Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 2:1-10

Ефесјаните 2:1-10 MK2006

И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови, во кои живеевте некогаш според жи­вотот на овој свет, согласно со кнезот на воздухот, односно на духот, кој сега дејствува во синовите на неверието, меѓу кои и ние сите некогаш жи­ве­евме според телесните желби, из­вр­шу­вајќи ги похотите на телото и на помислите, и по природа бевме како и други­те, чеда на гневот. Но Бог, Кој е богат со милост, поради големата Негова љубов, со која нѐ засака, иако бевме мртви поради гревовите наши, нѐ оживеа во Христос и нѐ воскресна со Него и нѐ постави на небесата во Христос Исус, за да им го покаже на идните векови преизобилното богатство на Својата благодат во добрина кон нас преку Христос Исус. Зашто по благодат сте спасени пре­ку верата; и тоа не е од вас – туку дар Божји! Не е од дела, за да не се пофали не­кој. Зашто ние сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела што Бог ги предодредил уште од порано да живееме во нив.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Ефесјаните 2:1-10

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност