Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Подготвување на нашите срца за Велигден: Побожност за Великите постиПримерок

Preparing Our Hearts for Easter: A Lenten Devotional

28 ДЕН ОД 40

„Ден 28: Оплакувањето“

Иако Захарија ги изговори овие зборови, сепак тие беа зборови Господови. Па сепак, како може тоа да биде? Како може Бог да рече: „Ќе гледаат на Мене, на Оној Кого го прободоа?“ Може ли Бог да биде ранет? Уште почудно, може ли Бог да биде „прободен“ - што укажува на убиство? Со други зборови, дали може Бог да умре?

Исус Христос го исполни ова пророштво. Не само што беше целосно Бог, туку беше и целосно човек. Освен тоа, како што претскажало пророштвото, Исус беше "Единственото дете" и "Првороден" Син на Отецот (Јован 3:16). Тој умре и на крстот беше прободен: „Туку еден од војниците го прободе со копје меѓу ребрата, и веднаш потече крв и вода.“ (Јован 19:34)

Пророштвото, сепак, кажува нешто повеќе. Тоа вели дека оние што го прободеле, ќе жалат, бидејќи Бог ќе им излее „милостив и молитвен дух“. Со други зборови, Духот ќе им ги отвори очите за да видат што направиле и колку тежок бил нивниот грев. Ова жалење ќе биде раширено, а сепак интимно - „земјата ќе плаче, секое семејство насамо.“

Делумно, ова пророштво се исполнило на Педесетницата. Петар им рече на своите слушатели: „Го распнавте и убивте [Исус] со рацете на беззакониците“ (Дела 2:23). Потоа, откако го чуја Евангелието, тие беа „засегнати во срцето“, а 3.000 беа спасени тој ден (Дела 2: 37-41). Денес, ова пророштво сѐ уште се исполнува. Како што Духот нѐ исполнува со благодат, жалиме поради смртта на Христос, бидејќи знаеме дека „Тој беше ранет за нашите престапи“ (Исаија 53: 5). Меѓутоа, во нашата тага ние исто така се радуваме затоа што Неговата смрт „ни донесе мир, и со неговите рани ние сме исцелени“ (Исаија 53: 5).

Молитва

Господи, признаваме дека нашиот грев го прободе Исус. Затоа, жалиме и бараме да го излееш Твојот Дух на благодат и милост. Со понизност се радуваме што Твојата благонаклонетост никогаш не престанува - додека сѐ уште бевме грешници, Христос умре за нас (Римјаните 5:8). Во Христово име, Амин.

Авторско право (С) 2012 од „Redeemer Presbyterian Church“.

Опис за овој план

Preparing Our Hearts for Easter: A Lenten Devotional

Што е Великиот пост? Тоа е време во кое ја очекуваме победата на светлината и животот на Христос над темнината на гревот и смртта. Додека патуваме од почетокот на постот па сè до Велигден, се потсетуваме на реалноста на нашата слабост и Божјата откупителна благодат.

More

Текстот за оваа побожност е создаден од персоналот на црквата „Redeemer Presbyterian Church“ и првично беше објавена на www.redeemer.com во 2012 година. Употребено со дозвола.