Молитви за пост од Светото Писмо: МозаикПримерок

Постење
За многу христијани, вообичаено е да постат од некој вид задоволство или уживање во текот на Велигденскиот пост. Кога одлучуваме од што да постиме, често избираме нешто што го сметаме за препрека на растот во нашиот однос со Исус Христос. Но, најстарите форми на постот - воздржување од храна или придржување кон строга диета - не биле направени со цел луѓето да се оттргнат грешните задоволства во животот.
Губејќи ја уметноста на постот, можеби го изгубивме разбирањето за тоа што може да се добие од доброволно откажување од претпоставената неопходност. Во текот на библиската и христијанската историја, многумина постеле на умерен и разумен начин. Навистина, очекувањата за инстант-задоволување во нашата култура не реагираат добро на идејата за одрекнување од исхраната. Но, дали можеби Бог има да ни открие нешто во нашето моментално самоодрекување?

Свето Писмо
Опис за овој план

Овие секојдневни (46 дневни) читања за Постот, адаптирани од Светото Писмо: Мозаик, на едно место ти нудат цитати, четива и стихови кои ќе ти помогнат да го насочиш умот кон Христос. Без разлика дали немаш никакво познавање поврзано со периодот на Постот или можеби го практикуваш Постот цел живот, од голема корист ќе ти бидат библиските стихови но и четивата напишани од христијаните од целиот свет и од целата историја. Придружи ни се нам и на црквата низ светот додека го насочуваме вниманието кон Исус во периодот кој му претходи на Велигден.
More
Би сакале да им се заблагодариме на Tyndale House Publishers за нивната великодушност во обезбедувањето на Преданијата за Велигденскиот пост извадени од Светото Писмо: Мозаик. За да дознаете повеќе за Библијата: Мозаик, посетете ја страницата: www.tyndale.com/p/holy-bible-mosaic-nlt/9781414322056