Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 22:1-18

Создавање 22:1-18 MK2006

По тие настани Бог, иску­шувајќи го Авраам, рече: „Авра­аме!“ А тој одговори: „Еве ме!“ Бог продолжи: „Земи го синот твој единец Исак, кого што многу го сакаш, па оди во земјата Морија, и принеси го таму како жртва сепаленица на една горичка што ќе ти ја покажам!“ И утредента рано, откако стана, Ав­раам го оседла магарето свое, зеде со себе двајца од слугите свои и Исак, си­нот свој; па, откако нацепи дрва за жртвата, се крена, и појде на местото, за кое му рече Бог. На третиот ден, кревајќи ги очите свои, Авраам го здогледа местото од­далеку. И им рече Авраам на слугите свои: „Останете вие овде со магарето, а јас и детето ќе одиме онаму, па откога ќе се помолиме, ќе се вратиме кај вас.“ И зеде Авраам дрва за жртвата, му ги натовари на Исак, синот свој, а самиот тој зеде во свои раце оган и нож; па отидоа обајцата заедно. Тогаш му рече Исак на Авраам, тат­кото свој: „Татко!“ А тој одговори: „Што е, синко!“ А тој рече: „Ете оган и дрва, а каде е јагнето за жртва?“ А Авраам одговори: „Бог ќе си прибави, синко, јагне за жртва.“ И обајцата го продолжија патот заедно. И стигнаа до местото, за кое му беше рекол Бог. Тука Авраам направи жртвеник, и кладе дрва на него, а откако го врза Исак, синот свој, го стави на жртвеникот врз дрвата. Тогаш Авраам ја пружи раката своја и го зеде ножот да го заколе синот свој, но ангел Господов викна од небото, и рече: „Аврааме! Аврааме!“ А тој одговори: „Еве ме!“ И ангелот продолжи: „Не кревај ја раката своја на детето, и не прави му ништо! Еве, сега знам дека се плашиш од Бога штом не го пожали ни синот свој единец заради Мене.“ И Авраам ги крена очите свои и погледа: а тоа – зад него овен, кој се беше сплеткал со роговите во гасталакот. И Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе како жртва сепаленица место синот свој. И го нарече Авраам ова место: „Јахве Јерае“. Затоа и денес се вели: „На горичката Господ се јави.“ А ангелот Господов повторно го викна од небото Авраам, и рече: „Се колнам во Себе – вели Господ – кога така направи, и не го пожали синот свој единец, заради Мене, Јас ќе те благословам и преблагословам, и потомството твое ќе го умножам и преумножам како ѕвездите на небото и како песокот на морскиот брег! А потомците твои ќе ги завладеат градовите на непријателите свои. И ќе бидат благословени преку потомството твое сите народи на земјата, зашто го послуша Мојот глас.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Создавање 22:1-18