Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Молитви за пост од Светото Писмо: МозаикПримерок

Devotions for Lent from Holy Bible: Mosaic

13 ДЕН ОД 46

Зависност

Не е тајна тоа дека нашата култура ја цени независноста. Иконичниот Осамен Каубоец е американскиот херој. Но, нема да помине долго време пред Осамениот Каубоец да живее во јамата на мизеријата. Дури и нашето општество во кое е вкоренет ставот: „Можам сам“, многу брзо претпостави дека изразитата изолација на Сеунг-Хуи Чо (сторителот на масакрот во Вирџинија Тек 2007) беше причината поради која неговата тешка несреќа стана незабележана и на крајот доведе до трагедија.

Од самиот почеток на приказната на нашата вера, осаменоста на Адам е недостаток со кој може да се поврзе целото човештво. Но создавањето на Ева како пријателка и Божјото постојано интервенирање во човечката историја преку лични односи, покажува дека сме создадени за да бидеме суштества кои се поврзуваат со другите.

Иако врската не бара од нас да ја жртвуваме својата независност, таа нуди дар за исполнување на нашите непотполности. Во такви моменти на слабост, ние ја сфаќаме силата на зависноста од другите.

Опис за овој план

Devotions for Lent from Holy Bible: Mosaic

Овие секојдневни (46 дневни) читања за Постот, адаптирани од Светото Писмо: Мозаик, на едно место ти нудат цитати, четива и стихови кои ќе ти помогнат да го насочиш умот кон Христос. Без разлика дали немаш никакво познавање поврзано со периодот на Постот или можеби го практикуваш Постот цел живот, од голема корист ќе ти бидат библиските стихови но и четивата напишани од христијаните од целиот свет и од целата историја. Придружи ни се нам и на црквата низ светот додека го насочуваме вниманието кон Исус во периодот кој му претходи на Велигден.

More

Би сакале да им се заблагодариме на Tyndale House Publishers за нивната великодушност во обезбедувањето на Преданијата за Велигденскиот пост извадени од Светото Писмо: Мозаик. За да дознаете повеќе за Библијата: Мозаик, посетете ја страницата: www.tyndale.com/p/holy-bible-mosaic-nlt/9781414322056