Псалми 8
8
ПСАЛМ 8
Божјото величие во создавањето
1За крајот: псалм на Давид, за гмечалките за вино.
2 #
56,5; Евр 1,3 Господи, Господи наш,
колку е чудесно името Твое по целата земја,
зашто Твоето велелепие ги надвиши небесата.
3 #
Мудр 10,21; Мт 11,25 Од устата на новородените и на доенчињата
си подготвил пофалба заради непријателите Твои,
за непријателот и одмаздникот да го сотреш.
4Ќе ги гледам небесата, делата на прстите Твои,
месечината и ѕвездите, кои ги втемели Ти:
5 #
143,3; Јов 7,17-18; Сир 18,8; Евр 2,6 Што е човекот, да го помниш,
или синот човечки, да го посетуваш?
6 #
20,5; 1 Мојс 1,26-27; Мудр 2,23 Си го направил само за малку помал од ангелите,
но со слава и со чест си го овенчал;
7 #
1 Мојс 1,28; Мудр 9,2-3; 10,2; Сир 17,2-4; 1 Кор 15,25-27; Ефес 1,22; Евр 2,8 си го поставил над делата од рацете Свои,
сѐ си потчинил под нозете негови;
8овците и сите волови,
та дури и ѕверовите полски,
9птиците небески, и рибите морски
и сѐ што низ морските патишта скита.
10Господи, Господи наш,
колку е чудесно името Твое по целата земја!
Đang chọn:
Псалми 8: MAK2024PS
Tô màu
Sao chép
So sánh
Chia sẻ
Bạn muốn lưu những tô màu trên tất cả các thiết bị của mình? Đăng ký hoặc đăng nhập
Македонско библиско здружение 2024