Молитви за пост од Светото Писмо: МозаикПримерок

Надеж
Надежта изгледа чудно, кога е поврзана со верата, љубовта и другите врвни доблести. Надежта е очекување, желба за исполнување, но се чини дека само ни нанесува грижи во сегашноста. Се надеваме дека нашите соништа ќе бидат исполнети, но сепак се прашуваме на што ќе се надеваме кога тоа ќе се случи. Ми се чини дека е малку сурово да му кажеш на некој пријател дека го сакаш, дека имаш вера и надеж во него, како тој да не е сеуште најдобриот пријател што ти би сакал да биде.
А сепак, Бог нѐ уверува дека треба постојано да се надеваме во него. Иако тоа може да изгледа како рецепт за разочарување, бидејќи тоа е речиси секогаш случајот со нашите световни надежи, кога оваа доблест ќе ја поврземе заедно со возвишените копнежи како што се верата и љубота, тие нè потсетуваат дека вреди нашата најдлабока надеж да ја положиме во Божјите ветувања.

Свето Писмо
Опис за овој план

Овие секојдневни (46 дневни) читања за Постот, адаптирани од Светото Писмо: Мозаик, на едно место ти нудат цитати, четива и стихови кои ќе ти помогнат да го насочиш умот кон Христос. Без разлика дали немаш никакво познавање поврзано со периодот на Постот или можеби го практикуваш Постот цел живот, од голема корист ќе ти бидат библиските стихови но и четивата напишани од христијаните од целиот свет и од целата историја. Придружи ни се нам и на црквата низ светот додека го насочуваме вниманието кон Исус во периодот кој му претходи на Велигден.
More
Би сакале да им се заблагодариме на Tyndale House Publishers за нивната великодушност во обезбедувањето на Преданијата за Велигденскиот пост извадени од Светото Писмо: Мозаик. За да дознаете повеќе за Библијата: Мозаик, посетете ја страницата: www.tyndale.com/p/holy-bible-mosaic-nlt/9781414322056