Молитви за пост од Светото Писмо: МозаикПримерок

Што е Великиот пост?
За некои христијани, Постот отсекогаш бил дел од нивниот духовен живот, но за други е непознат. Постот е сезона што води кон Велигден, време кога христијаните историски ги подготвувале своите срца за Велигден преку размислување, покајание и молитва. Постот започнува со Пепелната Среда и продолжува четириесет дена, со исклучок на неделите, кулминирајќи со Велики петок и Светата сабота. Бидејќи Исусовото воскресение се прославува во недела, шесте неделни денови во Постот не се сметаат како дел од четириесетдневната сезона, која се фокусира на размислување, самоиспитување и покајание. Многу христијани избираат да го практикуваат постот низ целата сезона на Великиот пост, но нивниот фокус не е да се лишат од нешто, туку повеќе да се посветат на Бог и на неговите цели во светот.
Постот е важна сезона во црковната година. Црковната година е одличен начин да го насочиме нашето внимание кон Бог со начинот на кој го организираме нашето време. Наместо да ја следи познатата структура на соларниот календар, организирана од ритмите на природата, црковниот календар е организиран околу Бога и неговата активност во светот. Црковниот календар следи шест сезони со различна должина: Исчекување, Божик, Богојавление, Великиот Пост, Велигден и Педесетница. Секоја од овие сезони има различен фокус: Доаѓањето се фокусира на очекување на доаѓањето на Бога во светот, отелотворувањето и на Христовото враќање. Божиќ се фокусира на раѓањето на Христос. Богојавление се фокусира на светлината на Божјото присуство кое сјае во светот. Постот се фокусира на човечкиот грев и Божјото милостиво решение. Велигден се фокусира на воскреснатиот живот. Педесетницата се фокусира на постојаната активност на Светиот Дух во светот. Годишниот ритам на овие сезони може да има силен ефект врз личниот и општествениот духовен раст.
Ако уживате во овој напис за Постот, проверете го Светото Писмо: Мозаик, печатена Библија која вклучува сè што прочитавте во овој напис, плус богата уметничка работа и читања за секоја недела од Црквената година.

Свето Писмо
Опис за овој план

Овие секојдневни (46 дневни) читања за Постот, адаптирани од Светото Писмо: Мозаик, на едно место ти нудат цитати, четива и стихови кои ќе ти помогнат да го насочиш умот кон Христос. Без разлика дали немаш никакво познавање поврзано со периодот на Постот или можеби го практикуваш Постот цел живот, од голема корист ќе ти бидат библиските стихови но и четивата напишани од христијаните од целиот свет и од целата историја. Придружи ни се нам и на црквата низ светот додека го насочуваме вниманието кон Исус во периодот кој му претходи на Велигден.
More
Би сакале да им се заблагодариме на Tyndale House Publishers за нивната великодушност во обезбедувањето на Преданијата за Велигденскиот пост извадени од Светото Писмо: Мозаик. За да дознаете повеќе за Библијата: Мозаик, посетете ја страницата: www.tyndale.com/p/holy-bible-mosaic-nlt/9781414322056