Псалми 15
15
ПСАЛМ 15
Добро наследство на светиите
1 #
30,1
Натпис на столб на Давид.
Сочувај ме, Господи,
зашто на Тебе се надевав.
2Му реков на Господа:
„Ти си мојот Господ,
зашто немаш потреба од добрата мои“.
3Во светиите што се на земјата Негова
чудесно ги пројави сите копнежи Свои.
4 #
2 Мојс 23,13; Ер 7,18; Ос 1,2-9; Зах 13,2 Се намножија нивните немоќи,
а потоа тие брзо исчезнаа.
Нема да ги свикувам нивните крвни собири,
ниту ќе ги спомнувам имињата нивни со усните мои.
5 #
10,6; 72,26; 108,31; 141,5; 4 Мојс 18,20; 5 Мојс 10,9; 17,1; Ер 10,16; Плач 3,24; Дела 2,25-28 Господ е делот од наследството мое и од чашата моја;
Ти си Тој што го воспоставува наследството мое.
6Меѓите ми се паднаа на најубавото
и наследството мое е најубаво.
7Ќе Го благословувам Господа, Кој ме вразуми,
и сѐ до ноќта мојата утробата ме поучува.
8Го гледав Господа пред мене постојано,
зашто Тој ми е оддесно, за да не се поколебам.
9Затоа се развесели срцето мое и се зарадува јазикот мој,
па дури и телото мое ќе се насели во надеж.
10 #
Дела 13,35
Зашто нема да ја оставиш душата моја во адот,
ниту ќе дозволиш Твојот светија да види распаѓање.
11 #
Изреки 5,6; 14,24 Ми ги покажа патиштата на животот,
ќе ме исполниш со радост од лицето Свое;
насладите се во десницата Твоја до самиот крај.
Đang chọn:
Псалми 15: MAK2024PS
Tô màu
Sao chép
So sánh
Chia sẻ
Bạn muốn lưu những tô màu trên tất cả các thiết bị của mình? Đăng ký hoặc đăng nhập
Македонско библиско здружение 2024