓање
1Еве, возљубени, како веќе ви го пишувам второто послание во кое со напомнување ви го разбудувам вашиот чист разум 2#1,18-20; Јуда 1,17за да се потсетите на зборовите, по­рано кажани од светите пророци, и на заповедта од Господ и Спасителот, дадени преку вашите апостоли. 3#1,16; 2,1; 2 Сол 2,3-12; 1 Тим 4,1; Јуда 1,18Најнапред знајте го тоа дека во пос­ледните дни ќе се јават подигрувачи, кои ќе се подбиваат и ќе живеат според своите похоти. 4#Ис 5,19Ќе велат: „Каде е ветувањето на Не­говото доаѓање? Зашто, откако тат­ков­ците наши изумреа, сѐ си стои така како од создавањето на светот.“ 5#1 Мојс 1,6-9Тие намерно забораваат дека небесата и земјата од порано беа создадени од вода и преку вода со силата на Божјото слово, 6#1 Мојс 7,11-21; Мт 24,38-39; 1 Птр 3,20преку кое, тогашниот свет загина, потопен од вода. 7#Мт 3,12; Рим 2,6А сегашните небеса и земјата, пазени од истото слово, се чуваат за оган во денот на судот и погибелта на нечестивите луѓе. 8#Пс 89,4Но внимавајте, возљубени, да не го изумите само тоа дека за Господ еден ден е како илјада години, а илјада години – како еден ден. 9#Авак 2,3; Сир 35,19; Лк 18,7; Рим 2,4; 1 Тим 2,4Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да загине некој, туку сите да се покаат. 10#Мт 24,29.43-45; 1 Сол 5,2; Откр 20,11; 21,1И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихии­те ќе пламнат и ќе се разрушат, а земја­та, и сѐ што е на неа, ќе изгори. 11И така, бидејќи сето тоа ќе се раз­руши, каков треба да ви биде вашиот свет живот и побожноста ваша, 12#Ис 34,4; Дела 3,19-20додека го очекувате и посакувате скорото доаѓање на Божјиот ден, во кој небесата ќе се разрушат и основите во оган ќе се стопат? 13#Ис 60,21; 65,17; 66,22; Рим 8,19; Откр 21,1.7Но ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се всели правда.
Поттикнување на будност
14 # Јуда 1,24 Затоа, возљубени, додека го очекувате тоа, погрижете се пред Него да из­лезете спокојни, неосквернети и не­по­рочни; 15#Дела 2,4; 1 Тим 1,15-16и долготрпеливоста на вашиот Гос­под сметајте ја како спасение – како што ви напиша и возљубениот наш брат Павле, според дадената му мудрост; 16како што зборува за тоа и во сите свои посланија, во кои има некои работи тешки за разбирање, што неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел. 17#Евр 2,1А вие, возљубени, знаејќи го ова однапред, пазете се од измамата на беззакониците за да не бидете одведени со нив, и да не отпаднете од својата утврденост, 18#Рим 16,24; Јуда 1,25туку да напредувате во благодатта и во познанието на нашиот Господ и Спа­сител Исус Христос. Нему слава и сега и за вечни времиња. Амин!

Currently Selected:

2 Петар 3: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy