YouVersion Logo
Search Icon

2 Петар 1

1
Поздрав
1 # Дела 15,14; Рим 1,17; Тит 2,13 Симон Петар, слуга и апостол на Исус Христос, до оние на кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос им се падна еднаква вера како и нам. 2#Фил 3,8-10; Кол 2,6; 1 Птр 1,2; Јуда 1,2Благодатта и мирот со познавањето на Бог и Христос Исус, нашиот Господ, да ви се умножат.
Божјиот позив и избор
3 # Јн 1,14; Ефес 3,16-19; 1 Птр 2,9 Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ што е потребно за животот и побожноста, а преку познанието на Оној Кој нѐ повика со Својата слава и совршенство, 4#Јн 1,12; Дела 17,28; 2 Кор 3,18преку кои ни се дарувани многу го­леми и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа ако се оддалечите од гнилежот на овој свет; 5затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење, 6#Гал 5,22-23кон знаењето воздржување, кон воз­држувањето трпение, кон трпението побожност, 7кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов. 8Зашто, ако овие доблести ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве ос­та­ват празни, ниту бесплодни во позна­нието на нашиот Господ Исус Христос. 9А кој ги нема овие доблести, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очистил од поранешните гревови. 10#2 Сол 1,11; 1 Јн 3,6Браќа, затоа уште повеќе насто­ју­вај­те да го зајакнете вашиот позив и из­бор, зашто, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите, 11#Лк 1,33бидејќи по таков начин ќе ви се овозможи слободен влез во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
Верност кон апостолското и пророчко слово
12 # 1 Јн 2,21; Јуда 1,5 Поради тоа секогаш ќе се трудам да ви ги напоменувам овие работи, иако ги знаете, и утврдени сте во сегашната вистина. 13#Ис 38,12; Мудр 9,15А и право е, додека сум во ова тело, да ве потсетувам, 14#Јн 21,18-19; 2 Кор 5,1бидејќи знам дека наскоро ќе го оставам моето тело, како што Господ наш, Исус Христос, ми откри. 15А ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш и по мојата смрт. 16#Лк 9,31-32; Јн 1,14; 1 Кор 15,23Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени приказни, туку самите бевме очевидци на Не­го­во­то величие. 17#Мт 17,5; Мк 9,2-8Зашто Тој прими чест и слава од Бог Отецот, кога од Велелепната Слава Му дојде ваков глас: „Овој е Мојот воз­љубен Син, со Кого се исполнува Мо­ја­та добра волја.“ 18И тој глас, што дојде од небото, ние го чувме, кога бевме со Него на светата гора. 19#Лк 1,7-8; Откр 2,28А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца. 20#2 Тим 3,16; 1 Птр 1,11Знајте го прво тоа дека ниедно про­роштво од Писмото не е сопствено ка­жување на пророкот. 21#Дела 3,21Зашто никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале поттик­на­ти од Светиот Дух.

Currently Selected:

2 Петар 1: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy