Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Подготвување на нашите срца за Велигден: Побожност за Великите постиПримерок

Preparing Our Hearts for Easter: A Lenten Devotional

29 ДЕН ОД 40

„Ден 29: Јагнето“

Во Битие 22, Авраам го поведе својот единствен син Исак на Морија, бидејќи Бог му заповеда да го даде Исак како жртва паленица. Исак го праша својот татко: „Каде е јагнето за жртва паленица?“ Авраам му одговори на своето дете дека „Бог ќе го обезбеди јагнето за жртва паленица“. Пред Авраам да го жртвува својот син на олтарот, Бог го запре и обезбеди овен да го заземе местото на Исак.

Исус е Јагнето што Бог го обезбеди за да ги отстрани сите гревови. Авраам не мораше да го жртвува својот единствен син, зашто Бог избра да го жртвува Својот Син за да ги искупи нашите гревови. Поради тоа, Бог нѐ гледа исто како и Својот Син врз кого Јован забележа дека Духот слегува од небото. Тој нè нарекува нас, мажи и жени, Неговите сакани синови, со кои Тој е многу задоволен (Матеј 3:17).

Ние веќе не мора да живееме во грижи работејќи на тоа да го оправдаме нашето постоење. Нашето оправдување е во Христос, совршеното, беспрекорно Јагне Божјо, Кое ги одзеде нашите гревови и гревовите на светот.

Молитва

Боже, Татко наш, Ти благодариме што сме Твои сакани синови со кои Ти си задоволен. Се молиме да дејствуваш длабоко во нашето битие за да ја разбереме вистината дека повеќе не треба да се трудиме за нашето спасение, но можеме да најдеме одмор знаејќи дека нашиот идентитет е во Јагнето Божјо. Дај ни разбирање за длабочината на жртвата што беше направена за откупување на нашиот грев, за да можеме повеќе да се заљубиме во Тебе и за да сфатиме кои сме и кои ќе бидеме. Во името на Христос, Амин.

Авторско право (С) 2012 од „Redeemer Presbyterian Church“.

Опис за овој план

Preparing Our Hearts for Easter: A Lenten Devotional

Што е Великиот пост? Тоа е време во кое ја очекуваме победата на светлината и животот на Христос над темнината на гревот и смртта. Додека патуваме од почетокот на постот па сè до Велигден, се потсетуваме на реалноста на нашата слабост и Божјата откупителна благодат.

More

Текстот за оваа побожност е создаден од персоналот на црквата „Redeemer Presbyterian Church“ и првично беше објавена на www.redeemer.com во 2012 година. Употребено со дозвола.