Молитви за пост од Светото Писмо: МозаикПримерок

Мирисот на гревот (Тимоти Г. Волтон)
Еден американски проповедник патувал од град до град, проповедајќи ја евангелската порака. Сведоци кажувале дека кога ќе се приближел кон периферијата на градот, тој запирал и велел „мириса на пекол“! Ако бевме почувствителни, дали и на нас светот ќе ни мириса како пекол? Денес, тоа е целосно непознат концепт. Сепак, таа чудна миризба продира во светот во кој живееме, поради последиците од гревот на Адам и Ева.
Што мислиш за гревот? Луѓето имаат разни креативни начини на справување со гревот. Некои го негираат, го минимизираат, наоѓаат изговори или ги обвинуваат другите за гревот. Војводата, измислената личност во „Тринаесетте часовници“ на Џејмс Турбер, признава: „Сите имаме свои мали слабости, мојата е тоа што сум зол“.
Зошто гревот е грешен? Кој вели дека гревот е грев? Кога го нарекуваме гревот - грев, тоа подразбира некаков стандард. Ако полицаец те запре за брзо возење, тоа значи дека официјален државен знак дал ограничување на брзината, а ти си го прекршил. Моралниот стандард за целото човештво доаѓа од светиот Божји карактер.
Овој свет што мириса на грев исто така мириса и на смрт. Библијата вели дека платата за гревот е смрт. Гревот доведува до смрт. Смртта била присутна во градината. Адам и Ева не умреа веднаш штом го јадеа забранетиот плод, но две нешта се случија веднаш: семето на физичката смрт беше засадено во нив. Два совршени поединци создадени за да бидат вечно млади почнаа да стареат и на крајот умреа. Тие исто така умреле и духовно. Нивната блиска и пријателска врска со Господ била мртва. Во следната сцена во Битие 3 гледаме дека Адам и Ева се кријат од Бог во грмушките. Иако во тоа време тие не го сфатиле тоа, нивната единствена надеж била Бог да направи нешто херојско за да ги спаси и да ги врати во здрав меѓусебен однос со Него. Кога Бог жртвувал две животни и го прогласил доаѓањето на Исус Христос, Спасителот (Битие 3:15), Тој го сторил токму тоа.

Свето Писмо
Опис за овој план

Овие секојдневни (46 дневни) читања за Постот, адаптирани од Светото Писмо: Мозаик, на едно место ти нудат цитати, четива и стихови кои ќе ти помогнат да го насочиш умот кон Христос. Без разлика дали немаш никакво познавање поврзано со периодот на Постот или можеби го практикуваш Постот цел живот, од голема корист ќе ти бидат библиските стихови но и четивата напишани од христијаните од целиот свет и од целата историја. Придружи ни се нам и на црквата низ светот додека го насочуваме вниманието кон Исус во периодот кој му претходи на Велигден.
More
Би сакале да им се заблагодариме на Tyndale House Publishers за нивната великодушност во обезбедувањето на Преданијата за Велигденскиот пост извадени од Светото Писмо: Мозаик. За да дознаете повеќе за Библијата: Мозаик, посетете ја страницата: www.tyndale.com/p/holy-bible-mosaic-nlt/9781414322056