Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Молитви за пост од Светото Писмо: МозаикПримерок

Devotions for Lent from Holy Bible: Mosaic

44 ДЕН ОД 46

Сабота (Стив Томасон)

Саботата мора да била долга и мрачна. Тие не само што од страв се криеја да го спасат својот живот, туку уште полошо, тие биле длабоко ожалостени. Исус го нема. Неговите ученици ги гледале војниците како го носат Исус да биде погубен еден ден претходно. Сега беше сабота, нивниот господар беше мртов, а тагата толку силно ги погоди што ги остави без зборови.

Тие не го очекуваа ова. Исус требаше да биде Месија. Тој требаше да ги води кон победа над нивните угнетувачи. Тој требаше повторно да го воспостави Израел како силна нација и да им дозволи да уживаат во радоста на правдата. Болката, ожалостеноста и тагата не беа дел од пакетот.

Можеби и ти си се чувстувал исто како и учениците во таа темна сабота. Јас сум го искусил тоа. Во рок од 15 месеци во мојот живот доживеав смрт на: еден пријател, две баби, мојот свекор и црквата која ја започнавме, а мојата внука и снаа речиси ќе починеа исто така. Тоа е тоа! Таму се наоѓав. Се чинеше дека сè околу мене умира. Јас не го очекував тоа. Мислев дека да се следи Исус значи да се чекори во победа и мир, а чувствував само болка и очај. Всушност, ја изгубив способноста да се чувствувам. Би сакал да кажам дека со овие ситуации се соочив прибрано и со достоинство, дека тивко кимнав и се насмевнував, цитирајќи ги познатите цитати за Божјиот суверенитет. Не го направив тоа. Реагирав со нервозно негирање и иритирачко сомневање. Се прашував дали можеби проблемот е во мене. Можеби Бог ме казнува за нешто. Можеби бев измамуван сите овие години и универзумот навистина, покрај сè е студено и празно место.

Претпоставувам дека и учениците имале слични чувства во таа темна сабота. Се чинеше како да нема никаква надеж. Се чувствуваме така, бидејќи забораваме една важна вистина. Патот на Исус е пат на болка, тага и ожалостеност. Исус многу претрпел во својот живот - дури и пред неговото апсење и погубување. Како дете тој знаеше што значи да се крие во Египет поради страв за својот живот. Тој ја претрпе смртта на својот очув, Јосиф. Тој плачеше за смртта на неговиот пријател, Лазар. Тој тагуваше за духовното слепило на Израелците. Во Гетсеманската градина бил во толкава агонија што му течела крв. Додека бил на крстот Тој извикал, користејќи ги зборовите на прадедо Давид: „Боже мој, Боже, зошто ме напушти?“

Но Исус ни кажа дека тоа ќе се случи. Кога Јован пишува за последната Исусова поука, се вели дека Исус рекол дека Бог ќе ги прочисти прачките кои се наоѓаат на лозата (Јован 15: 1-17). Чистењето боли. Не е пријатно искуство кога важни нешта од вашиот живот се одвоени од вас. Кога ножиците го сечат вашето тело, тоа не е радосно искуство. Сепак, како што вели Големиот Градинар, без прочистување нема живот.

Тоа е патот на Исус - патот на Божјата љубов и благодат. Бог нѐ прочистува со болка. Учениците го научија ова и продолжија да им пишуваат на црквите за тоа. Јаков рекол да го сметаме за чиста радост тоа кога страдаме од разни испитувања, бидејќи на крајот тоа нѐ прави целосни и силни. Петар ни пишал дека страдањето ги прочистува нашите срца како оганот што го чисти злато. Потоа Павле, опишувајќи го болното служење во прогонство и рушењето на предрасудувачките ѕидови, стигна до врвот на целиот процес со еден збор - надеж.

Сабота конечно заврши. Во неделата учениците дојдоа лице в лице со реалност што е подлабока од тагата. Тие се сретнаа со надежта. Исус искуси болка и тага, но од другата страна повторно излезе жив. Саботите ќе дојдат, за тоа можете да бидете сигурни. Тие ќе дојдат и ќе бидат болни. Тие може да траат еден ден; тие можат да траат дваесет месеци. Кога ќе дојдат, запомнете го ова - без сабота не можеме да стигнеме до недела. Љубовта кон Исус е нашата надеж за денес и засекогаш. Ние ќе тагуваме, но можеме да тагуваме со надеж.

Опис за овој план

Devotions for Lent from Holy Bible: Mosaic

Овие секојдневни (46 дневни) читања за Постот, адаптирани од Светото Писмо: Мозаик, на едно место ти нудат цитати, четива и стихови кои ќе ти помогнат да го насочиш умот кон Христос. Без разлика дали немаш никакво познавање поврзано со периодот на Постот или можеби го практикуваш Постот цел живот, од голема корист ќе ти бидат библиските стихови но и четивата напишани од христијаните од целиот свет и од целата историја. Придружи ни се нам и на црквата низ светот додека го насочуваме вниманието кон Исус во периодот кој му претходи на Велигден.

More

Би сакале да им се заблагодариме на Tyndale House Publishers за нивната великодушност во обезбедувањето на Преданијата за Велигденскиот пост извадени од Светото Писмо: Мозаик. За да дознаете повеќе за Библијата: Мозаик, посетете ја страницата: www.tyndale.com/p/holy-bible-mosaic-nlt/9781414322056