Псалми 11
11
ПСАЛМ 11
Молитва за помош против клеветниците
1За крајот: псалм на Давид, за осмата.
2 #
Ис 59,15; Мих 7,2 Спаси ме Господи, зашто не остана светија,
зашто се намалија верните меѓу синовите човечки.
3 #
54,21; Ис 59,3-4; Ер 9,2-8 Суетно му говори секој на ближниот свој;
во срцето имаа измамнички усни
и во срцето говореа лошо.
4Нека ги уништи Господ сите усни измамнички
и секој јазик што се возвеличува,
5 #
30,18
на оние што рекоа: „Јазикот свој го величаме,
усните се наши, кој ни е господар?“
6 #
Ис 33,10
„Поради страдањата на бедните и воздишката на сиромашните,
сега ќе станам“, вели Господ;
„за спасение ќе се поставам, ќе говорам смело за тоа“.
7 #
16,3; 17,30; 18,7; 25,2; Ис 48,10; Зах 13,9; Јов 23,10; Изреки 17,3; 26,21; 29,4; Мудр 3,6; Сир 27,5 Зборовите Господови се зборови чисти,
сребро преку оган очистено од земја,
седумпати прочистено.
8Ти, Господи, ќе нѐ сочуваш
и ќе нѐ запазиш од ова поколение за навек.
9Наоколу талкаат безбожниците;
според Својата возвишеност си ја умножил грижата за синовите човечки.
Đang chọn:
Псалми 11: MAK2024PS
Tô màu
Sao chép
So sánh
Chia sẻ
Bạn muốn lưu những tô màu trên tất cả các thiết bị của mình? Đăng ký hoặc đăng nhập
Македонско библиско здружение 2024