Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Бојното поле на умот – Побожност Примерок

Бојното поле на умот – Побожност

13 ДЕН ОД 14

Осомничен за сомнеж


Љубовта трае долго и е трпелива и љубезна; љубовта никогаш не е завидлива, ниту врие од љубомора, не се гордее и не се фали. . . таа не е груба (непристојна) и не делува безуспешно. Љубовта (Божјата љубов во нас) не инсистира на сопствените права или на свој начин, бидејќи не го бара своето; не се срди, не негодува; не води сметка за злото направено . . . не се радува на неправдата и неправедноста, туку се радува кога преовладуваат правото и вистината. Љубовта поднесува сè и сето она што доаѓа, секогаш е подготвена да верува во најдоброто за секоја личност, нејзината надеж не исчезнува под сите околности и таа издржува сè. . . . Љубовта никогаш не пропаѓа [никогаш не згаснува, не станува застарена или завршува]. - 1 Коринтјани 13:4-8  


Овие зборови за љубовта се познати за повеќето нас, но јас искрено можам да кажам дека живеењето со нив не било секогаш лесно за мене. Како дете, не бев изложена на ваков вид љубов - всушност, научив да бидам сомнителна кон сите. Ми беше кажано дека не треба да им се верува на мотивите на другите луѓе.


Како што стареев, наидов на луѓе чии постапки ми потврдуваа во мојот ум дека моите сомневања се оправдани. Дури и како млада христијанка, доживеав разочарување заради очигледните мотиви на некои луѓе во црквата. Иако е мудро да се биде свесен за мотивите на луѓето, ние мора да бидеме внимателни да не дозволиме нашата сомнителна природа да влијае негативно на нашите чувства кон сите.


Премногу сомнителна природа може да ви го труе умот и да влијае на вашата способност да ги сакате и прифаќате другите луѓе. Разгледајте го овој пример.


Да претпоставиме дека еден пријател ви се приближува после црковна служба и вели: „Дали знаеш што мисли Дорис за тебе?“ Тогаш овој пријател ви го кажува секој детал за работите што ги кажа Дорис. Првиот проблем е тоа што вистински пријател не би ги споделил ваквите информации. И вториот проблем е што со веќе сомнителениот ум, вие сега верувате во информација од второ лице.


Еднаш откако вашиот ум е отруен против некого, сомнежот расте. Тоа е кога сатаната ќе добие упориште во вашиот ум. Секој пат кога Дорис ќе ви каже нешто, вие сте автоматски сомнителни, размислувате; Што навистина и значи тоа? Или, ако таа е добра кон вас, вие мислите; Се прашувам што сака таа од мене.


Така работи сатаната. Ако тој може да ве натера да се сомневате во другите, нема да помине долго време кога нема да верувате во ништо што другите ќе ви кажат. И, ако сте биле повредени вака неколку пати, ѓаволот може да го труе вашето размислување до тој степен што ќе почнете да се прашувате кој друг може да зборува за вас зад вашиот грб.


Да продолжиме со примерот. Да претпоставиме дека еден ден во црква, Дорис седи само неколку реда пред вас, плескајќи со рацете и го фали Господ. Веднаш помислувате; Таа е таков лицемер.


Тогаш Светиот Дух ги насочува вашите размислувања кон вашата состојба и на фактот дека вие плескате со рацете и Го славете Господ додека криете лоши чувства кон Дорис. Зар Исус не ни рече да имаме мир со другите пред да Му ги покажеме нашите дарови на Него? (види Матеј 5:24).


Пресведочени од овие зборови на Исус, да претпоставиме дека чекориш напред и се извинуваш на Дорис за лошите чувства што ги имаш кон неа . . . и таа гледа во тебе во апсолутен шок. Тогаш ја сфаќаш твојата грешка. Ти погрешно си ги толкувала информациите што ги споделил твојот пријател со тебе за Дорис, дозволувајќи му на ѓаволот да те сврти против една прекрасна, побожна жена.


Ова е добар пример за тоа како сомнежот може да ги уништи врските и да ни ја уништи радоста додека нè води настрана. Ова е причината зошто учењето да се развие љубов од 1 Коринтјани 13 е толку важно.


Ми требаше некое време да надминам некои животни сомневања, но конечно научив дека кога го сакаме Божјиот пат, тогаш ние немаме место за сомневање кон другите.  


Господи, Ти благодарам што ми покажа како да ја надминам мојата сомнителна природа со тоа што ме научи како да ги сакам другите со Твојата љубов. Ти благодарам, Исусе, што си трпелив со мене и што ми беше одличен пример. Амин.

Ден 12Ден 14

Опис за овој план

Бојното поле на умот – Побожност

Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, ...

More

Би сакале да им се заблагодариме на министерствата на oyојс Мејер што го обезбедија овој план. За повеќе информации, посетете: https://tv.joycemeyer.org/macedonian/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност