Молитви за пост од Светото Писмо: МозаикПримерок

Пандита Рамабаи (Индија, 1858-1922) Пред неколку години сфатив дека моето верување е само интелектуално - верување во кое немаше живот. Ова верување со нетрпение го чекаше спасението после смртта, и следствено на тоа, мојата душа сеуште не „премина од смрт во живот”. Бог ми покажа колку е опасна мојата состојба, дека бев беден и изгубен грешник, и колку е потребно да се добие спасението во сегашноста, а не во некое идно време. Долго време се каев; станав неспокојна, речиси болна и поминав многу непроспиени ноќи. Светиот Дух ме држеше во состојба во која не можев да најдам мир додека не го најдам спасението, тогаш и таму. Затоа, искрено му се молев на Бога да ми ги прости гревовите заради Исус Христос и да ми даде да сфатам дека навистина сум спасена преку Него. Поверував во Божјото ветување и поверував на Неговиот збор, и кога го сторив тоа, моето бреме исчезна и сфатив дека ми е простено и дека сум ослободена од силата на гревот.
Свето Писмо
Опис за овој план

Овие секојдневни (46 дневни) читања за Постот, адаптирани од Светото Писмо: Мозаик, на едно место ти нудат цитати, четива и стихови кои ќе ти помогнат да го насочиш умот кон Христос. Без разлика дали немаш никакво познавање поврзано со периодот на Постот или можеби го практикуваш Постот цел живот, од голема корист ќе ти бидат библиските стихови но и четивата напишани од христијаните од целиот свет и од целата историја. Придружи ни се нам и на црквата низ светот додека го насочуваме вниманието кон Исус во периодот кој му претходи на Велигден.
More
Би сакале да им се заблагодариме на Tyndale House Publishers за нивната великодушност во обезбедувањето на Преданијата за Велигденскиот пост извадени од Светото Писмо: Мозаик. За да дознаете повеќе за Библијата: Мозаик, посетете ја страницата: www.tyndale.com/p/holy-bible-mosaic-nlt/9781414322056