Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Молитви за пост од Светото Писмо: МозаикПримерок

Devotions for Lent from Holy Bible: Mosaic

42 ДЕН ОД 46

Вочман Ни (Кина, 1903-1972)

Бог мора да нè доведе до точка - не можам да ти кажам како ќе се случи тоа, но Тој ќе го направи тоа - каде што, преку длабоко и темно искуство, нашата природна моќ ќе биде допрена и суштински ослабена, за веќе да не се осмелуваме да се надеваме на самите себе. Со некои од нас Тој мора да се справи многу остро, и да нè води низ тешки и болни патишта, за да нè доведе таму... но, тогаш, Тој најпосле ќе може да почне да нè користи.

Ние би сакале смртта и воскресението да се случат брзо, во рок од еден час. Не можеме да се соочиме со мислата дека Бог ќе нè држи настрана толку долго; не можеме да поднесеме да чекаме. И не можам да ти кажам колку долго ќе потрае, но во принцип мислам дека е сосема сигурно да се каже, дека ќе има определен период кога Тој ќе те задржи во таа состојба...сè е темнина, но тоа ќе трае една ноќ. И тоа мора да биде цела ноќ, но тоа е сè. Потоа ќе откриеш дека сè ти е дадено во славното воскресение; и ништо не може да ја измери разликата помеѓу она што беше претходно и она што е сега!

Опис за овој план

Devotions for Lent from Holy Bible: Mosaic

Овие секојдневни (46 дневни) читања за Постот, адаптирани од Светото Писмо: Мозаик, на едно место ти нудат цитати, четива и стихови кои ќе ти помогнат да го насочиш умот кон Христос. Без разлика дали немаш никакво познавање поврзано со периодот на Постот или можеби го практикуваш Постот цел живот, од голема корист ќе ти бидат библиските стихови но и четивата напишани од христијаните од целиот свет и од целата историја. Придружи ни се нам и на црквата низ светот додека го насочуваме вниманието кон Исус во периодот кој му претходи на Велигден.

More

Би сакале да им се заблагодариме на Tyndale House Publishers за нивната великодушност во обезбедувањето на Преданијата за Велигденскиот пост извадени од Светото Писмо: Мозаик. За да дознаете повеќе за Библијата: Мозаик, посетете ја страницата: www.tyndale.com/p/holy-bible-mosaic-nlt/9781414322056