Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 53

53
Страдањето и славата на Божјиот Слуга
1 # 40,10; Јн 12,38; Рим 10,16 Кој поверува на тоа, што го чул од нас и кому му се откри силата Господова? 2#11,1.10; 37,31Зашто изникна Тој пред него како младо дрвце и како стебленце од сува земја; нема во Него ни убавина, ниту величие; ние Го видовме, и во Него не­маше изглед, што ќе нѐ привлекува кон Него. 3#52,14; Пс 22,6; Мк 9,12Тој беше презрен и отфрлен меѓу луѓето, човек на болки и свикнат на страдања, и ние го одвраќавме од Него лицето свое; Тој беше презиран, и ние за ништо не Го сметавме. 4#Мт 8,17; Евр 2,10Но Тој ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости; а ние мислевме дека Тој беше поразуван, казнуван и понизуван од Бога. 5#Рим 4,25; 1 Кор 15,3; 2 Кор 5,21; Гал 3,13; Ефес 2,14; 1 Птр 2,24А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме. 6#Ер 50,6; Ез 34,5; Пс 119,176; 2 Кор 5,21; 1 Птр 2,25Сите ние бевме заблудени како овци, секој си одеше по својот пат, – и Господ ги натовари врз Него гревовите на сите нас. 7#Ер 11,19; Пс 38,13-15; Мт 26,63; 27,12-13; Мк 14,61; Јн 1,29; Дела 8,32; 1 Птр 1,19; 2,23Тој беше измачуван, но страдаше доброволно и устата Своја не ја отвораше; како јагне Тој беше одведен на колење, и како што е овцата пред стри­жачите свои безгласна, така и Тој не ја отвори устата Своја. 8#Плач 3,54; Ез 37,11; Мт 9,15; Дела 8,33Тој беше лишен од праведен суд. Кој може да зборува за Неговите наследници? Зашто беше отсечен од земјата на живите; заради беззаконијата на Мојот народ беше осуден на смрт. 9#Пс 44,17-21; Плач 3,6; Мт 27,38.57-60; 1 Птр 2,22Му определија гроб со злодејци, но Тој беше погребан кај богатиот, иако Тој не беше направил грев и во устата Негова немаше лага. 10#Мт 20,28; 26,42; Јн 4,34; Рим 3,25; Евр 2,17; 1 Јн 2,2Но волјата Господова беше да Го казни, и Го предаде на мачење; а кога ќе го принесе Својот живот како милос­тивна жртва, Тој ќе види долговечно потомство, и волјата Господова ќе на­предува преку Неговата рака. 11#Ез 4,4; Дела; 3,13-14; 7,52; Рим 3,25-26; 1 Птр 3,18Ќе се зарадува поради трудот на душата Своја и ќе види светлина. Пра­ведниот Слуга Мој ќе ги оправда мно­зина и гревовите нивни врз Себе ќе ги понесе. 12#Пс 2,8; Мт 26,28; Мк 10,45; Лк 22,37; 23,34; Фил 2,7; Кол 2,15; Евр 9,28Затоа Јас ќе Му дадам големо нас­ледство, со силните плен ќе дели, зашто Себеси на смрт се предаде, и меѓу зло­дејците беше вброен и ги понесе врз Се­бе гревовите на мнозина и за престапниците стана посредник.

Селектирано:

Исаија 53: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност