Псалми 19
19
ПСАЛМ 19
Молитва за победа. Увереност во Божјата помош
1 #
2,6; 17,48; 43,5; 3 Цар 8,30; Изреки 18,11 За крајот: псалм на Давид.
2Нека те услиши Господ во денот злокобен,
нека те заштити името на Бога Јаковов.
3Да ти испрати помош од светињата
и од Сион нека те заштити.
4Нека си спомне за секоја жртва твоја
и сепаленицата твоја да биде угоена.
5Нека ти даде Господ според срцето твое
и секоја твоја намера да ја исполни.
6 #
2,2; 17,50; 1 Цар 10,1 Ќе се зарадуваме на твоето спасение
и во името на Господа, нашиот Бог, ќе се возвеличиме.
Ќе ги исполни Господ сите твои молби.
7 #
32,16-17; 146,10; Ис 40,30-31; Ос 1,7; 2 Лет 14,11 Сега познав дека Господ го спаси помазаникот Свој,
ќе го услиши од Своето свето небо;
моќно е спасението од десницата Негова.
8Едни со коли, други со коњи,
а ние ќе се возвеличиме со името на Господа, нашиот Бог.
9 #
117,25
Тие се препнаа и паднаа,
а ние станавме и се исправивме.
10Господи, спаси го царот
и услиши нѐ во денот кога Те призиваме!
Đang chọn:
Псалми 19: MAK2024PS
Tô màu
Sao chép
So sánh
Chia sẻ
Bạn muốn lưu những tô màu trên tất cả các thiết bị của mình? Đăng ký hoặc đăng nhập
Македонско библиско здружение 2024