Молитви за пост од Светото Писмо: МозаикПримерок

Молитва од Дитрих Бонхофер (Германија, 1906-1945)
О Боже, рано наутро извикувам кон Тебе. Помогни ми да се молам; и да ги насочам моите мисли кон Тебе; тоа не можам да го направам сам.
Во мене има темнина, но со Тебе има светлина; јас сум осамен, но Ти не ме оставаш; јас сум слаб во срцето, но со Тебе има помош; јас сум неспокоен, но со Тебе има мир. Во мене има горчина, но со Тебе има трпеливост; јас не ги разбирам Твоите патишта, но Ти го знаеш патот за мене. . .
Врати ме на слобода и оспособи ме да живеам, за да бидам одговорен пред Тебе и пред луѓето. Господе, што и да донесе овој ден, Твоето име нека биде прославено.
Амин.

Свето Писмо
Опис за овој план

Овие секојдневни (46 дневни) читања за Постот, адаптирани од Светото Писмо: Мозаик, на едно место ти нудат цитати, четива и стихови кои ќе ти помогнат да го насочиш умот кон Христос. Без разлика дали немаш никакво познавање поврзано со периодот на Постот или можеби го практикуваш Постот цел живот, од голема корист ќе ти бидат библиските стихови но и четивата напишани од христијаните од целиот свет и од целата историја. Придружи ни се нам и на црквата низ светот додека го насочуваме вниманието кон Исус во периодот кој му претходи на Велигден.
More
Би сакале да им се заблагодариме на Tyndale House Publishers за нивната великодушност во обезбедувањето на Преданијата за Велигденскиот пост извадени од Светото Писмо: Мозаик. За да дознаете повеќе за Библијата: Мозаик, посетете ја страницата: www.tyndale.com/p/holy-bible-mosaic-nlt/9781414322056